животот е убав за оној кој знае да го живее, среќен живот нема, има само среќни денови, трудете се да гледате оптимистички на сите работи, без лошото неможе да се доживее доброто, без солзи нема среќа ..
животот според мене е сон..!! секој сонува за подобар живот..!! за да ја откриеш тајната на животот прво треба да се разбудиш..!!
Животот е лавиринт во кој нема патеки за назад... Животот е премиера, нема реприза. Тој е премногу краток, заминува в миг, затоа живеј го својот живот и бори се за своите цели. Животот нè учи на грешките, да не тагуваме по изгубеното, да не жалиме за спомените. Животот е еден и единствен. Понекогаш е суров и тежок, полн со предизвици и искушенија. Непредвидени ситуации во кои сме учесници, неми сведоци или обични смртници. Животот е како прочитан роман, но со голема разлика, во романот можеш да се вратиш на најубавата страница, а во животот не можеш да се вратиш на најубавиот ден.
равенка со многу непознати,ако го вклучис разумот полека ке ја ресавас,ако си упорен ке успеес а ако си убеден дека тебе не ти оди математиката никогас нема да сфатис дека ресението е во твоите раце !Ти одредувас на кој начин ги дозивувас проблемите и ситуациите во зивотот. Според мене е полн со предизвици,полн со авантури,патесествија,љубов и фала богу проблеми кои мозам да ги ресам.Само здравје да имам се друго сама ке си го земам! абе вреди да се зивее
Додека мислиш на минатото и додека ја планираш иднината тоа што поминува е ЖИВОТОТ затоа тоа што ти се пружи земи го веднаш, и никој не е поважен од самиот ти
Животот е размислување-размислувањето - клуч на моќата Животот е љубов- Љубовта - привилегија на боговите Животот е љубезност- љубезноста -отворање на сите врати на патот кон среќата Животот е читање- читањето - темел на мудроста Животот е работа- Работата - цена на успехот Животот е смеење- смеењето- музика на душата Животот е игра која мора да ја играш
-Животот е како паричка. Можете да ја потрошите како што сакате, но ја трошите само еднаш. -Животот е можност, искористи ја. Животот е убавина, восхитувај и се. Животот е блаженство, вкуси го. Животот е сон, оствари го. Животот е предизвик, излези му в пресрет. Животот е должност, исполни ја. Животот е игра, играј ја. Животот е ветување, исполни го. Животот е тага, надмини ја. Животот е песна, пеј ја. Животот е борба, прифати ја. Животот е трагедија, соочи се со неа. Животот е авантура, осмели се на неа. Животот е среќа, создади ја. Животот е премногу скапоцен, не уништувај го.
Животот е збир на етапи, низа на лоши и добри моменти...Живееме за да создаваме спомени и ја постигнеме животната цел - да бидеме среќни!Да ја откриеме љубовта и одново и одново да се заљубиме во животот...тој ќе знае да ни врати.
Предмалку видов една тема за која почнав да размислувам од различни гледни точки.. темата беше блиску поврзана со бесмртност па ми даде голем број „под-теми“ во главата за размислување меѓу кои беше и вредноста на животот и неговото значење. На животот гледам како доста скапоцен поклон. Нели, често пати бил споредуван со зборот „игра“, и за тоа како почнуваме од полето старт пробивајќи го патот со надеж дека играме правилно. Јас лично само што „проодев“ од тоа поле. Досега доста пати сум била поразена, сум победувала, грешела, експериментирала, но ништо од тоа не успеало да ми се вовлече под кожа и да ме порази.. Поточно не сум дозволила, бидејќи сето тоа претставува процес кој ме води еден чекор поблиску кон созревањето. „Неуспешните“ експерименти со кои сум се соочувала, се исто така дел од патот кон успехот. Е сега, исто така често пати сум била разочарана од човечката психа и погрешната претстава за среќата. Погрешно го толкуваат значењето на среќата. За некои, тоа е заштедување на еден милион, за други ослободување од непотребните 3 килограми.. Јас сум дете со прилично тешко детство, ситуацијата на моите родители со која сум се соочувала секојдневно ме наведе уште одамна да сватам дека за да всушност бидам среќна треба и дома се да ми е океј. Добро, не само дома секако, сега мојата среќа зависи и од уште луѓе кои ми се блиску до срце. Сакав да кажам дека до некаде бев принудена за прерано созревање и соочување со реалноста. Е сега, секој човек сам си ја гради својата реалност. Јас, лично, го поседувам авторското право врз сценариото на мојот живот, кое сега засега(со оглед на моите 15 години), не е исполнето ни до пола. Моите родители се секако вклучени во него, но тие можат само да ги искажат своите мислења и ставови а од мене лично зависи како ќе го проживеам животот. Во една книга прочитав реченица која остави впечаток за мене и цел живот ќе ја паметам: „Животот е ваш достоен противник и вие исто така сте достоен противник на животот“. Се се врти околу тоа или превземи се во свои раце или препушти се на судбината.
Си го сакам животот.И животот го сметам за нешто прекрасно,што не се опишува,а се мери со воздишки што ни го одзеле здивот. И затоа се обидувам да го живеам секој ден најубаво што можам,да го правам она во кое уживам,и да го поминувам со оној што го сакам.Се обидувам да живеам вистински,да научам,да тежнеам кон вистинските вредности,да се борам до крај за она што го сакам,да љубам.Да ја барам вистинската среќа и да бидам исполнета.Секако дека се соочувам со порази,падови,загуби но сето тоа го сфакам како пречка кон успехот,до вистинските вредности кон кој тежнеам.Така да за мене животот е убавина и претставува само миг помегу две вечности.И затоа се борам за она што го сакам и уживам во секој добар момент.
Животот не е филм или серија, да ја вратиш сцената. Да си ги исправиш грешките и да продолжиш понатаму.. Тука нема каскадери, секој кадар го играш самиот и не, не ти е платено.. Туку ТИ плаќаш, ако погрешиш! ♥ (се извинувам ако имам исто мислење со некоја феминка.)
ЖИВОТОТ Е : најголемата вредност на овој свет вредност која треба да се негува богатство кое треба да се чува тајна која треба да се пронајде химна која треба да се пее борба која треба да се прифати љубов во која треба да се ужива тага која треба да се надмине убавина на која треба да и се восхитува и задача која треба да се заврши.