Оффф,секој со својата мака.... Да знае да каже а и да покаже,не ми треба само да вегетира покрај мене,а се да е на мене...
Добар избор. Не ти е лош тој. Допиши таму и да споделува домашни обрски со тебе. Да не биде после само ти чистиш, переш, пеглаш, готвиш и средуваш по дома.
И по можност еве да не биди потполно, делумно со 70% да покрива од твоите хирови и каприци шо ги имаш за шопинг.
Нема поважно од ова. Не е важно да нема недостатоци (впрочем таков и не постои), туку како делчиња од сложувалка да може да се поклопите. Јас искрено стојам односно се стремам да стојам подалеку од : 1. Пијаници. Нема потреба од образложение. 2. Скржави, оти тоа е карактерна особина не однос кон материјално и најчесто истите за туѓо се гребатори. Спојлер Имам кажувано на еден му раскинав оти правеше планови со туѓ имот, а кога раскинавме ми спушти колку ме частел. Фуј. 3. неизживеани лиглевци што се понашаат ко женско да не виделе, манијачат по социјални мрежи жени и девојки што не ги ни знаат. Да се тресам дали ќе погледне некоја друга 4. оперирани од емпатија, на своја кожа многу убаво сум осетила. 5. Мрзливи. За маж не може да е својствена пасивност. Ќе трчи, ќе се труди, нека не е најбогат, нека не работи 2 работи истовремено, но нека трчи, нека се труди, нека знае да стане насабајле. Нема полошо од партнер без занимација. Ќе ја најде на друг начин.
Добар, искрен , да ме сака искрено, забавен, да има смисла за хумор, романтичен, смирен, да не реаѓира бурно во одредени ситуации, да не е насилен, да не е љубоморен.
Sovrsen maz... Iskren ,lojalen, finansiski stabilen ,odgovoren ,da ne e mamino since , ,komunikativen ,humoristicen ,pomalku odkacen ,i pred se da ima karakter....Da ne e nasilen..
Зошто нема тема и за совршена жена или може тука да пишуваме? 100% совршена сигурно не постои во реалност. Во фантазиите кај мене вака е: - Да има пристоен стил, да не се носи како некоја фолк пејачка, да поседува умерени и убави облини, да има убаво и симетрично лице, природна да е, не сакам ни филери во уста - Да не пуши, да не пие, да не користи трава и други дроги - Да има минимум основни познавања од повеќе области, нема да шетам некоја до мене што не знае имиња на главни градови во Европа пример - Да сака да чита, да се надоградува, амбициозна - Да не слуша сељачка музика, да не е некоја што сака да изгледа како оние пластични пејачки во Србија - Да знае паметно да раководи со пари, да има свое јас, да е искрена, верна, да се разликува од мнозинството Изглед би ме привлекол, карактер би ме задржал. Многу малку жени сум сретнал што се слични на мојата замисла, потрагата уште трае.
Ајде вака сега.. Од моја гледна точка, не си единствен пример што го имам сретнато, да имаш критериум за жена со која сакаш да бидеш во врска/ брак. Совршени не сме никој, во претходните примери како критериум имав слушнато - да знаела девојката да зборува на 7 јазици... До кои размери одат луѓево. Не ве критикувам што имате такви свои правила, во право си можеш да запознаеш било каква ама не можеш да си со секоја. Мое мислење, додека си поставуваме вакви критериуми никогаш нема да стигнеме до она што го посакуваме, гледајќи ги критериумите кај секоја една по нешто ќе ти фали..Кај мене само една проверка имам направено и ми се има докажано дека е точно - Пронајди човек и дај му време да се покаже, стави си 5 клучни работи или карактеристики, на секој прст по една, 3 од нив да ги поседува, тоа е човек за мене, тоа не се критериуми туку карактеристики..Никој не бил, не е , ниту ќе биде совршен ама она што се однесува до човек општо да е карактерен, да почитува и да цени, вистински да сака ете тоа е главното.. Да не ме сфатиш погрешно не те напаѓам , туку според ова со критериумите морав да си го искажам своето мислење и став, најдобронамерно...
Совршена жена за мене е стабилна која знае да ги контролира своите чувства и нагони, да знае да цени и почитува и да не пишува со милион мажи и да биди во стилот ама (сеуште) ништо се нема случено. Од аспект на физичкиот изглед, преферирам да се грижи за себе, да одржува физичкиот изглед во фитнес, шминка не ми менува многу, преферирам што е можно помалку користење на шминка. Сакам да е амбициозна и да има некоја цел во животот.