Научив дека не секогаш постарите знаат се , дека понекогаш е подобро да премолчиш , но понекогаш и да покажеш заби . Научив дека треба да почитувам , за да ме почитуваат . Научив да делам совети , но и да побарам совет .
Сакам да се заблогадарам на тој што е одговорен за моето зачленување на форумов. Мислам дека се зачленив баш кога треба. Форумов изминативе неколку години ми беше ко родител. Ме научи на многу работи од секојдневниот живот за кои мојата генерација, а и пошироко воопшто не е свесна. Многу мислења тука влијаеа на мене и оформувањето на мојот карактер. Некои членови тука ги чувствувам поблиски и од луѓето околу мене. И да, научив многу.
Учам дека во глобала со ваква младина, па и доста од постарите и веќе родители - има надеж за човештвото А за останатите, дека стварно е точна онаа старата „на човек на сила можеш само да му земеш, не и да му дадеш“ кога се работи за памет
Го научив истото што го учам и додека комуницирам во реалниот свет. Само што тоа од тука е ставено под друг назив, во случајов под "разно" RUN
Бавно учам, а и кратко време сум на форумов, сега-за сега, ништо ново не научив Спојлер Секакви има тука како и во РЛ
Јас сум ептен нова на форумов,па тек почнувам да учам. Ќе чекам да пројде подолго време,па ќе донесам заклучок дали нешто сум научила или јок.
Сполај ти на коментарот. Инаку не е толку трагично на форумот, постојат и такви форумски ликови кои ти е интересно да ги читаш или да ги прашаш за нешто. Штета што некои многу буквално ги сфаќаат работите и одма се лутат па почнува да се крева нервозна атмосфера. Затоа често знам да ги земам во предвид надворешните фактори кои на некој начин влијаеле пред да се вклучат на форумот и да ги истурат тие нервози. Битно да сме живи и здрави сите. ФМП
Update после 2 години : - има премногу озборување на форумот , премногу се интересираат форумџиките за туѓ живот не само на некоја позната личност , туку и сами меѓу себе се боцкаат една со друга во темите. - за жал и на форумот како и во реалниот живот Македонецот не знае да живее и да си помага , штета , само кога би зеле пример од Албанците како си помагаат , а нашиве на еден форум се делат и не сакаат да се дружат еден со друг, а не пак во реален живот. Лошо со поделбата, многу лошо. И после некоја година ако чујам на вести дека одбрале Албанец за премиер на Македонија, нема да ми биде чудно од што се поддржуваат и држат меѓу себе, а не ко нашите кои се двојат. - лицемерни форумџики е полно : не знам како може некоја да ми се обраќа со зборовите "мила", "душо" на некој рандом пост кога ме цитира ,кога ниту си имам муабет со неа , ниту сум блиска. Е затоа е најдобро сеир од страна . @Dadusicka паметна одлука, подруго е од страна ко ги читаме
Го развив трпението, да не влегувам во бесмислени спорови и конфликти. Добив виртуелни пријатели, поддршка и совети од нив какви што не сум добила ни од моите ,,реални'' пријатели. Добив место на кое можам да се искажам во секое време, еден вид филтер, дневник, место на кое ги изразувам чувствата и мислите без страв. На последно место, но не и помалку важно, место за занимација и интересна активност за слободното време.
Научив доста работи од типот дека не секој е онаков како што се претставува, и дека лесно може да се изглумат убави и добри намери, со затскриени планови. Меѓутоа од форумов добив и прекрасни искрени пријателства какви што не очекував дека би стекнала тука, и ми се огромна поддршка во животот