Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што е успех?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tanjamm, 18 ноември 2021.

  1. t.a.m.

    t.a.m. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2021
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    218
    Успехот е она кога нешто што посакувате сами ќе се изборите за тоа...
     
    На Sweetymk, eliesaab, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Shelby

    Shelby Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Машки
    Успех е сам да стигнеш до врвот и целта која си ја имаш поставено во животот.
     
    На eliesaab, Tanjamm и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  3. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Да задржиш личност која што ја сакаш повеќе од себе си.
     
    На eliesaab, Tanjamm и Need for Speed им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.440
    Допаѓања:
    24.927
    Сфатив дека успех е човекот што сум.

    Карактерот, менталитетот, принципите, моралните вредности, позитивноста, здравите навики, цврстата самодоверба, спокојната психа, сè што сум јас каде и да сум, со кого и да сум, во која ситуација и да сум.

    Сè материјално е убаво, ама е безначајно, се крши, се расипува, се губи. И нешта, и пари, и работа, и позиција, и статус.

    Па и луѓе.
    Денес сте си тука едни за други, утре не.

    Џабе ти е сè ако ментално патиш, ако си алчен, завидлив, злонамерен, нарциосоиден, искомплексиран, исфрустриран, секогаш незадоволен, агресивен, насилен, осудувачки настроен, полн со омраза и огорченост.

    И џабе е сè ако си слаб, лесно се повредуваш, те мачат туѓи мислења и зборови, се опседнуваш со туѓи постапки и животи, се споредуваш со други, се осеќаш неспособен, немаш мир и раат.

    Успех е да бидеш спокоен.
    Успех е стабилно да се носиш низ животот.
    Успех е сам себе вистински да се почитуваш и да се вреднуваш.
     
    На Badii, Tinaaa, Hagar и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Dignidad

    Dignidad Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Релативна работа и за секого различно. За некого успех е да најде убава работа, за некого да основа семејство, за некого да купи скапа кола и тн.
     
    На Anaroz1, DS10 и Realist1 им се допаѓа ова.
  6. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Успех е да разбереш некои работи и да живееш со истите, да не се љутиш ако се повторат пак.:D
     
  7. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.436
    Допаѓања:
    3.364
    Пол:
    Машки
    Успех е кога на последниот миг од својот живот, кога ќе се присеќаш на минатото, си среќен и со насмеано лице.
     
  8. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Успех е да си среќен во животот.
     
    На Badii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.440
    Допаѓања:
    24.927
  10. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.533
    Пол:
    Машки
    Е нема точна дефиниција што е успех, за секој е различно. За мене успех е да го постигнеш тоа што те исполнува и што ќе те направи среќен.
     
  11. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Да се контролираш и надминеш сам себе.
    За мене материјалното не е успех, скап телефон, кола, куќа, јахта.. Порано ми беше, сеа кога имам скоро па се шо сакав, сфаќам дека успех е да извојуваш победа во борбата со себе си.
    Успех е да извадиш дете на прав пат, да направиш човек од него, да му пружиш безгрижно детство, да го воспиташ правилно.
    Успех е и да не се срамиш од своите постапки, да не крадеш.
    Успех е да си вистински среќен и исполнет.
     
  12. Badii

    Badii Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Машки
    Da zhiveesh zhivot po svoja mera i da se vodish po sopstven kompas niz zhivotot, da se pronajdesh i da zhivish ispolnet zhivot vo site negovi aspekti. Da ne zavlezesh vo zabluda i da postignesh mnogu na finanskiski plan a pak da se chuvstvuvash prazno, neispolneto i neuspeshno, mnogu denes krivo go definiraat uspehot i sve e svedeno na materijalnoto.
    Uspeh e da otkriesh shto za tebe e uspeh.
     
    На Milaaaaaaaaaa и Tanjamm им се допаѓа ова.