Mazot nee pakt so moze da se kupi i market , NIkogas ne moze da se najde vo eden paket tie so ti gi spomena , moze samo polvina
Да ме сака и почитува, да се осетам сигурно со него, да има разбирање, да не е насилен, да можам без страв да зборувам со него за што и да е, да можам секогаш да се потпрам на него, да не е премногу токсичен и досаден.
Што од тоа што го напишала ти звучи како приказна? Толку е тешко да излупиш портокал за партнерката кога е настината или да сакаш да си близок со некој макар и во единечен кревет заедно? Исто не е приказна и куче да вдомиш.
Совршенство не постои така да ниту маж ниту жена има совршени.Само Бог е совршен! Најдобро е златна средјна
Да има добра смисла за хумор, ако ти прати во чат клип од ,,Солзи и смеа", блокирај го, ќе те замара тебе и блиските со вицови за Мујо и Фата. Да слуша пристојна музика, имав дечко кој ја сакаше Лепа Брена, му реков за време на секс да не ми ја пушта, ќе ми го убие либидото доколку во позадина за време на таков чин оди ,,Миле воли диско". Да гледа филмови и серии, небитно каков жанр. Исклучок е ако во таа серија ликови се Ферхунде и брат ѝ Нериман кој и брани да се омажи за Узмир. Избегнувам било каква комуникација со лик кој има Кутлеш како профилна фотографија. Каверите на Некстајм ги смета за одлични преработки, го почитува и Ламбе, ама не му знае песни, во кафана ја порачува и се дере на ,,Бисер балкански", за афтер има маса на Аца Лукас. Те сака повеќе од жена му, со неа е поради децата. Да е писмен, да не ти биде потребен лектор за да го дешифрираш. Физички ми е најбитна хигиената. Не мора да биде метросексуалец како Дејвид Бекам, ама не мора ни да има долго нокте на малото рачно прсте или петици како брусна хартија по ОТП. Пожелно е да е повисок од мене и помажествен.
Бравоооо !!! Се развеселив од коментарот вакви карактери се ретки и ми е мило што ги има...жена со хоризонт обратно од Врање Сурдулица Лесковац,
Толку е прецизирано што ме тера на мислење дека си налетала на сите од овие и дека ти се липно искуство.
"I can fix that / I will handle that" маж. Не знам како би било на македонски. Маж покрај кој може да се биде сигурен дека се ќе биде завршено и решено, без непотребни нервози, караници и проблеми. Спротивно од "турни ме да кинисам" маж. Пр. Се расипал судоперот? Нема проблем да се нервираш. Ќе го поправи или ќе најде начин да се поправи, ќе викне мајстор, ќе среди. - Треба да се оди на вечера некаде. На патување? Ќе испланира се, место, време, превоз итн. итн. - Се случува нешто непредвидено, можеш да се потпреш на него, да имаш сигурност дека ќе успее да среди и да ве извади од калта. - Нервозна си, емоционална поради тежок период. Тука е за тебе да те поддржи, помогне, и да ти се најде кога најмногу ти треба. Може уште многу примери да се наведат, но воглавно овие го доловуваат карактерот. Го немаше скоро никој спомнато ова, а мислам дека е една од главните битни карактеристики што треба маж да ги поседува.
Си размислував која е за мене совршена жена.... Ќе напишам реченица-две околу физичкиот изглед, да е повисока женска, без разлика црна или плава, да води здрав живот, преферирам што е можно помалку алкохол, цигари ( дрога да не слушнам ), да води хигиена и да е чиста. Побитни ми се карактерните особини и интелигенцијата. Да биди емпатична со партнерот несебично да ги решаваат сите проблеми или одлуки што ги носат, доверливост да биди човек од доверба ко че си дојдиш дома шо се вика да имаш на кого да му кажиш нешто, да си зборните, споделите... Исто така комуникацијата да е на отворено ниво, да се кажуваат потребите, чувствата на партнерот и да се наоаѓа како што реков решение. Да има самодоверба со цврст и здрав став, без нерационални помисли и од тука да произлегуваат токсични проблеми и дополнителни драми кои носат дополнителни нервози и апла одбивност. Да се има почит кон индивидуата односно да почитуваа нечии граници или работи кои што не треба да се газат, нормално во границите на нормалата. И секако пред се да ти е пријател па партнер, да си бидите блиски и отворени да си разговарате. Интимност и сексуалниот живот да е онака умерено покачено (барем еднаш дневно ). Би дополнил како главни столбови за една љубов да е уникатна и да биде долговечна треба да се има почит, разбирање,доверба, искреност и комуникација. Во глобала накратко вака размислувано со години уназад, успеав да склопам едно текстче.