1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што е најважно кај едно литературно дело?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 31 октомври 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Бидејќи на форумов има доста читатели/ки и приврзаници/чки на различни видови литература би сакала да споделиме искуства што според вас е најважно да поседува едно литературно дело за да ве трогне - дали тоа е самата приказна, стилот и нарацијата, можеби маестрално опишаните ликови и внатрешни доживувања или надворешни описи на пејзажи и културно-историски или тековни политички и сл. прилики?

    Веројатно би било најидеално делото да е склоп на се‘ горенаведено, меѓутоа реално тоа често не е така некои автори повеќе обрнуваат внимание на некои за сметка на др. од карактеристиките.

    Еве, јас ќе говорам од свое име за мене најзначајно е прво, колку е обрнато внимание на самата обработка на ликовите и нивниот карактер и темперамент и др. одлики кои ептен ни го доближуваат што поцелосниот психолошки профил, внатрешните размислувања и мотиви за било какви постапки и дејствувања и второ, стилот и самата нарација значи паѓам на автори кои имаат уникатни стилови, смислуваат нови кованици на зборови и реченици и создаваат такви мисли од кои застанува здивот, имаш бура на емоции која знае длабоко да те потресе и да те натера да се расплачеш неутешно како мало дете или да се превиткуваш од смеа до солзи и кај кои нарацијата едноставно лизга без никаков напор и ништо не може да ми го одвлече вниманието . Ете самата приказна сама по себе без овие елементи колку и да е необична, мене не ме допира баш онака вистински, а во однос на оние описи на природата и општествените прилики кои често знаат да се извор на корисни информации и знаења често ако траат и траат чиниш до бесконечност низ делото ми предизвикувале и долгометражно зевање :tmi: .

    Што е она што е пресудно кај вас?
     
    На BeYourself, Trendafilka, MarchelineAmaru и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Мене приказна како приказна воопшто не ми е важна. Според мене, вистински писател е оној што ќе успее од некоја најобична, секојдневна приказна да направи врвно дело.
    Многу е просто, ако приказната е на пр. како сонцето изгрева за обично литературно дело тоа ќе биде сонце како сонце позади некој рид. А за да биде тоа врвно литературно дело - ќе биде спектар од бои, тие и тие чуства, таков и таков потиг, означува почеток на ден, нечиј нов живот, нечиј роденден...
    Ова е пишано во метафора и немојте да ме сфатите буквално.

    За мене да ме заинтересира некое дело потребно е игра на зборови, сплет на околности, тук таму некоја тропа, но ништо претерано!
    И мене, како на Теодора ми е важна обработката на психолошки профил, навлегување на ликовите, нешто како во стилот на психолошки реализам. Поради ваквите детални анализи многу ги почитувам Толстој, Достоевски, Балзак и Џон Штајнбек.
    Ценам добри quotes, обично книгите ме се цели поцртани со моливче, за да си ги имам некаде мислите на страна. Почитувам уникатен стил и многу ми се допаѓа стилот на Петре. М.Андреевски, Буковски, Ерика Јонг затоа што си имаат свој личен и претпознатлив стил. Ако за Андреевски тоа е употребата на дијалекти и разиграниот стил, за Буковски тоа е цинизмот и болната за искреност, кај Ерика Јонг е контраверзноста.

    Очекувам од некое дело да ме возбуди, да ме вознмири и откога ќе ја затворам книгата да ме облее чуство на катарза. Знам дека е добро тоа дело кога ќе го завршам и не знам тогаш што да правам со животот :D
    Битно ми е писателот да биде присутен и битно ми е делото да е полно со емоции.

    Можеби мислењето малку ми е оксиморонско пошо напоменав дека сакам тропи и писателот да е тука, па ги спомнав и Блазак и Толстој. Ама книгите не ги судам според литературниот правец :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.211
    Пол:
    Женски
    Обработката на ликовите е многу важна. Ако ликовите се неизградени доволно, се премногу површни, немаат никаква психолошка длабочина, јас не би можела да се поврзам со ликот, ниту пак да си создадам некаква замисла за него, па ни приказната не би ме привлекла.
     
    На Tanjamm и elimkd им се допаѓа ова.
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Во целост се согласувам со Теодора .
    Дополнително - и литературното дело како и самиот човек треба да се одликува со некаков темперамент , да биде детално а не нафрлано ,да биде јасно а не апстрактно па кој како сака да си го сфати ,да нема вулгаризми ,како Бадемот на Неџма ,недолично е да се нарече литературно дело!
    Има милиони начини како да се опише страста помеѓу две индивидуи уметнички ,а за улично секој знае да си каже ,нели?
    Мора да има изобилство на зборови и фрази ,неограничено ,да има леснотија во пишувањето ,а не како една реченица да била мислена 100 дена.
     
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Пред се, детална обработка на ликовите. Ако неа ја нема, не можам да го сфатам ни целото дело зашто просто не знам каков е ликот.
    Речениците убаво средени, јасни и прецизни, не да не можам да сфатам што сакал да каже авторот. :D
    Потоа содржината. Џабе ми е да го има сето ова горенаведено, ако содржината е без врска.
    Исто така, важен ми е и описот на настаните. Но, не само нафрлани информации за случувањето, туку со игра на зборови доловена ситуацијата.
     
  6. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Приказната не ми е пресудна. Темите на светов се неколку и цела историја на литература тие се вртат, љубов, војна, семејство итн, ама во различен период и општествени прилики поинаку се обработуваат. Битен ми е начинот на кој авторот се справува со истите, како тој ги доживува и опишува со неговиот инструмент - зборот, зашто сите знаеме да пишуваме, ама не и да се изразиме.

    Длабока анализа на лик, копање по психологијата на ликот и одење во детали - не лежат секому. Не му држи на современиот човек толку концентрацијата. Мене ми се допаѓаат такви дела, иако е карактеристика на минати ака за денешниот народ "досадни" правци, ама кој колку разбира, не се сите за книга. Таков е новиот живот, се нема време за ништо, камо ли да седнеш и да читаш страници и страници опис на соба/фустан/состојба на лик. Што е можно побрзо и инстант обработено - подобро, да би можеле да се фалат како читаат и читаат луѓето. Јас па оваа новата генерација автори не можам да ја сварам, искрено.

    Се наоѓа квалитетна книга дури и меѓу средношколските лектири, ама ко за инает не им` се чита на деца. :geek: И после не знаат ни запирка кај се става.
     
    На Mila04 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Стилот на пишување.
    Може да се пишува за нешто сосем банално, а да ме привлече и да ми остане во сеќавање, ако начинот на кој е отсликан ликот / настанот / приказната е магичен.

    Стилот според мене треба да поседува длабока леснотија на изразување.
    Убаво спакувани реченици, фин начин на пишување, да освојува на прво читање.

    Да ве тера да ги вртите страничките со возбуда и неизвесност, да си подвлекувате реченички и пасуси и да се восхитувате на тоа колку добро се скроени истите.

    Неретко и добрата, инвентивна идеја за приказната е важна за едно литературно дело, ама пак ќе кажам, ако е скромно и бедно напишана, со лош избор на зборови, паѓа се' во вода.
     
    На crazylady, Meggy, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Пораката и белегот што ке ги остави писателот врз читателот.
     
  9. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Според мене најважно кај едно литературно дело е писателот да успее да го задржи вниманието на читателот до самиот крај. Потоа стилот на пишување и не натрупаноста на премногу настани (Прво на памет ми паѓа „Клетници“- Виктор Иго кое го исполнува овој критериум)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Најмногу ми е битна приказната, можеби затоа и покрај солиден број на прочитани книги јас сепак не умеам да се изразувам 'уметнички' затоа што често деловите кај што се објаснува нешто ''небитно'' по мое мислење нели, го читам летимично, набрзина, површински, а се задржувам на главните елементи на приказната...Можеби не сум вистински читач, но не можам да читам страници и страници каде се објаснува дел од природа пример или изглед на куќа каде е детално опишан секој ќош, секое делче без разлика дали е магично претставен, ме заморува едноставно...
    Длабока психолошка анализа на ликовите-да, тоа најмногу ме интересира и ми го задржува вниманието, а често од нетрпеливост знам и да си го ѕирнам крајот, но без разлика, тоа не ми ја скратува возбудата при читањето...
     
  11. Lyanna

    Lyanna Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    18
    Добро дело треба да има совршен склоп на стил, приказна и ликови. Секако, во денешно време имаме само по едно од овие, ама некои ретки книги можат да се пофалат со сите овие
     
  12. The.girl.in.pink

    The.girl.in.pink Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    13
    НАЈважно ми е да не биде претрупано со детали.Зборам за се буквално се да опишува,бидејки тоа знае да ми стане и досадно..А важно ми е да не се префрла одма-зборува за една личност и веднаш почнува за друга,тогаш ке се измешам и книгата станува глупа..Да биде се како една реченица..Да неможеш да се стрпиш за да продолиш со читање..
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Многу ми се важни ликовите, посебно ако има некој лик со кој јас можам да се идентификувам, во него да пронајдам особини слични на моите, случки кои се слични со оние од мојот живот, едноставно да се пронајдам самата себеси. Така автоматски и книгата ми станува поинтересна за читање.
    Од ова произлегува дека и приказната не ми е помалку важна, да има нешто што го задржува вниманието. Значи, умешност од било која тема да се направи интересна, привлечна приказна, а книгата да се чита во еден здив.
    И на крај, ништо без добра поука, порака што ни ја носи делото, нешто што ќе те натера да размислуваш.
     
  14. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Вредноста на книжевното дело се мери со бројот на сликите што ги предизвикува во секунда читање. - Љ.К.Бочваров
     
    На Tanjamm и elimkd им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Пораката, начинот на кој е тоа напишано, стилот, придавките, описите, најважно е да не понесе самата приказна.. :)
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Кај едно литературно дело, најголем впечаток ми остава стилот со кој е раскажана содржината и описите на ликовите, местата, настаните, така што, тоа би го нагласила како важно. Освен тоа, многу важна е и пораката која авторот сака да ни ја пренесе. После читањето сакам да размислувам за делото и поуката. :)
     
    Последна измена: 24 август 2017
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Препознатливост на темата и пренесените пораки. Тоа е она што прави класик од едно дело.
     
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Стилот на пишување и изграденоста на ликовите, испратените пораки низ содржината и непредвидливоста на дејството.
     
  19. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Стилот. Но и содржината да биде балансирана. Возбуда и здодевност. :)
     
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Да те збогати како човек.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.