Јас ако ги немав тие квалитети немаше да бидам во брак 22 години.Туку не се занесував да барам нешто што ми недостижно туку барав она што ми е на дофат на рака. Пак ке речам она што се бара најчесто е или недостижно или е веке резервирано за жал... Слободно барајте го принцот на белиот коњ.Но дали ке го најдете е то е веке друго прашање.... Слободно погледнете ги вашите родители ако нели живеете во нормална фамилија.Слободно погледнете како вашиот татко се однесува кон вашата мајка.Прашајте ја слободно дали бил тој вистинскиот принц на бел коњ.Да да прашајте слободно Погледнете малку во вашата фамилија мажите како се однесуваат кон жените.И се ке ви биде јасно(се надевам) Но за жал младата генерација денес бара нешто што е или недостижно или го нема и исчезнува пополека
Eve da ti kazham, jas so imam pronajdeno svojot "princ na bel konj". Gi ima site kvaliteti shto sum gi posakala ili pobarala nekogash, pa duri i povekje i od den na den me iznenaduva. Majka mi, ako ja prasham, istoto kje go kazhe za tatko mi i go kazhva toa mnogu chesto. Toa shto ti si nesiguren so svojo karakter, pa mora da napagjash mladi zheni i devojki po forumi i da se zhalish od "novite generacii" kolku nechinat, toa zboruva za kakov 'kvaliteten' mazhjak si ti.
@Nikola1967 сакаш да ми кажеш дека овие особини се нереални кај партнер? Амбиција немаш? Значи воопшто немаш никаква цел понатака и никогаш не си се трудел во нешто за да успееш. Култура немаш? Почит? Ги третираш девојките ко ѓубре? Разбирање? Едно нејавување од нејзина страна и готово, раскинуваш Верност и искреност? Ја лажеш девојката нон стоп значи? И? Според тебе што треба да бараме? Или и некој идиот да е, не е проблем, да не испаднеме пребирливи.
Е толку слатко одамна не сум се насмеала. Мислам дека вака последно ме насмеа Бобо со темата Предностите на животот во Маќедоња. Инаку за последново стварно си во право. Да видиме како функционираат повеќето жени од постари генерации по заповед на мажињата и сè ни станува јасно и за синчињата.
Со ова сe' си кажа. Не знам како те сакала некоја ако не си имал од ова ништо. А што имаш? Криви сме ние шо бараме почит, за вас е океј да сте лажговци, безобразни, насилници и тако даље.
Takae!!!11 Што убаво на бабите и дедовците наши нивните дома им местеле и ги вереле со некои што не ги ни знаат, не па да нашле нешто у нив и да се сакаат, и така си живееле и се плоделе без развод да доаѓа ни у предвид... а не ко сега дејтање со критериуми, стандарди, избор дали и двајцата сакаат деца и колку им се поклопуваат светогледите, итн итн Zlatni vremijna...
-------- ------------------------- Лелее... Многу ми е жал за тебе ,, а и за тие околу тебе... немам повеќе што да кажам
Јас веќе го најдов точно она што го барав и она за кое ти тврдиш дека не е реално и не постои! И да, дефинитивно парирам на барањата. Жал ми е за тоа што ти се случило.
Ако плевнеш тебе ти е убав, жал ми е за тебе и за твојот невкус. И не споделувајте импресии за вашите идоли од сељачката тема во секоја друга останата.
Да ме сака, разбира, почитува, поддржува, да имаме доверба еден во друг, лојалноста да му е јака страна, да е амбициозен и интелигентен, да може на секоја тема да прави муабет, да е искрен со мене и отворен. Си го најдов веќе со сите барани карактеристики, не било невозможно значи.
Ги читам коментариве од темата за идеален маж и се прашувам самиот себеси.А бе ние не бевме вакви на 19 години..... На 80% ако не и повеке на сите вас можам да ви бидам родител,бидејки според напишаното се гледа дека пишуваат деца кои допрва почнуваат да го возат патот наречен живот кој е за жал полн со опасни кривини,провалии,дупки,трње,кал,снег,итн,итн..... Дека ке најдете совршен маж посебно во денешницата тоа малку потешко бидејки не постои..... А ако сакате да се залажувате на форумот и да пишувате дека сте го нашле вистинскиот нема проблеми... Јас не живеам во илузија туку гледам со широко отворени очи.Илузијата е нешто привремено кое ке ве однесе на другата страна...... Керка ми е мажена.Ланската година се беше спакувала и се врати кај нас дома.Ја седнав како родител да ја прашам која е причината за нејзиното напуштање и ги поставив следните прашања.. 1.да не почнал да пие-НЕ 2.да не почнал да се дрогира-НЕ 3.да не почнал да оди со жени-НЕ 4.да не почнал да се коцка-НЕ 5.да не почнал д аоди у рикверц-НЕ Е па кај е проблемот?Ми опцу мајка?Аха..А имаше причина?Ааааа ама знаеш он дојде нервозен јас сакав на кафе...И?И ме опци?И ти што направи?Се спакував и се вратив дома.Аха.Е сега како си доѓла така ке се вратиш дома кај мажот ти зошто за едно пцуење не се напушта бракот..... И сега шо праиме,а децааааа?Нема идеален маж за жал.Но знаете што вас ве жалам.Зошто летате многу високо за да на крај паднете многу ниско..... А тоа дека некоја го нашла вистинскиот Mr.Perfect,малку потешко.Ни вашата мајка го нашла,ниту вие ке го најдете,ниту генерациите што следат ке го пронајдат Јас со мојата покојна сопруга се знаевме 60 дена па имавме прекрасен брак 22 години.Имало несогласувања,расправии но сме се бореле до крај да опстане нашиот брак за да после се смеевме на глупостите за кои се расправавме кога беме тазе земени..... Ниту јас бев идеалниот за неа,ниту таа беше идеалната за мене но ете фукнциониравме без проблеми.Имавме разбирање за се Вие сега немате разбирање за ништо,немате трпение за ништо а барата идеално.....Ајдееееееее.... Да биде убав,интелигентен,амбициозен,богат,лојален,верен....А бе ова на Пепелашка цртаниот ми личи.... Има уште фурни леб и кошули да искинете додека да научите нешто од филот наречен живот..... Имајте убав ден каде и да сте.И еден совет...баталете бре тоа телефоните кога ке седнете на кафе.Тоа кафичите личат ко Лас Вегас