Многу едноставно прашање кое би требало сите да си го поставиме Што мислите вие што поседувате во вас..нешто што ве прави поразлични од сите други ? ако е дупла темата навистина се извинувам
Поразлична ме прави тоа што сакам да правам други луѓе среќни Поразлична ме прави тоа што можам со секој да се прилагодам. Поразлична ме прави тоа што работите ги согледувам од многу аспекти. Поразлична ме прави тоа што можам да се жртвувам за некого. Поразлична ме прави тоа што сум премногу емотивна
Претераната искреност (и не си ја сакам особинава). Од мојот поширок круг на луѓе ме прави поразлична тоа што се интересирам за работи кои девојките во моја близина не се интересираат, на пример, филозофски прашања за настаноко на светот, масони, религија, наука, јога и медитација, математика, шетање сам во природа, собирање школки на плажа кога сите се забавуваат, читање на некоја чудна азиска литература што и азијците не ја читаат, моето прочуено уникатно возење автомобил, влегување во дискусии за политика, секогаш ама баш секогаш што одам сама на црква, тоа што секогаш имам книга во близина, што претерано многу губам предмети и уште многу слични работи.
Се! хохоох -Тоа што премногу верувам на другите -Тоа што постојано зрачам со позитивна енергија дури и кога сум тажна -Тоа што кога ќе засакам некоја личност безразлика колку и да ме повредува ја сакам -Тоа што сум премногу искрена -Тоа што можам да направам се што ќе посакам -Сето она на што сум подготвена да го направам за тие што ми значат -Способноста да се смеам кога ми се плаче -Способноста да ја скријам вистинската јас
мислам дека тоа што секогаш го кажувам она што го мислам никогаш не оговарам туку кажувам во очи шо имам и поради тоа мислам дека колку ме ценаат толку и ме мразаат но јас барем не озборувам казжувам во очи и јебига то је то
Откако знам за себе така се чувствувам.Многу поразлична од другите. Тоа не значи дека многу се ценам туку некако не можам да се вклопам во овој свет полн со дволичност и лаги.Се се случува со една цел , да искористиме некого .Се си мислам дека мојата искреност ми е аномалија од која ги плашам лугето.
-Тоа што сум голем хедонист. -Тоа што сум издржлива личност. -Тоа што не сум преемотивна и не плачам за ситници, како што тоа го прави речиси секоја девојка. -Тоа што знам премногу да филозофирам. -Тоа што знам да пишувам и да се занимавам со цтање.
Тоа што гледам прво на другите да им угодам,а потоа на мене.Првенствено туѓата убодност,а потоа мојата.И те како ме иритира таа моја особина.
Искреноста и укажувањето помош на секој и во секое време , тоа што сите мои маани и недостатоци не ги сокривам едноставно сум природна не можам да глумам, пред секој во вистинско светло се прикажувам а знам не треба
Мојата голема трпеливост ме прави поразлична од другите. Ми се восхитуваат како сум толку сталожена и го чекам мојот момент. Нема потреба од брзање,трпение-спасение.
Хмм..можеби тоа што премногу мислам, филозофирам и најмногу од се анализирам. Животот сам по себе е толку едноставен, а за оние кои премногу му ја мислат може да биде доста тежок. Всушност, понекогаш премногу мисли и податоци во главата не чинат за здравјето
Тоа што сум премногу искрена, отворена, добра. Тоа што ги почитувам сите околу мене, со никој не се карам, со убаво разговарам. Тоа што им помагам на сите кои ме побарале, никому не сум свртила грб. Тоа што сум вегетаријанка, си живеам поинаков, поуметнички живот. Тоа што сум спортувам, филозофирам, читам книги. Воглавно е ова. Денес не треба многу за да си поинаков. Само биди добар, искрен, доволно е...