Собир на луѓе, музика, храна, алкохол. Кафана/ресторан или журка по дома/бар ми се најсоодветни за славење и за убав помин. Ем ти е весело ем можеш да се видиш со луѓето и да си направиш муабет и сето тоа. На пример заради тој аспект диско не ми е соодветно за прослава, скроз се губи поентата на поводот. Секако треба да има барем малку гужва, не мора премногу луѓе, ама со двајца без тројца ми е само одбележување(не дека има нешто погрешно во тоа, и јас најчесто само така правам), но не и прослава.Седење во парк со алкохол исто не го сакам како начин на прослава, парк ми е за шетање, ама седење на клупа и пиење искрено го сместувам во категорија на активности за тинејџери.
Ќе се надополнам оти ги прескокнав овие прашања од воведот: Не мора да е кафана, може да е дома, може само пијачка во кафиќ, може да е ручек или вечера во ресторан. И да, секако дека не мора задолжително алкохол да има. Возрасните претежно алкохол пијат, ама ако некој не пие не значи дека не прославил или пропуштил нешто. Ко што си пишав, било каква собиранка чија причина е да се одбележи нешто, е прослава, без разлика дали е со или без храна, алкохол, музика.
Кафана/кафиќ/изнајмен простор, алкохол, добра храна, музика и весели луѓе. Ова е прослава според мене.
Славење е она кое ги вклучува сите битни лица.Не е славење она кај што има пијанчење и кога некој кој е сметан за или треба да е сметан за битен не е присутен.Тоа е брукање и покажување непочит кон лицето кое е исклучено од прославата. Нормално славење е без или со малку алкохол и битните лица да се присутни(гледано од темата, мајката на детето). Не е битна кафаната.Секаде каде што има услови може да се слави.
За мене славење е кога тоа го споделувам со мои блиски и сакани луѓе. Радоста секогаш сметам дека треба да се подели и сподели. Алкохол да, затоа што сум љубител, но со граница. Место сеедно се додека луѓето ми се таман. Дали тоа ќе бидат големи или мали забави ми зависи од филингот и моментот така што не се ограничувам. Настрана од ова би прокоментриала дека нешто што не ми се допаѓа е луѓе што отишле на такви забави (биле поканети) и само мрчат. Де музиката не им се годела, де јадењето, де не биле по играњето и само така дремат. Ако си таков, најдобро е да си седиш дома и сосема е во ред да кажеш “Извини, не можам да присуствувам”. Секој има право конкретно за свадба, крштевка и што ти знам уште што, да си покани 50, 100, 300 луѓе и мислам дека никој не треба да си зема за право тоа да го осудува. На крајот на се кога сме гости треба да сфатиме дека таму сме за домаќините на настанот и да го направиме нивниот ден уште поубав.
Според муабетиве, славење е прослава со блиските т.е интимна прослава Па се чудам, од кај ондак толкави свадби? Или свадбите не се прослави? Или па глумите лудило по форуми На крајот на денот, секој си прави како сака и ниту еден начин не е исправен или погрешен. Зависи од луѓето, карактерите итн... Не гледам поента од темава, оти кај и да е ќе почнете да се убедувате дека вашиот начин е исправен и ќе отиде по ѓаволите како и многу други теми каде што си ги мерите
Прослава може да биде и мала собиранка на балкон, а може и свадбишта и џумбуси у ресторани, зависи кој колку внимание бара. Јас не сакам големи прослави, со непотребен народ, еднаш да ги видам во живот, на моја прослава. Не сакам ни свињосувања, одвратно е. Мене најубавите прослави ми биле со најблиските, луѓе кои го сакам.