Нема совршен, не сме ни ние. Јас мислам дека го најдов тоа што го барам. Т.е после 10 години знам дека е така. Да ме прашаа пред 6-7 години, немаше да кажам дека е тој вистинскиот Можам да кажам дека од старт нема да најдеме некој кој поседува се' што ни треба. Со тек на време се менуваме еден наспрема друг, и си создаваме некоја целина од двајца која е колку-толку совршена (не скроз). На почеток, услови за сериозна врска ми беа дечко ми да е: паметен, интелигентен (да можеме да зборуваме за разни теми), амбициозен и да има цел некоја во животот, добар на душа и да не е ептен грд фала Богу (сепак најпрво надворешно го забележуваш човек). Моментално имам многу други плус критериуми, што знам дека да треба да барам некој нема шанси да најдам хаха Среќа си имам. Сега е must have (дополнително на горенаведеното): трпелив, верен, да ме почитува и сака, да ме поддржува и помага и во најлудите и ризични идеи, да знае да готви, да е зрел, да не бара од мене „кај е ова, кај е она“ по дома, туку да си земе и да си врати на место се, да помага во домашни обврски (чистење, перење, раскревање), да е друштвен и да сака да излегува, да не пуши цигари, да спортува заради здравје.
Он и незнае кое каде стои, а не пак да враќа на место. Мајка му требало тоа да го научи, имам јас свои деца за учење
И, како ја решавате ситуацијата? Мислам, ако не знае кое кај стои, и не враќа на место...а ти немаш време/интерес да го учиш?
Раскревам, што да правам, хаос не трпам. А, кога ќе ми дојде преку глава, кревам раце и излагам па сам нека се снаоѓа. Мојов ништо не е, на една колешка мажот на сред работа и ѕвони: кај ми се чорапите?
Полесно е да го научиш отколку да расправаш. Сега за совршен маж праиме муабет или што. Ако не е совршен, направи го таков.
*Совршен* маж ми е ако ги има сите топ 3 критериуми: да е човек во душа, интелигентен со смисла за хумор, да сака да патува многу. Да ме сака и почитува нема потреба да спомнувам, тоа е the bare minimum.
Совршен нема, но оној кој ќе направи една жена да се чувствува сакано и ценето од негова страна, тоа е тоа.....
Се уште не се родил таков Совршен маж не постои. Постои маж кои ни ги исполнува најголемиот број критериуми кои ги имаме зацртано дека сакаме да ни се исполнети за да за тој некој кажеме, е да баш тој е тој, вистинскиот, блиску до совршениот.
Да не чувствува потреба за валидација од fellow мажи и да не е фасциниран општо од машкиот род. Ако не успева во тоа, што знам... luxury goods.
Совршен? Воопшто да не личи на балканец, ни физички, ни карактерно. Што значи, интелигентен, одмерен, хуман, има аналитички ум, размислува пред да каже нешто, поише слуша наместо да дрдори напразно, ги почитува другите и има добри манири, но не е nerd, туку снаодлив и witty Физички: лице ко ангел и фит тело, нежна кожа *по можност руса коса и сини очи, коа веќе се бара совршенство А бе ко најплеменитиот гроф што постоел
Постојат многу такви. Барем 2-ца во 100. Ама обично таквите ги нејќете пошо се неинтересни и ги сметате за крипи.