сини очи 10-15 години постар од мене кратка косаили лустер ...неможам да смислам некој со долга коса.
Физички желби нема, или ми се допаѓа или не. Да прифати дека не сум глупава и проста. Да не го мрзи да ми готви навечер. Да не е лигуш. Да знае што е штрафцигер. Да е културен. И пожелно (но, не и неопходно) да е ментално здрав.
Не постојат такви карактеристики што би го направиле совршен, па макар се заборавам од набројување. Ама општо земено, манири и убав третман кон женско се нешто must.
Јак топик нема што!!!Што за вас представува совршен маж?Како прво не постои совршен маж како што не постои и совршена жена.Сите ние сме со некои фабрички маани кога не произведувале и кога сме излеге на овој свет.Секогаш треба тие маани да се сокријат,нормално ако се во границите на дозволеното а она што е убаво да се негува и да се воздигне.Е сега проблемот настанува кога се бара премногу и се очекува премногу.Најубаво е да човек биде реален и да не се надева на чудесии зошто тоа го има само во бајките.Сепак не заборавајте дека живееме на балканот каде за жал не постои совршен маж,НО има една интересна работа кај нас мажите од Балканот.Знаеме да не се бричиме(за жал и јас сум во оваа група),но знаеме и да се делнеме 2мм под кожа па да личиме како газе од бебе.Знаеме да се развикаме без причина,но и да донесеме цвеке или носење во кафеана без причина(ете бе така ми текна е нашиот одговор).Знаеме да дремеме на каучот во дневна онака,ама и знаеме да станеме па да измиеме чинии и да фрлиме губре,онака.Знаеме да дремеме со саати во гаража,да дојдеме дома маслосани за да по 2 часа да личиме на некој холивудски глумец(такви сме де).Знаеме да заглавиме во кафеана со тајфата,да дојдеме напиени дома и да ги бакнуваме сите по ред вклучувајки го и кучето(ако го имате,а мене ми се има случено,хахахаха).Културата доага со домашното воситување.Одете кај него на гости и само гледајте како тако му се однесува со неговата мајка и се ке ви биде јасно.Влезете во неговата соба и се ке ви биде јасно.А кога сме кај верноста,хммммм е на ова прашање навистина не знам да дадам одговор навистина.Не очекувајте чудесии,не се надевајте на принц од бајките и дајте му време на времето.
Ако бе, нека си сакаат, душички. Краток живот, секој гледа да го помине што подобро и со помалку мизерија.
За да најдеш совршен маж треба и другата страна да е совршена,ама за жал не постои совршенство(тоа во библиотека 2 спрат отсек-бајки и приказни пред спиење)......Секој маж би бил совршен ако другата страна му го овозможи тоа.Но за жал кај нас такви примери веке ги има се помалку....За да добиеш нешто треба и да дадеш нешто,нели.А која е дефиницијата за совршен маж?Да пере,пегла,пазари,фрла губре,чува деца,брише прашина.За жал таков не постои.Освен во иднината ако измислат некој робот.Сега за сега тешко дека ке се случи такво нешто.Велат во бракот и во добро и во лошо.Е па сега ако треба да мијам садови и да бришам прашина тогаш ајде со мене у гаража у канал да менуваме заедно ламела и спона.Сакате да имате совршен маж....нааааааааа...no way Pedroooo Да те престигне?Па нема да трчаш спринт 100 метри...... 2.Да те надмудри?Хмммм...ај не коментирам 3.Да те продухови?Чек да прочитам на Гугл...ова продухови ми делува ко профи духови нешто... 4.Да буде мој краљ?Чек да прочитам на Гугл нешто.....Ааааа краљ бееее.Тоа нешто како крал ама на македонски.А дали си ти негова кралица,а? Многу се бара ама што се нуди е прашањето..... Убав?Хммм релативен поим кој после 30 години и не е толку важен Паметен?Дефиницја за паметен?па никој не е роден глуп Харизматичен?тешко тоа на Балканот Културен?Оди му на кафе дома и се ке ти биде јасно
А за што си ти тука, за да толкуваш мислења? Не ти е јасно што значи паметен? Гледам ништо не ти одговара од напишаното, се прашувам зошто.. Инаку самиот наслов на темата не е во ред бидејќи совршенство не постои, ама еве ќе одговорам што е за мене must кај еден маж . Интелегенција, амбиција, култура, почит, разбирање, верност, искреност.
Совршени нема има само некомплетни машки и женски кои ќе си најдат некој баланс и ќе изградат нешто совршено за нив.
Да не се потпира целосно на фактот што сум женско. Да не ме зема здраво за готово. Напорите да доаѓаат од двете страни, да се среќаваме на пола пат.
Ако ти не ги поседуваш тие квалитети, не значи дека никој не ги поседува и се научна фантастика. Баш напротив, многу се реални. Баш ми е жал што така размислуваш.
Јас не живеам во илузија туку сум многу реален.За жал она што го имаш напишано погоре тешко дека ке го најдеш,за жал!!!! Секогаш нешто ке недостасува,ама пусти мерак да се најде принцот на белиот коњ.Со таа разлика што прво се наога коњот. За да го бараш идеалното треба да се понуди нешто и од другата страна.Дали се чувствуваш дека можеш да парираш на барањата твои или е пусти мерак или неостварен детски сон,можеби? Јас не сум имал ни интелегенција, амбиција, култура, почит, разбирање, верност, искреност но затоа имав прекрасен брак 22 години кој за жал заврши трагично бидејки Св.Петар реши да ми ја земе од моите прегратки. И сега што правиме,а?Подобро за тебе е да се спуштиш малку на земја и да бараш нешто пореално а не нешто што е недостижно или не можеш да му парираш Тенка е линијата помегу реалноста и фантазијата верувај ми.Сите ние понекогаш ја поминуваме несвесно