1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што е за вас секси?

Дискусија во 'Секс' започната од Lady.Rose, 18 април 2011.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Секси ми е начинот на кој отвара шише вино и ми става во чашата...Кога ќе се разбуди и онака полубуден ќе ме привлече до себе...Кога со поглед ти кажува дека те посакува...Таа негова саркастична насмевка...Кога е облечен во одело :inlove: ...Кога во гужва ми шепоти на уво...Кога е лут (али не на мене :) )...Кога се смее од срце...
     
    На hermosa и hunny-bunny им се допаѓа ова.
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Маж со предизвикувачка насмевка и поглед кој сјае и ти се чини дека крие нешто. Секси ми е маж кој е педантен. Добро среден. Може да ме излуди маж во бела, распетлана кошула, црни панталони, рачен часовник задолжително и нежен машки парфем. (атлетски тип по можност :angel: )
    Секси ми е маж кој се грижи за сопственото тело (не да е преопседнат со тоа, па да се депилира 2 пати неделно :D ), а не маж кој само ждери и пие како смок. :D Секси ми е маж со манири, маж кој е комуникативен и мистериозен истовремено.

    А жена? Хммм... пред се, секси е онаа жена, која се чувствува секси. Како што кажа некој претходно
    (не се сеќавам добро кој член)
    не е важно да има длабоко деколте и минич што ќе го поттурнува на секои 5 минути. Жена што е полна со самодоверба, што знае да носи високи потпетици. Жена што знае со поглед да го добие тоа што го сака.
    А не со голотија. :)
     
  3. salty.dreams

    salty.dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Самоуверен и доминантен маж. Културен и зрел за годините!!!
    Цврсти мушки раце околу мојата половина, шепотење, бакнежи по врат, ласкање :D
    Секси ми е коа се вприпива за мене додека спиеме, или коа ќе ја испоплетка неговата нога со мојата (ако ми студи). Секси ми е коа еден убаво граден набилдан висок маж си ги става скрстени рацете и му доагаат до израз мускулите. Секси ми е неговата насмевка. Секси ми е коа шета по пешкир низ дома после бањање. Секси ми е секој маж што е отворен и знае што сака, секси ми е секој маж што ќе ми ги исполни фантазиите во кревет! И уште ред други работи, ама нема место и време толку на форумов ;)
     
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ставот, држењето на телото, да биде самоуверен и да зрачи со самдоверба, да има силни раце па кога ќе ме зграбчи...и да биде висок и складно граден, убава насмевка и очи кои имаат некој посебен сјај.

    Никогаш не ме палеле нечии стомачни, бицепси или трицепси толку колку што може да ме запали нечиј поглед, намевка или само еден „обичен“ допир.

    А за женско, секси ми е пак самодовербата, да знае да го „носи“ своето тело, со сите маани и доблести, да биде опуштена но и одмерена, да биде добра и мила но помалку и дрска. Да носи облека која открива доволно за да потикне желба само кај некој, а не цел кафич да ја зјапа ко да е вонзјемнанин.
     
  5. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Се согласувам со оние на кои најбитен им е ставот, погледот и самодовербата. Како што кажаа Пирамида и Теодора оној кој ја поседува просторијата без ни малку да се потруди затоа што едноставно е таков. Исто така ме влечат помалку дрски мажи. И секако ако нема убави раце ништо од претходното не ме интересира и се пропаѓа во вода :) Чудна сум знам :)
     
  6. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Ставот држењето на телото пред се,потоа самодовербата,рамењата,усните,погледот,насмевката! ;)
     
  7. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    исто и јас се согласувам со нив :)
     
  8. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Кога му зборувам и не ме гледа во уста да мисли како се бакнувам,туку ме гледа во очи. Оноа,дрско.

    Гласот. Колку што може да ме излуди убав машки глас,ретко нешто друго.

    Да,добра уста би ми завршило работа. И ако е висок. Што знам,слабост ми се високи машки. Самиот факт дека е висок пи создава некои вибрации таму доле в планина. :D

    Секси ми е кога некој маж знае дека е убав и знае дека сите го гледаат и не може да остане незабележан,а сепак не прави ништо посебно. Само се насмеал.


    Овоа ми е онака општо за мажите.

    А за жена..

    Жена и секси. Па неизбежно е да ги споите тие два збора за да има логика реченицата. 8)

    Косата,погледот,лицето. Лицето посебно. Обожавам да гледам убаво женско лице,повеќе работа ќе ми заврши отколку добра цицка. :D
    Средени раце,нокти... Дали и стои цигара ако пуши и како ја држи чашата ако пие.
    Како се смее. Дали оноа вештачки за да му направи атер на тој другиот или се смее дека и е стварно смешно.
    Гласот исто како и кај мажите.
    Убава кожа ми е секси кај жената. Убава ми е за гледање.

    Многу ми е секси негувана жена. Таа што се погледнала во огледалото пред да излезе од дома,што го забележала тоа едно влакно горе кај веѓата,и сеа,едно е,али ептен квари впечаток. Се враќа и го нема влакното. :) Таа што обрнала внимание на облеката,да не изгледа ко кловн. Која е средена,чиста,намирисана.

    За атрибутите како што се градите и задникот,не коментирам. Секси ми е добра нога. И рамења исто како и грб. Јас дека сум малку поширока во рамењата,сакам кога гледам тесни рамења и грбче такво.

    Жената сама по себе ми е секси.

    Знам,требало да сум машко. Шо се не изнакажав за жениве,а? Али тоа е. :D
     
    На Magnolija и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Па многу работи :)

    Дупчињата на половината и јамички на лицето :inlove:
    Палам се на секси глас и на маж кој добро мириса.
    И многу се палам на мажи со виткани коси. Добро де и на другите :devil:
    И мажот најмногу е секси кога работи нешто и кога целосно е внесен.
    И убаво си напишала Ерика Јонг - Генијалноста е најсилен афродизјак 8)
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    немој да заборавиш еден многу вазен детал а тоа е црвениот кармин :)
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Па сигурно не ми се секси оние кои тресат газиња и сите други атрибути во раперски спотови. :puke:
    Ми се чини дека од таквите ми се отсака и голотија и деколте и се'.
    Less is more.

    Кај девојките ми е секси убава и негувана коса и умешноста да кокетира без притоа да е свесна дека воопшто и ја бидува за тоа.
    Не изнасилено, туку природна насмевка и шарм кој покорува.

    Кај мажите погледот на прво место.
    Очите и погледот откриваат се' за еден човек.
    Самодоверба, но до одредени граници и поткована со ум и интелигенција.
    Самодовербата некои ја интерпретираат со надуеност, ароганција како начин да го скријат своето незнаење и глупавост, па тие ми се одбивни и за ќотек.

    И маж што знае да поправа низ куќа работи. :)
    Handyman. Со онаков појас за алатките кои ќе знае да ги употребува.

    И ете така полугол да ми поправа по дома.
    [​IMG]
     
    На Pacifist, sofijanoka, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    За мене секси женска е некоја што знае да го истакне своето тело без да се разголи( пример носи фармерки штикли и сл.) исто мора да е добро нашминкана да биде висока и слаба.... а секси не ми е некој наклукан со стероиди |( сакам нормално тело на спортист :lol: :lol:
     
  13. LadyIvvy

    LadyIvvy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    773
    Секси е кога ќе знаеш да се носиш со се што имаш на себе, да си задоволна од себе, самоуверена...... таинствениот самоуверен поглед е секси..хм...не ми е секси премногу набилдани машки...се што е претерано за мене е...бљак
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    И во обата случаи, хуморот и дрскоста кога треба.
    За жал,кај женскиот пол малку поише отсуствува,со тоа што...освен порно секси, друго ретко да најдеш или пак тешко проаѓа.
    Шта ќеш...
    Секси мушко ми е кога знае да готви и при тоа не се фали со истото,туку изненадува. Мислам гледам у тренд е да се прифалуваат,она као порано жените се фалеа,денес укапираа дека се пецаат жени на таков мамец,буквален и ајдеее,сите шеф сале и кујне и све станаа. Марш! Неќу така! Јас ништо не знам да готвам,си го раниш и еден ден,оп,малиот знаел да готви,ти го пуни мешето. Секси ми е и кога знае да се движи во ритам,ааау како секси,дури и повеќе од готвењето. Секси ми е кога ми го фаќа и ритамот на живот и учи кога сум напорна,кога се зезам,кога има пролаз да ме заебава,е моментот кога се заебава на мојата нервоза и почнувам да се смеам е СЕКСИ! Зошто тоа е моќ бре! Моќ! Секси ми се смирени мажи со самоконтрола врз се и оп,од еднаш откачуваат во позитива!
    И така...секси е глуп израз за дефинирање.
     
    На kikikikirika, M.B., sofijanoka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Да, голотијата не е таа што некого прави секси. Убаво рекле, жена да е и закопчана до врат ако поседува сексапил ќе се забележи тоа. Тоа е нешто што се поседува но не физички, тоа е особина, нешто што го имаш во себе. Некој поглед, став.
    И кај мажите е така некако. Секси ми е кога има некоја харизма, шарм, има машки со заносен, секси поглед. Секси ми е подлабок глас. Малку брада. Рацете. Стомачни ама не премногу да се познаваат, се што е претерано ми е одбивно.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.160
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1463812759773.jpg
     
    На Dadusicka, Desi1991k, Hristov и 2 други им се допаѓа ова.
  17. diskreten32

    diskreten32 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    3.039
    Пол:
    Машки
    Nacinot kako odi kako gleda
     
    На stetoskop, Dadusicka и Herrera им се допаѓа ова.
  18. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Погледот :emo:
     
    На Mr. Right и Herrera им се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Секси е убав маж кој не манипулира со тоа. И убава жена такоџе.
    Негувани и паметни особи ми се многу секси.
    Физички хм, држење на телото, насмевка и ноншалантност.
     
    На cresa-jagoda, Desi1991k, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Начинот на кој зборува, гестикулации, боди ленгуиџ со еден збор. Не премногу фасадирана фаца, значи минимална шминка. Ги сакам и трепките кај девојките, минимално извиткани а не како пајаци да имаат на очи.
    Физички: коса од рамена па надоле, средна големина на гради и задник.
    Не сакам и кога се ептен разголени и на изволте. Некои жени никогаш нема да научат дека за да бидат секси и привлечни не мора да бидат голи. ;)
     
    На cresa-jagoda, Herrera, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.