Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што е успех?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tanjamm, 18 ноември 2021.

  1. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Да бидеш задоволен од она што го поседуваш и имаш, притоа не мислам само на материјални работи, туку и на семејство, пријатели....
     
    На Цобра и calm-girl им се допаѓа ова.
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.566
    Пол:
    Женски
    За секој е различно..
    - за некој да добие дете/деца
    - за некој семејство да оформи
    - за некој кариера
    - за некој многу пари
    - за некој да најде богат маж/жена
    За мене е успех да имам среќно дете, да се чувствува слободно, домот да го чувствува за топло место каде секогаш ќе има љубов, грб и разбирање. Во мене да гледа освен мајка, најдобра другарка на која секогаш ќе се довери. Ако се ова бидам во главчето на моето дете, не ми треба поголем успех. Ако домот му е место од кое му се враќаат нозете назад, џабе ми се дипломи и факултети, пари, можам слободно да ги запалам.
     
    На Цобра, MissChievous, calm-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Water555

    Water555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2021
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Успех е да го немаш дефинирано зборот успех и да можеш спокојно да живееш со тоа. :)
     
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Секој си има цели и замисли за својот живот. Ако за готвачка е успех да ги омажи и ожени децата и ете и се остварило Good for her, кој сме ние или Фросето да се исмеваме на тоа.
     
    На Andrejaaaaaa, OmilenataZaNego, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Успех е кога знаеш дека си работиш перфектно без никој да се пожали и ќе дојде некој кој три чисти нема у глаата и ќе збори против тебе демек со најдобра намера. Ќе си пукне од мака дур не те сруши. Е тоа е успех, се друго е гола вода.
     
    На Teofil, calm-girl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Rioers

    Rioers Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.730
    Пол:
    Машки
    За мене среќата здравјето и љубовта се се. :l:
    Успех не носи среќа.
    Среќата носи успех.
    Затоа смеј се, сакај од срце и живеј! :hug::hug::hug:
     
    На Andrejaaaaaa, MarijaMi90, TashSefton и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Јас би се осеќала успешна ако сум здрава, жива,и среќна заедно со моите најсакани. Да имам работа што ќе ми обезбеди пристоен живот, да имам топол дом и деца со љубовта на мојот живот. Да имам мирен и спокоен живот.
     
    На Guns N` Roses, Tanjamm, quattro и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Успех е да успееш да ја исполниш цела душа со добрина и да нема во тебе ни грам злоба и гнев.
    Успех е да успееш да замолчиш и тогаш кога знаеш дека си во право.
    Успех е да успееш да створиш фамилија.
     
    На st-el и quattro им се допаѓа ова.
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Машки
    Најголем успех е да се биде среќен, среќен покрај најблиските бидеќи само заедно и сплотено се успева во сѐ. Успех е кога ќе успееш да ги оствариш своите желби и замисли во кои си вложил труд. Успех е кога ќе усреќиш некој. Успех е кога ќе имаш топол дом исполнет со љубов, почит и дечиња со насмевки.
     
    На Tanjamm и calm-girl им се допаѓа ова.
  10. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.180
    Пол:
    Женски
    Да живееш здрав начин на живот, да се храниш здраво, да спортуваш, да бидеш способен за свој сопствен бизнис, да вработиш луѓе да работат за тебе, да имаш фамилија да има утре ден некој да биде со тебе и во добро и во лошо :hug:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Одлична тема, уште одамна размислував за да ја отворам истата.

    Успех е најверојатно да си задоволен со постигнатиот резултат во животот, уствари за секој е индивидуално, нема конкретен одговор.

    За постираната слика поназад, грешката е во тоа што некој друг го дефинира успехот на одредена личност.
     
    На Guns N` Roses, Snow-Star, MarijaMi90 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    (y) Скроз!
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Eдна моја повозрасна колешка вака го дефинира успехот „Имам изградено куќа, тоа е реалност, факт и се гледа. Тоа е мој успех. Имам две деца, добри се, паметни, се образувале, тие се денес вредни луѓе, со семејства и тоа е факт и тоа е мој успех. Сум напишала книга, таа се гледа, опиплива е, и тоа е успех“. Се сложувам.

    И се од тоа што спомнавте е успех. Да ти биде удобно во своја кожа, да се отарасиш од токсичност, да бидеш среќен и да го цениш она што го имаш.
     
  14. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Нема ништо поуспешно од успех! 8)
     
    На MarijaMi90 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Успех за мене нема врска со родителство, бракови и приватни работи. Секој со два грама мозок знае правилно да одбере луѓе добри за него и да воспита дете, а тоа што многумина не знаат е оти популацијата е оглупавена, што не значи дека попаметните ги одликува називот успешни.

    Не знам која е границата помеѓу она што се нарекува личен успех, и констелацијата на надворешни фактори (а и генетика), али ај, успех е да бидеш квалитетен во сето она што го работиш. Успех е да те памтат и спомнуваат откако ќе те нема. Да станеш богат е успех, но притоа да останеш ЧОВЕК е уште поголем успех. Да оставиш вредности зад себе кои го надминуваат материјалното богатство, оти твоето богатство никој друг нема да го памти и ползува, освен тие околу тебе.
     
    На Zavisnaodblago, Teofil и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627

    Успех е да те памтат и спомнуваат откако ќе те нема.

    Oва ми се допаѓа, но мнозинството граѓани не оставаат некој печат позади себе, по кој ќе бидат споменувани со години и децении. На мал дел ова им успева.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Накратко и општо гледано, успех е да ги оствариш своите желби, планови, цели кои инаку се разликуваат од човек до човек.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    Душевен мир.
     
    На Guns N` Roses, Need for Speed, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mr.Lover

    Mr.Lover Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    1.028
    Пол:
    Машки
    успех е секој ден да ти биде како премиера :~:
     
  20. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Успех е да не подлегнеш на сопствената огорченост и фрустрираност, на суетата и самобендисаноста.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.