Не треба да биде совршен доволно е само да е: паметен, грижлив, искрен, љубезен, романтичен, добродушен, несебичен, да знае добро да готви, и да ме прифаќа со сите доблести и маани.
Еве уште една интересна тема каде што ќе ги оговараме машките (п.с. ако има случајно машки што ќе го читаат ова да не се навредат или воопшто да не читаат, не е за нив ) т.е. ќе праќате фотографии од некои машки артисти или актери и ќе зборувате какви се, дали сакате таков тип, таков изглед, дали се убави, а може и без фотографија за некоја личност во вашиот живот што сте ја сретнале и што сте сакале да се запознаете но сте немале шанса, или пак можеби некој имал, или општо можете да зборувате за какви сакате (пр. со сини очи, кафена коса, кинези, јапонци, американци) пример јас сакам дечко со убави заводливи црни очи, несакам многу плави, обожавам со црна коса, или кафена, може и смеѓа,а јас доста имам сретнато такви типови што се по мој вкус. Енрике Иглезиас, за мене е совршен уф.. токму каков што сонувам
Фотографија немам , но ќе кажам каков дечко би сакала ( барем ) да сум запознаела во животов . Висок , со црна коса и светли зелени очи , не многу темен тен , онака мед боја на пример , со 2-3 пирса на лево уше , да слуша Еминем и општо рап , хип-хоп музика , да има стил и да е авантурист
Ме привлекуваат, смеѓи но и со потемна коса и кожа. Зависи од останатите карактеристики. 175 и повисок, убаво тело не многу навежбан туку да има спортски зацврстено тело. Темни кафени длабоки очи, но и зелени не е лошо. Карактер, став и убаво држење на телото. edit: кец шишана коса, да слуша рок и еден пирс на увото, по можност.
А иначе пред се да има добра душа, да почитува, и цени, да знае да сака, да биде паметен, да има карактер, да биде секогаш тука за девојката и во добро и во лошо. Сакам со плави очи, и малце повисок да е од мене.
Ден Стивенс; совршенство ваков посакувам да е мојот иден сопруг и не зборувам само физички туку и карактерно, сум го гледала по емисии и интервјуа вистински џентлемен, интелигентен, open minded.. Љубов!
Да биде добар,нежен,грижлив,да ме сака со цело срце. Да ме почитува, да биде искрен и паметен. Од физички карактеристики да има добродушно лице,да е повисок од мене, да има топли очи и убава насмевка.
Самата идеја за совршенство е различна за секој. Иронично, и покрај толку маани, за мене совршено е тоа што го имам моментално. Го имам оној што го извлекува најдоброто од мене, што не се плаши од моите достигнувања, оној на кого секогаш можам да се потпрам и покрај мојата резервираност но во исто време и оној кој ме остава понекогаш и да се "сопнам" за да увидам дека сум доволно силна.
Совршениот го имам. Уствари, ич не е совршен и чинам таков не постои. Ама мојот, ме издигнува мене, сосема обичната, до степен на совршенство. Иако сум далеку од тоа. Сакам да кажам, сме се прифатиле себе си со сите маани и доблести. Љубов, разбирање, поддршка, почит, доверба е само дел од таквото совршенство. Признавам дека прво паднав на физички изглед. Ама ако не беше тоа што внатрешно е, немаше ни да ни се случи љубов, а од истата, две прекрасни ќерки кои живот ни значат.
Од физички изглед преферирам да е плав со долга коса и сини очи. Не сакам набилдани, обожавам стомаче кај машки. Сакам да е искрен, добронамерен, паметен, да има смисла за хумор, романтичен. Исто така, би било супер ако слуша рок/метал. Па уствари, мојов е скоро се ова освен со долга коса и не слуша рок/метал
... би рекла 3 работи да биде висок, да знае да се однесува, и да има добра машкост во секое време! све друго е бла, бла муабет...
Од страна на физички изглед:Висок,црн,темна коса и темни закосени очи,атлетско тело...Изгледот м е важен ама не пресуден.Од страна на карактер:Да е добар и чесен,искрен,да знае како да ме насмее,да биде мажествен,да биде упорен (јас сум тешка личност,слаб карактер кој лесно се откажува не е за мене),да биде решителен,да ме сака.И можеби една од најважните:Да знае како да ме направи да се чувствувам како најпосакуваната жена на цел свет,макар и за момент. Другото не важно...
Некој што ќе ми биде интелектуален предизвик, доста ми е од типови со лимитирани умови. А од физички изглед...нека биде висок и згоден, со заводлив поглед, as simple as that.
Не знам што имам коментирано претходно сега го променив видокот за маж. Цврст карактер. Висок и згоден.
Не барам совршенство. Така сите ќе ми го загледуваат Општо за мене совршено машко е тој што ќе ме разбира, почитува и цени. За карактерни особини. Физички: висооок (над 180 минимум ), не мора да е развиен нешто ама не сакам некоја соленка како мене или некок во заб што може да ме стави. Очи или кафени или сини Брада може да има, не ми смета.А и да нема не е проблем.
Извинете вака што ви се мешам во муабетот но некои светски статистики кажуваат дека - духовитоста , вие жените ја ставате во топ 3 карактеристики за совршен маж. Читам, многу малце тоа го иницирате за предуслов кон прашањето ; што е за вас совршен маж. Патем, јас ги исполнувам сите карактеристики на совршен маж. + подуховит сум и од малиот Каспер. Совршенство статус SNGL. Мал проблем ; барам совршена жена.
Си го имам Мојот Господин Совршен. Прво ме привлече со карактер, потези, муабет, потоа со убавина. Се што барам кај едно машко ми е склопено во него. Не барам нешто нереално. Доволно ми е да има добар карактер, да ме почитува, да биде искрен - една од најважните особини ми е, грижлив, висок.
Слаб, да има убаво лице, да не е повисок од 180, да не е црн, да има пари и други фактори што тешко се опишуваат со зборови (мислам на она кога луѓето се препознаат едни со други - причината зошто секој не го привлекува секого и зошто е од некој агол излишно да се коментира во вакви теми).