Прво и основно да ме почитува,да биде добар татко и сопруг, приземен, да има смисла за хумор, да знае нешто сам да зготви,да биде романтичен и малку зачинет со идиотизам и така натаму...вакви карактеристики за совршен маж може до утре да набројувам. Но едно од најбитните работи ми е: да знае да исчука орев ( не од долу да мава по оревчињата); да умее да набере печурки а не отровни да донесе дома; да умее да реже, копа,прска.... Здравје кога ќе ми дојде ред за одбирање маж ќе го носам кај дедо на тестирање.Дедо ќе го носи во планина и ќе виде се што знае.Ако добро ги владее овие работи ќе биде човек од него, така вели дедо Па и кога би ги поседувал карактеристиките што ги набројав горе добивам совршен маж мада не верувам дека ќе најдам таков
Сега повторно го гледав Сексот и градот, на ФоксЛајв го даваа, нели...И колку и да го форсираат Мр.Биг за идеален, сепак Стив од Миранда ми е Тој! Не зборувам за физчки изгед, ама баш барам некој таков, да знае да почитува девојката да биде независна и во врска, а сепак при мали падови да биде силна потпора (и да не и префрла околу тоа).И сакам такви детињасти типови, Евергрини Барам некој со кој ќе бидеме и деца заедно, и возрасни заедно, кога треба! И ќе го најдам! И нормално, домашно ВАСПИТАЊЕ е клучно! Не ми е јасно како се ожениле момци кои на улица си чепкаат во носот?!
Згоден,плоден и неопходен. Оној што ќе ме сака и ќе го сакам. Критериуми некои цврсти немам, а тие што ги имам се лесно приспособливи. Тоа што ме привлекува е насмевката, а доколку интелектуално ме заинтересира, му паднав в тавче. Не можам да набројам, да биде ваков,ваков и ваков и би бил совршен, зашто јас сум далеку од совршена и мразам совршенство, досадно е. Да ми се вклопи во мојот карактер, ваљда.... Тоа ќе да е... П.С Само едно има што не го сакам, а тоа е педантерија, ама она опсесивна. Имам таков другар, едно време работевме заедно и ми се идеше да го задавам. Синки ако не ја мрдни прашинката на левото ќоше од масата, светот ќе пропадни.
Да ме сака, почитува, да ме смее, да има мозок, вреден, да ми се допаѓа како изгледа и да е добра личност пред се'.
сопругот изгледот ми е битен 40 % карактерот 10000000%,да ме разбира,да ми помага,да...дааа....се што прави мојот сопруг Спојлер ( ни тој не е најсовршениот принц на бел коњ,но многу си го сакам )
Јес да не постои, ама ако ја пуштиме фантазијата да работи ќе го добиеме... -Да ме сака -Да ме почитува -Да не ме изневерува -Да изгледа убаво -Да е негуван -Да има мала појма од мода -Да не јаде манџи или ако ги јаде да знае да си ги зготви -Да знае да си испере и испегла, не да чека се на мене -Да има работно место со солидна плата (и малку повеќе од солидна) -Да знае да ме разбере -Да ми биде: пријател љубовник чувар слуга шеф потчинет возач слушател советник кувар -Да има разбирање за моите проблеми -Да биде посакуван од многу жени, ама да го имам само јас -Да има добра кола -Да има по некое станче низ светов И немој сте рекле многу барам, па ако е совршен нека е совршен...
За мене, јас сакам мажот кој ќе ми биде сопруг секогаш да биде до мене во добро и лошо. Да ме сака и почитува повеќе дури и од самата себе си. Да биде верен, работлив, добар, не сакам мажи силеџии, насилници, мачо типови. А иделаен маж мислам дека не постои и ние женските имаме недостатоци. Ако некој ме почитува и јас него ќе го почитувам. Ама, за жал во ова денешно време тешко да се најде маж, а да не ме излаже. Сепак, верувам дека машките не се такви дека има и добри. Мора да се има надеж. Поздрав.
Да е убав, висок, паметен, да ме сака, да е романтичен, да има по некое станче тук таму, финансиската ситуација да е под контрола, убава количка ... тоа е тоа а најважно е тие 8 личности да не се знаат меѓу себе шала на страна али тоа е тоа што е потребно
Шеф и слуга истовремено не бива а ако многу го бркаат некоја и ќе го фати, биди спремна стално да го имаш на око Таков каков што сакаш нема да најдеш
Да биде чувствителен! Нека се удара во гради пред други, пред мене го сакам таков каков шо е. Не верувам дека ќе љубам некој плиток и скапан. пу пу да не се заречам... Паметен и начитан. Да можам со него да разговорам за други теми освен за нашата врска и стварите околу неа. Да слуша добра музика ми е битно, како и да биде гурман. Човек кој ја сака храната го сака животот! Искрен и добар. Не сакам некои психолошки тортури и да се гонеме. И да има цврста рака за да може да ме партале у кревето
Плукнат јас со пенис меѓу нозе нормално , му нудам веднаш брак, ако треба и на колена . Совршен маж е оној со кој совршено ќе се кликнеме и клакнеме на мнооогу начини, со сите меѓусебни несовршености :geek: .
Ако е иста ко мене бегам на 100 километра само да не ја сретнам . Моја копија во женски облик па тоа има искри да летаат нон стоп, ќе се утепаме и плус две риби у врска загарантиран крах на сите полиња .
Да е добар пријател и добар љубовник. Маж кој знај да ме почитува, да има амбици и цел во животот. Маж со карактер. Маж кој знае да ме насмее, расположи и кога ми е најмповеќе потребен да е покрај мене
Средно висок и со убаво тело.Под убаво тело подразбирам и слаб,и малку по мускулест но не многу развиен.За очи не ми е многу важно дали ќе има зелени,сини или кафени но најмногу сакам зелени .Сакам машки со кафени и црни коси.Ретко некој со плава да ми се бендиса. За карактер сакам да е паметен а не да се прави паметен што е сосема друга работа.Да е шармантен а не само да има празна убавина.Малку романтичен но само пред мене . Самобеднисани суштества кои се прават големи фраери не сакам.Но сепак да има самодоверба и да си ги знае калитетите. Во принцип не постои совршено машко,убавината е во несовршеноста .
Сакам да е висок и да има темен тен, бејби фејс, пред се спортист со едни добри стомачни (да не пуши и да ми зборува 24/7 зошто многу пушам за да ме фати инат да ги откажам). Сакам да е опуштен тип, шеговит, секогаш насмеан и најважно да има добар карактер, за да има разбирање во се Кога зборувам за изгледот, Taylor Lautner е одговорот.