Еднорог тука, моментално. А ги има многу чим мрдне малце човек вон Балкан. Шо беше совршено за мене на 22 не е исто што и сега и фала небесима што сето тоа толку се сменило како што зреев а ќе се менува и како што стареам. Не мора да биде совршен, не сум ни јас, само нека биде маж. Прав маж. И нежен и силен, со права машка заштитничка енергија, со отворен ум, со улично школо, да знае да испече едно месо, да не живее под сукњата на мајка му или сестра му и да не му е потребна надворешна валидација (социјалки). И нормално, покрај него да користам само 3% мозок. Шо ќе јадеме? Не се секирај ќе нарачам, кај ќе идеме, не се секирај резервирав, отиде ламелата, не се секирај ке ја однесам, иаме свадба, не се секирај ќе те носам на шминка, стрес од работа, не се секирај способна си ке помине, болна сум се влечам по клиники, не се секирај ќе дојдам со тебе, фамилијарни прослави, не се секирај те држам за рака, токсична околина - не се секирај не сум сугестибилен, недоразбирање - не се секирај ќе седнеме на пијачка се ке решиме не одам никаде тука сум безбедна си збори, збори, збори, те слушам, те разбирам, ќе работам на тоа type of unicorn. Се ова е big D energy, and has nothing to do with size or looks, ко разуме схватиче.
И после мажот умрел на 50 60 а бабата живее до 90 години затоа што мажот за тројца четворица ги трга нервозите во животот.
О мали..ти не знаеш шо се "нервози у животот". Ја сето ова го правам за најблиските, ако ОВА му некому проблем, шо останало за вистинските перипетии во бракот што доаѓаат. Замисли да фрлам година дена врска на некој шо му е премногу да дое со мене на доктор...кога самата сум оставала се на страна за такви ситуации. Ако ОВИЕ минијатурни делови од сложувалката не се поклопени, пиши пропало од било каква здрава, функционална и среќна заедница. Ако му е стрес да седне на пијачка и да биде емотивно достапен за решавање предизвици, онда боље ќе го посвојам, за да го довоспитам
А бабата живее до 90 ЗАТОА ШТО умрел дедото, и на неа и се избришале сите нервози кои и ги правел овој. Да поживеел он уште некоја година, она ќе цркнала пред него.
Точно така. За нас жените постои опасност да налетаме на некој манијак. Совршен маж не постои. Сите си имаат маани. Најмногу ме иритираат досадните. Јас не сум на копче па се да постигнам.
И јас се согласувам со ова. Чист пример (да свртам тема)...одиш некаде, испланирано ти е што ќе носиш, што ќе кажеш, со што ќе се вратиш до дома... И морам да напомнам дека НЕМА совршен маж
Без разлика дали е голем проблем или мал проблемот си е проблем. И го преоптоварува секој човек дали е маж или жена. Тоа што вие го барате не се мажи туку робови. Каде што бие мозокот да не го вклучите 0.3 посто а мажот за секоја сутуација да е подготвен да ви удоволи уште да ксжевте дека вашата наредба треба да е заповед за него. Онака како господарка кон својот роб.
Прашај еден маж шо претставува совршена/добра жена за него и слушај го како опишува робинка/слушкиња.
Совршен.... Нема таков, само ние жените понекогаш односно секогаш си замислуваме за некого дека совршен , овај е тој вистинскиот ама тоа на одреден период. Потоа сфаќаш дека нема и дека сите се со некоја маана... Има само совршена жена... а тоа е слободна жена
Нормално и мажот и жената имаат проблеми. Мажот различно процесира проблем од жена, гарантирам... И не бараме робови, туку маж кој нема жената да ја става во подредена положба,туку ќе се однесува со љубов, почит, вреднување на исто скалило со него.
Не барам повеќе од тоа што и самата сум. Во превод - ова сум ЈАС. И не, нема да го вклучам ни 0% зошто вистинска машка енергија по дифолт тоа не го дозволува. Сезона на одмори е, кога ќе видам како некој лешпер пие кафе со другари додека девојка му трча кутрата гугла цел одмор да го организира (а веруј и мајкичките се такви), ми се блуе. Она само треба да најде јаки бикини и да среди нокти, и да бида убава и смирена покрај него. А не да добие 3 нови брчки од што Петар Пат нема ни М од машкост. Затоа реков, има мажи, ама тука не се. Тука се дечиња и попаленковци што ако самите не се во зенитот на својата машкост, ќе почнат да напаѓаат у одбрана. Целата идеја на совршенство е да најдеш некој кој ќе ти ги задоволи емотивните, физичките, менталните, интелектуалните и спиритуалните потреби. Кога ова ќе се поклопи - тогаш е совршено. Нека има фалинки, нека е и со едно око, само да не морам да облакам панталони јас. 2024 сме ама дозволено ми е да барам вредности од 95та. *Многу е битно да ги упознаете и неговите, пошто гледјки ги родителите за 10 минути имате слика каков е партнерот. 8 од 10 нема утка.
Барај си ти што сакаш, само малку е нереално да се очекува само од едната страна а деугата ништо да не допринесе. Мене ми е мака од такви врски, врската е нели взаемност каде што и двајцата треба да бидат подеднакво вклучени во врската а не само едниот/едната, да вложува над 250 проценти а другата страна да не сака ни 0.3% од мозокот да вклучи а камо ли нешто повеќе.
Важи. Ај сега иди 50-50 подели сметка со девојка ти и ќути. Зборам за мажи, не верувам дека имаш предзнаење за дефиниција на зборот во пракса.