Благодарам. Иако се обиде да ме навредиш нема да успееш пошто тој што е маж не се навредува на ниски провокации и удари. Само разбрав дека ништо не сфати од тоа што објаснив. Така да нема причина од понатамошен разговор. Инаку не гледам причина да некој подели сметка педесет педесет, секој ќе си плати тоа што си нарачал.
Еј темава е утната, турете у нова категорија Хумор, пошто или сите си играат курташак со мене или јас не сум нормален. Најтрагично е тоа што овие што листаат и листаат и листаат барања, завршуваат со Ранко, емоционално-нестабилен градежен работник, што платата ја ебе на ливчиња спортска и кафе у кладилница, а дома доаѓа само за ручек и спиење. Мужите ако можам така да ги наречам, па полошо, пишат пишат пишат и на крај цел живот со Десанка Шаќич ќе го минат, сем ако не најдат некоја будала да ги толерира (се помалку веројатно со оглед на тоа дека можеш да ги смениш со силиконско цилиндерче од 1500 денари).
Маж што си ја сака и цени жената,има почит кон неа ,ја штити од се и од сите.Ја поддржува и секогаш знае да ја разбере,со неа е во добро и лошо.Искрен и верен маж.Трудољубив и амбициозен.Пред се да е добар човек и да има добра душа полна со љубов кон жената која ја сака.
Nema sovrsen maz..kako sto nema ni sovrsena zena.. Treba da si go sakas takov kakov sto e.Da go prifatis so site sovrsenosti i maani.
Нема врска другар, ако таква те сака ќе те сака додека ти ја исцеди сметката потоа наоѓа друг за 2 секунди и тера. Тоа што треба е да си себе си, да не копираш никој, да си искрен и уверен.
Партнер во буквална смисла на збор, не дечко или маж/сопруг е мојот совешен маж. Прогресивен маж со кој можам да дискутирам и зборам и то да му е нормално и да можи да ми ја врати истата енергија и воедно да можи да се справи со мојата енергија и во зборови на мојата Божица Dove Cameron - да можи да се справи со мојот "muchness" без да проба да ме "намали". Партнер со кој можам да ги делам обврските, јас сум спремна за партнер да одам до крај на свет ама ми треба и тој да е спремен на истото. Воедно тука спаѓа делење обврски и нема машки/женски обврски. Партнер со кој можам да гледам slop за да оговараме колку е лошо нешто напраено или reality tv. Сакам маж шо не се плаши да работи, ко, сите имаме момент кај шо се жалиме од работа, ама работиме сепак. Ако само за него нема работа, ако само за него е испод чест нешто за помалку пари и смета дека подобро е ич наместо нешто - инстант црвен картон. Накратко, зошто до недоглед ќе набројвам, сакав многу близок другар кој по некоја случајност почна да ме влечи сексуално и романтично. Покрај здрав сексуален живот и романтични гестови, во секојдневието сакам да е најдобар другар/ омилен чоек со кој врвам време. Зошто ако не успева и не сексуално да ме влечи едноставно никогаш нема да профункционираме. Ако некој ми е досаден едноставно многу брзо преќинва да ме влечи сексуално. И спротивно, се поќе ме влечи сексуално партнер кој ми е интересен на то секојдневно, чоечко ниво.
Хмм, совршен маж или совршена жена. Според моето искуство се и двете се само фикција. Секој може да биде совршен, тоа зависи од нашиот агол (или точка) на гледање.Треба другите да ги прифатиме такви како што се или да не ги прифатиме. Се заависи од тоа кои квалитети ни се важни, а тоа не е мала работа. Сето тоа се дефинира со нашето созревање, а за тоа е потребно доста време за да се постигне...
Физичка привлечност и пријателство меѓу нас како темели на врската, се грижи за мене како што се грижи за себе, имаме слична смисла за хумор, кога имаме конфликт: спремен е да работиме на тоа, секогаш се однесува со почит. Тоа би било во главни црти.