Што би претставувала совршена жена , хмм би кажал пред се некоја што знае што сака. Амбициозна жена со поставени цели во животот со кој нема да се откаже кога некој дебил како мене ќе и дојде во животот, снаодлива и паметна, некоја која можеш да направиш муабет и да ти е убав денот, девојка која и да ти гази на живците и да те нервира често пак ќе ја сакаш и ќе и простиш , бидејќи едноставно како да не го направиш тоа. Некоја што ќе знае како да се однесува пред твое друштво , што нема да те контролира и љубомори ако си отишол до продавница без да и кажеш или си погледнал некоја друга што трчала на кеј, што нема да те изневерува со комшиите и пола маало, некоја со основна култура ,што ќе има почит кон тебе и твоите родители. Некоја што ќе те сака без разлика на твоите карактерни недостатоци. Али пред све , девојка која знае што сака од животот.
е вака значи, за некој да ми се допадни мене, најпрво МОРА ДА БИДИ УБАВ И ДА ИМА СЕКСИ ТЕЛО (искрено, кој неки таков ), потоа -да има одлична смисла за хумор -да го следи моето темпо -добро, да биди добар (универзал) -да биди одличен во кревет -СИТНИ очи -потеме тен -повисок хехе сеа некој обавезно ќе рече многу бараш
Да ме сака со сите мои мани,да не е болно љубоморен,да ми го прави денот убав,да си донесуваме заеднички одлуки,да нема забрани.... е таков си имам доолго време и сакам уште мн долго да сме си заедно
Совршен би бил некој кој би знаел да ме расположи кога сум тажна, да биде покрај мене и во добро и во лошо, да не е претерано љубоморен, да не е женкар и да ме сака само мене Да биде секогаш искрен, добар и да знае да ме почитува.. Физичкиот изглед е помалку важен во однос на карактерот, но би било супер да има кафеави очи, убава брада, повисок од мене и добро градено тело
Ne postoi sovrsenstvo ama koga bi postoelo bi bil vakov: Intelegenten ambiciozen zabaven verwn human Da saka zivotni a fizicki kako bonus visok ubava nasmevka beli zabi plavi oci bel ten Kosa site boi hahahaha da ne e nabildan sredna tezina moja vozrast plus do 6 god max i toa e toa
Тип шо има карактер како прво, чуства, самодоверба. ИСкреност. Да знае шо е почит, внимание. Физичкиот изглед не е толку битен, битно е одвнатре каков е, да биди човек Да знае да ислуша и да се искажи. Тип со цели во животот, да знае шо сака. Црн
Па искрено би се задоволила со некој што ке биде со отворен ум кон секакви можности и амбициозен да ги реализира истите до крај, изглед не е толку битен ако имам некој искрен до мене со кој ке можам до пеколот и назад и да знам дека тука ке биде за да ми го чува грбот како и јас него. До самиот крај. Некој со кој ке можам да поместувам и бришам граници. Издржлив пред се.. и светот е наш. Спојлер И нека биде добар в кревет.
Да биде 180cm минимум, убава фризура, слатка насмевка, слаб и висок, не ме привлекуваат набилдани амаа ич. Да има смисла за хумор, да биде саркастичен, ама не премногу, лојален нормално, да му бидам на прво место, да биде амбициозен, да сака животни, ии тоа углавно. Пуу го опишав мојов, освен што не е мој и к го боли за мене... ахх бе
Јао, тек сега гледам дека јас сум ја отворила темава. Во однос на физички изглед, во последниве неколку години забележувам дека ме привлекуваат црномурести момчиња, со кратко ишишана коса, или уште поубаво мавната на кец ,строги црти на лицето, опуштен стил на облекување, не ги сакам оние стегнатите во сакоа и одела. Ама од друга страна ми се допаѓаат и момци со поголема коса и брада ко на поп, и некои со baby face така да физичкиот изглед не ми е нешто пресуден. Убавата насмевка е секогаш плус, а за телото не ми е нешто важно да се набилдани, ама да имаат убава стегната фигура нели не е на одмет. Карактерно, сакам авантуристи што не им пречи малку адреналин, со некоја луда смисла за хумор, т.н чудни филозофи - да можам на секоја тема да разговарам со нив, опуштени laid-back типови, од друга страна да се чувствителни и самокритични. Ух, ни сама не знам да си ги објаснам комбинацииве. Како и да е, знам што ми се допаѓа кога ќе го видам, а тоа е најважно.
Иако сметам дека совршен маж не постои. ама постои некој кој е приближно до совршенство. Што се однесува на надворешниот изглед сакам високи мажи 1м и 90цм со нормално задржано тело не мора да е напумпан со стероиди и сл. Предност е убава насмевка и глас. Од карактерни особини доволно е искрено да ме сака и почитува мене и моето семејство. Да го разбира она што го работам,да ме поддржува мене заедно со моите амбиции и цели. Да може да ми избави насмевка на лицето и да ми ги разубавува темните денови. Мислам не барам премногу
Интелегентен ✔ амбициозен ✔ забавен ✔ верен ✔ висок ✔ убава насмевка ✔ плави очи ✔ бел тен ✔ да не е набилдан ✔ средна тежина ✔ 10/15 од твоите барања!
Совршен маж за мене вака изгледа: Во однос на физичкиот изглед сакам високи и слаби мажи, со плава коса и сини очиња. Мала ама ептен мала брадичка кај мажите ми изгледа ногу секси и привлечно. Машкото тело го обожавам малку набилдано, не претерано разбира сe ама сепак да се познава дека посетувал теретана. А шо се однесува до стајлинго, ако му е убаво телoто тугај нее битно како се ублечува секако се кје му стое убаво. А карактерно за мене претставува совршен маж некој шо е верен, некој шо се би направил за да дојде до мене на 5мин, некој вицкаст шо има добра смисла за хумор, амбициозен, пун со самодоверба, романтичен, некој шо можам да праам маабет со него на било која тема, некој шо кје ме стварно јако поддржува. А пред се најважно ми е да биде МАШКО у вистинска смисла на зборо, да не кења за нешто шо нее понегово, за некој ситен проблем т.е. да не биде кукавица. И даа ќе забравеех, некој шо нема да ме повреде и нема да дозволе никој друг да ме повреде
Совршен маж Свесна сум дека нема совршеност и дека дедо мраз не постои.. до толку знам, па натаму ... Идеалниот маж за мене... треба да е МАЖ во буквална смисла на зборот. Вреден, интелигентен, амбициозен, успешен, самостоен, грижлив, авантурист, спонтан, смирен, стабилен...макар и најспротивните работи да ги сакаме.. Не можам да бидам со човек што сака баш се исто како мене, монотоно ми е Вреден, затоа што и јас сум, па мразам кога е спротивно на тоа.. Интелигентен, затоа што не можам да бидам со човек со кого не можам да дискутирам на секакви теми.. Амбициозен, затоа што и јас сум, па не е лошо да сме заедно. Луѓе што не се амбициозни ме нервираат. Како некоја алергија да имам Успешен, затоа што се помалку од тоа, не ми е доволно.. Самостоен, затоа што не треба да ме чека мене за да си направи ручек додека јас ринтам како да нема утре за доброто на сите, да не чека да замие 2 чинии додека јас работам итн итн.. Грижлив, затоа што тоа ми е ептен потребно, а го враќам дупло..секогаш. Авантурист, затоа што јас сум крајно забегана кога ми се сите овци на број, авантурист сум и ако не може да ме следи, џабе ми е.. Спонтан, затоа што најубавите моменти во животов ми биле спонтани...сакам и понатаму да е така, а не живот по агенда.. Смирен и стабилен, затоа што и покрај тоа што сум голем авантурист, си ја сакам стабилноста, иако некогаш сум на стаклени нозе, па убаво е да има кој да биде стабилен "со и за" мене.. Од физички аспект.. Само нека е повисок од мене...и нека не е слаб. Пролазна е убавината, џабе е убав ако не е ништо од ова погоре Скромна сум, нели