Фер е ако учиш, да најдеш соодветна работа. Фер е ако вредно работиш да имаш добра плата. Фер е ако си добар и не лажеш и другите да се такви спрема тебе. Ама, живото за некој не е фер... колку и да се труди и бори, саму му враќа шлаканици.. не е фер. Ама, кој да те сфати...
Здраво Мислам дека оваа случка на која случајно присуствував ќе ни докаже дека многу работи во животот и општеството не се фер. Додека изнервирано си чекав во мојот Мерцедес да се тргне "глупакот" со комбето од комунално што ми го блокира патот прво го видов комшијата кој го сметав за "чуден" како несебично им помага на работниците да ги соберат ќесите ѓубре, а потоа видов како еден од работниците на возраст од околу 30тина години најде не отворено Поп Кејк, и беше прерадосен. Буквално како дете што се радува на играчка и им се фали на другарчињата, и тој се радуваше на Поп Кејкот и им го покажуваше на колегите со вистинска и среќна насмевка. Не можам да ви ја објаснам реакцијата... Среќа. Човекот го зеде Поп Кејкот го стави на седиштето напред и се фати позади на комбето спремен да тргне. Си помислив колку сме ние луѓето одвратно суштества, вклучувајќи ме и мене. Додека ние фрламе "глупости" кои сме ги купиле без проблем и ги фрламе без да ги пробаме, носиме или користиме, некој сонува за нив. Ќе си речеме абе еден Поп Кејк 10 денари е, без пари. Ама на некого и тие 10 денари му значат. Луѓе немаат за леб а ние фрламе и работи многу повредни од Поп Кејкот од 10 денари. Промената почнува од нас. Ќе ве замолам да почнеме да сме луѓе. Се што ви е мало, тесно, широко или "непотребно" донирајте го. Некогаш на некој што гледате дека не му е баш сјајна ситуацијата, поклонете му нешто, бар еден Поп Кејк. Верувајте за нас е 10ден ама за нив е многу повеќе. Мораме да си го смениме општеството, ама почнувајќи од самите нас. За нас е ништо а за некого е се. Т.Т.
Многу нешта се фер, но не значи дека ако се - ќе те снајдат. Фер или нефер, не зависи секогаш од нас.
Сум за фер плеј увек, ама и секоја смисла фер плеј мислам.Ама реетко тоа, бар ја сум имала и лоши искуства, ти си фер према некој, а тој некој пробува да те заебе, или ќе те заебе.
Со оние со кои што си најфер најостар нож ќе ти заријат, али не ми доаѓа памет изглеа, сакам правда и сакам кога сум фер а најмногу мразам кога тоа не е испочитувано.
Како тие со мене, така јас со нив. А инаку самиот живот не е фер, ама што ќе правиш, се трудам во мој досег да ги направам работите поправедни.