да знае да ме утеши кога сум тажна да знае да ужива со мене кога сум среќна да обрнува внимание на оние мали работи кои ги сакам.. и да ќе заборавев- да ме сака само мене
Најпрво мора физички да ме привлече а потоа и карактерно да ме задржи. Висина околу 185. Тежина околу 85/90 Бел/блед тен Плави очи Фризура кец, залижан со патец или долго косиче. Преферирам брада, неколку дена небричен. Облека јас ќе го средам, само еднаш нека ми падне у раце. Постојат отстапувања од зададените критериуми меѓутоа се многу ретки Карактерно Академски да е барем на моето ниво. Да познава барем два странски јазици. Амбициозен и кариерист. Да сака да патува и живее во странство. Не сакам смисол за хумор или некој кловн да ми изиграва, преферирам ќутливи. Да не е романтичен, уметник или другиве фри спирит дечки. Умерена доза на ароганција, самобендисаност и нарцисоидност. Да ме мотивира, предизвикува и поттикнува да се надоградувам и усовршувам на секое поле. Да не е редовен конзумент на алхохол, да не пуши и да не користи никакви наркотични средства. Да нема склоности кон коцка или било какви игри на среќа. ....... Се занесов јас со мојата виш лист, долга си е, ама ај доста е
Целосно совршенство не постои никаде... така да девојки и не го барајте тоа од машките а сега ајде да го наречеме сепак совршенство,за мене кај еден маж се подразбира да ја сака својата девојка без да мисли дека е ''папучар'' , јасно да ја разликува од останатите девојки,да знае дека има девојка,да го почитува тоа,но пред се,секогаш да биде искрен со неа и покрај човерката несовршеност таа да биде совршена за него ( лол девојки дали постои ваков )
И јас ќе набројам како danichap: Висина: 190-195 (сакам високи машки) Тежина: 80-95 (зависно од висината) Тен: Нешто помеѓу темно и светло (не многу темен, не многу бел). Коса/Очи: Сакав многу машки со црни коса и црни очи, но од кога сум со дечко ми ги обожавам неговите плави очи и неговата смеѓа коса Фризура: Спојлер Стил: Спортско-класичен, кога како треба. Обожавам машки во сиви памучни тренерки и убави, чисти патичиња. Сакам машки со убави заби и убава насмевка, со широки плеќи и убаво оцртани мускилчиња на стомакот и препоните. Карактерно: Образованието ми е битно, ама не и пресудно. Сакам да ми е мил и добар, сакам да ме подржува во се‘, да ми каже кога грешам, да не е циник, да знае да сослуша, да ме сака, почитува и да има доверба во мене. Алкохол несакам многу да пие (мојот и не пие баш), за цигарите неможам ништо да кажам пошто јас сум пушач. И најважно од се‘, нешто што отсекогаш сум сакала е дечко ми да биде спортист ( И најдов таков).
Охооо ако почнам до утре ќе пишувам Што се однесува до физичкиот изглед сакам да е висок до кај 185 cm најмногу.Не е лошо да има светли очи,но и кафеави не ми се проблем.Не сакам да е претерано развиен,нека има мускулче ама во граници на нормалата.Сакам да има убава насмевка и да не заборавам обожавам машки со брада А што се однесува до карактерот пред се секам да е чесен и искрен.Џабе му е се ако ме гледа во очи и ме прави будала.Исто така битно ми е да знае да го цени тоа што го правам за него и да ги почитува моите најблиски.Мора да биде амбициозен и да знае што сака понатаму во животот.Не барам да има кола,јахта,палата и сл зошто со заеднички труд може да го постигнеме и тоа.И најбитно да ме сака!!!И кога веќе сум на оваа тема баш денес читав статија за што сме научиле од Sex&city и една од работите беше ќе завршите со некој за кој никогаш не сте ни помислиле дека би бил ваш партнер
Оној кој знае што мислам пред да кажам, знае точно што да направи, без да потсетам. Јас на прво место.
Совршениот маж всушност и не постои, ние жените си ствараме таква слика од како ќе се заљубиме.. со тек на време сфаќаме дека не е совршен, исто како што нема ниту совршена жена ..
Точно, совршениот маж не постои..ние праиме совршена слика за него и тоа е уствари совршенството за нас..и коа више не не интересира..сфајкаме дека воопшто не бил совршен.
Соврешен маж за мене е висок со светли очи , паметен, убав, убо граден, образован, нежен, фин, добро воспитан,да ме сака и.... долага е листата, и најважно ДА НЕ МЕ НЕРВИРА И ДА НЕ ЛАЖИ И ИЗНЕВЕРУВА. Најважно да не ме нервира.
Да не е многу слаб, ама не и мн дебел лол Да има КАФЕАВИ ОЧИ ♥ Полни усни Топли рачиња Не мн. висок Да е добар, силен да ме штити хехе Да учи! Да не ме замара на секои 5 минути Да не е љубоморен на моите машки пријатели и... одприлика тоа е тоа