Ако мислиш на овие што ги гледаш по сепариња, 90% од тие се најсиромашните луѓе. Има многу богати и ценети доктори, адвокати, писатели, режисери, водители, колку ли само успешни директори ги има. Човек да постигне нешто во животот, да се надогради или да задржи углед и пари, треба да е паметен.
Зборам за тие што мама и тато им го бришат газот секој ден и им лепат пари. За таков што сам си ги заработил парите и што е способен, не се ни мислам. Кој нејќе... Али кога градиш врска многу важно е и да "кликнеш" со некој... да имаш ист соговорник, човек сличен на тебе...
Многу луѓе се слични на тебе, зависи колку ти се отворени погледите кон светот и твоите комуникациски способности. Со секој можеш да најдеш заеднички јазик и заеднички мислења, сепак зависи колку знаеш да ‘кликнуваш‘ со луѓе и каков карактер си. Вака ако напаѓаш луѓе од прв муабет, не идеш далеку
На крајот пак испаѓа совршен маж е оној што е способен да дава пари, па после се друго е гратис. А од друга страна се бориме за рамноправност, феминизам.
Феминизмот е само заблуда, немало рамноправност никогаш и уште долго нема ни да има. Суров е светот Старк, тоа е реалноста
Те прочитав де, ама ете пак ќе те прашам капиталот и бизнисот го створиле родителите а тој го одржува истиот, дали според тебе е способен или не?
Има "ветар во грб", али се труди и работи. Го ценам тоа. Има и многу 30 и кусур годишни што ни тоа не го прават, само чекаат да им пуштат неделен џепарлак...
Јас малку поинаку го гледам светот, ко во бајка, зато секош преферирам да се претставам ко отепано нешто, да се излажам дека по карактеро ме сака појче.
баш така другар. А што е најјако мажите гинат во Украина, а жените се со децата на сигурно во топол дом, ама немаат права нели-сакат и они да се борат изгледа-или тоа е машка работа само кога им одговара е машка. Ние сме тие коишто имаме притисок дека треба да правиме пари, ако не правиме сме неспособни, а ако жената не прави таа е пристојна домакинка што сака да им се посвети на децата.
Жените ни малце не се превилегирани. Мажите од секогаш се во водство и физички, финансиски, според закони, општествени прифаќања, предрасуди,... Секогаш ќе се гледа со некоја симпатија спрема нив. Жената од друга страна е секогаш прва мета на осудување и напаѓање. А сепак се смета за свето нешто во религијата дека создава живот, но ете светот за жал е таков и жените мора да гледаат да извлечат некој бенефиции за нив, дали ќе е финансиска или преку кариера.
Под некоја хипотетичка ситуација еве да речиме, не е малце навредливо... да си зависна пример од некого... да чекаш нешто да ти дај или да искористиш?
Затоа што ви одговара да сме во водство финансиски, па ке се правдете дека е според закони, и општествени прифакања. Инаку тоа што е напишано е жив нонсенс.
Па и не е зависење ако се мажиш богато Старк Секој човек сакал да признае или не, зависен е до некој друг. Зошто да нема смисла? Немаш доживеано такви ситуации?