Животот е комплексен процес на последователни реакции на молекули и групи на молекули, кои се одвиваат во одреден временски период (горната дефиниција беше резултат од мојата моментална инспирација) Инаку - ЖИВОТОТ Е ПОДАРОК ОД БОГА.
Животот е патека по која чекориме а по која никогаш не се вракаме назад, секогаш чекориме нанапред, во некои случаеви го менуваме правецот на движење но никогаш не се вракаме назад.
Животот е премиера без реприза. Животот е роман на кој не се врака на најубавата страница. Животот е голема река. Животот е билет за најголемата претстава. Животот е најголемото богатство. Животот е паричка.Можеш да ја потрошиш кога сакаш но знај тоа е само еднаш. Животот е можност треба да се искористи. Животот е сон треба да се оствари. Животот е игра се игра. Животот е песна се пее. Животот е среќа која се создава. Живоот е кучка и потоа умираш. Животот е странски јазик и сите луѓе погрешно го изговараат. Животот е тоа што ти се случува додека си зафатен со други работи. Животот е зоолошка во џунгла. Или еве една која кажува се Животот е живот бори се за него.
Животот е здив, еден и вреден, до толку што едноставно не вреди човек да го помине својот живот замарајки се со работи кои се недостојни за внимание.Треба да знае истите предвреме да ги процени, мудро да ги согледа во целина и да знае како кон истите да реагира.Делумно од нас зависи, затоа треба истиот да се чува.Секое наше невнимание си го прави своето, бидејки многу нешта не произлегуваат туку така сами по себе.Животот, знае да поставува пречки, но човек треба да знае како истите да ги надмине.И толку многу е кревок, што може во секој момент да го снема.Животот не е играчка, туку е нешто што треба сериозно да се разбере.Колку повеќе човек внимава на него, толку подобро за него.
Животот е игра во која нема победник, тест на личноста, исполнет со искушенија, замки, прашања без одговори, испреплетени меѓу доброто и злото, и тагата и среќата..
Процес низ кој минуваме откако ќе се всадиме во јајцеклетката на мајка си, и трае доволно за некој да не запамети. Си имаме привремени мама и тато, дада и бато, баба и дедо, а всушност сите сме деца на Универзумко и целиот овој бескраен простор е наш дом. Ето тако ја то људи моји
Живот е кога одиш навечер в кревет,се будиш наутро и сфаќаш дека си жив.Трчиш под туш студената вода да ти го разбистри умот.Ти заѕвонува поштарот да ти ги даде сметките,тогаш ти проработува адреналинот,го вкучуваш телевизорот а таму пропаднати политичари,тогаш ти скока притисокот,слушаш бургијање од комшискиот стан....свариш кафе и пуштиш некоја музика како седатив,се смируваш,ширум ги отвораш очите и излегуваш од дома да го обавиш тоа што ти е на дневен ред за тој ден.Надвор те дочека сонце,жагор на луѓе,брчење на автомобили и поулавени мотори...се насмевнуваш за себе,и тогаш ти заѕвонува мобилниот и некој ти посакува убав ден... :geek: