Поентата на животот е: да им веруваме на чувствата, да ги користиме шансите, да ја губиме и наоѓаме среќата, да ги цениме спомените, да учиме од минатото и... да сфатиме дека луѓето се менуваат.
не право тоа што не сакаш да ти прават, биди лош за да те ценат и сакај се најмогу себе, па после сите останати, само неколку можат да ти бидат другари-ки другите се пријатели, новите познанства не ги мешај со другарство, биди реалист со мали фантазии, земи се шо ти се пружа еден е животот . . .
има многу животни правила и изреки и сите тие се многу точни, но тешко е да се применат и запомтат. Јас имам едно едноставно Животот е како ти ке си го наредиш
Според мене животот ни е еден роман , чии страници ние треба да ги испишеме, секако тоа што еднаш ќе се запише на страната не може ниту да се избрише ниту да се искине. Се раѓаме и не сме свесни дека тоа што го живееме се вика живот, после некое време сфаќаме всушност што е тоа живот и какви лекции ни приредува, се запознаваме со животот и сфаќаме дека всушност се она што сме го замислувале како мали е сосема поинаку од нашите размислувања и сфаќаме колку животот може да биде суров. Животот е да знаеш да станеш толку пати колку и што ќе паднеш, да знаеш да застанеш цврсто на свои нозе и да се избориш со сите незгоди кои ти ги приредува самиот тој, да знаеш да ги пребродиш сите проблеми. Животот е сурова реалност, која треба да се прифати и живее на начин на кој најдобро знаеме и можеме.
...Сигурно не е она што сме мислеле дека е додека сме си играле со барбиките Како и да е, сепак ни е најубавиот подарок.Секој ден носи нова шанса да доживееш ново искуство,а секое ново искуство ти ги дефинира правилата по кои ти ке ја играаш животната игра. Како и да го живееш својот живот,сепак најважно е да не го губиш човечкото во себе , и како што некој паметен си кажал АКО ЖИВОТОТ Т И ДАДЕ ЛИМОНИ,ТИ ДОНЕСИ ТЕКИЛА
Мислам дека темата би требало да гласи - Што според вас претставува животот? бидејќи секој го гледа од различен агол. Според мене животот претставува една голема игра исполнета со многу изненадувања, шанси, разочарувања, препреки, среќни и тажни мигови...како изминуваат годините и како расте искуството - стануваш подобар играч.
Што е животот? Животот е патека која треба да ја поминеме,која некогаш е широка и лесна за поминување како автопат,а некогаш е тесна и трнлива.... Во суштина додека се обидуваме да сватеме што е животот,тој веќе поминал...затоа треба животот да го живееме баш онака како што сакаме и како што нам ни одговара.Не треба толку да се оптоваруваме и филозофираме туку да уживаме.
Моето мото во врска што животот е : „Живеј го секој ден како да ти е последен бидејќи не знаеш што ќе ти донесе утрото“ или пак „Не мисли за вчера - тоа е минато , ниту пак за иднината - таа допрва доаѓа - мисли на сегашноста и живеј го животот на свој начин според твои правила каде ти ја имаш главната улога“
Дефиниција за животот не постои и никогаш нема да се најде, тоа е едно необјасливо дејствје на планетава.
Животот е еден и затоа треба да го изживееме како што сакаме, за кога ќе дојде крајот да имаме на што да се сеќаваме, кон што да се осврнеме и најважно од се, да нема каење.
Животот е еден. Доколку го потрошиш на небитни личности и на работи што не сакаш да ги правиш џабе ти е... Животот треба да се цени, а не да се зема здраво за готово како што ние го земаме често. Сите сме дошле на светов со некоја причина и сами сме одбрале како ќе живееме и каде, сме го одбрале тоа за да научиме нешто што не сме го научиле во минатиот живот. Наше е да откриеме која е нашата причина што сме тука. После неколку години кога ќе седнеш да си размислуваш сваќаш дека уствари многу време си потрошил на тотално небитни работи кои ниту те исполнувале, ниту ти значеле.
Според мене животот е една долга патека со многу падови најважно е да продолжиме да одиме со глава крената горе и да не гледаме на грешките што сме ги направили бидејќи секој може да згреши, а простувањето е човечко. И треба да го живееме секој ден како последен бидејќи знаете како викаат ДЕНЕС МЕ ИМА УТРЕ ЌЕ МЕ НЕМА.