како функционира женскиот ментален склоп и што да подобрам за да имам хармоничен однос со секоја жена, а и како да се престројам кога ќе сфатам дека претходниот модел на однесување што дотогаш функционирал, сега си го изгубил стариот сјај....како да им го разнообразам и зачинам животот и кога да притиснам, а кога да попуштам за човек да не е мекотел ама да не е ни бараба...ама највистинито од се е дека и покрај се што видов и прочитав, дојдов до заклучок дека и жени и мажи не знаат што сакаат во поголема или помала мера...постои една градација на поголема неосвестеност и несигурност кај мажите, а истите карактеристики ги имаат и жените ама во помала количина од мажите...така што мажите пак се тие што треба да дојдат бар на едно приближно ниво на ментален склоп со жените..и најбитно за мажите што треба да знаат...колку и да мислиме дека сме ги разбрале жените, тоа е невозможно зошто и тие самите не си се разбираат...нема да згрешиме само ако ги љубиме без да ги разбираме...тоа е рецептот..бар така ми се чини...ако грешам нека изгорам
Добив: - караници со будали, поточно ненормални празнеа фрустрации врз мене додека јас дискутирав - простор за тепање време и досада бидејќи не користам социјални мрежи
Искрено, не дојдов овде за да научам нешто. Првата мотивација беше темата анксиозност и видов колку уствари луѓе се борат со тоа, ама го искажуваат само на форум. Тоа ти е некако како групна терапија и мислам дека функционира. Втората мотивација беше темата вработување, испадна дека сите горе-долу истите проблеми сме ги имале, ама да повториме, во живо за ова никако. Башка, мило ми е дека конечно се пишува отворено за фирми, кои се и какви се и мислам дека треба се да се споделува без страв. Е после тоа, почнав да си ја посетувам темата за љубовни совети и не дека дознав нешто ново, ама се ми се чини дека дејтингот е мртов тука. Али има пак нешто позитивно, а тоа е дека сепак повеќето сме се освестиле. И исто како Аргентина погоре, и јас ја имав несреќата да се расправам со будали, каков речник и безобразлук, да те изеди туѓ срам. Ама пак ќе речам, не можи се позитивно. За крај, има многу позитивни страни форумов, ама ако не го користиш пречесто, само онака за тепање време.
Се запознав на форумов а после и во живо со едно прекрасно суштество што мислам дека го знам цел живот,и ми беше најголема поддршка кога мислев дека сум на ивицата од амбисот,можеби патиштата некогаш ќе ни се разделат ама никогашш баш никогаш нема да го заборавам.
Бриши ова, глупости. Туку ова, Не дека не го знаев и пред тоа, ама тука дефинитивно е уште позастапено дека се храбро насобрани вакви профили, храбро позади тестатури.