Јесте дека не постои ама ова е она што јас го сметам за близина на совршенство Да ме почитува Да се грижи за мене Никогаш да не ме навреди Заедно да донесуваме решенија и комромиси за подобра иднина Да ме сака И да не ме изневери Да не ме прави будала,подобро да ја знам вистината
Колку и да е совршен,колку и да ми ги исполнува сите критериуми. Абе пак ке му најдам некоја мана па што сака нека биде Совршенство не постои, постојат само личности со одредени особини,е сега наше е колку ќе прифатиме колку нема. А совршениот ке знам дека е тој кога ке го видам, и кога ке го запознаам карактерно, а богами и физички
Совршенство не постое...меѓутоа блиску до совршенство ТОЈ треба да ме почитува таква каква што сум, а не да се обидува да ме смени. Никогаш да не дигне рака на мене или на децата. Да биде до мене кога ми е тешко па дури и кога имам ПМС и се тревоќам без веза. Да не ме исмејава туку да се гордее. Да ме сака и да ми покажува дека ме сака. Да ми верува и кога ке го погледнам во очи да ми се топи срцето.
Светли очи (плави, добро и зелени се ок, ама не толку) Светол тен (бел) Светла коса (плава, смеѓа, нешто измеѓу мххх и да е шишан 2ка) Средна висина (да е повисок од мене) Убаво распоредени црти на лицето (сето набројано да е пропорционално распоредено, а не како шушумига да биде, тогаш џабе цртите поединечно) Убаво тело (не билдер, туку така нормално тело да има, убаво градено) Карактер (тука се најдобро знаете на што мислам и да ми исполнува гоооооолем број од желбите, по можност сите ) Иииии така имам уште ама ќе додадам сеа не ми текнува! Мњах!
Несовршениот. Оној кој умее и знае да сака, да цени и почитува Жена во сите свои облици. Оној кој е столб и истовремено моќ што ја чува и штити својата жена и деца. Оној кој не се плаши да размислува во множина. Да подели живот.
^ Шала на страна и кога ќе најдеш нешто такво тамн ќе си помислиш има се што ти треба, ко за белја ќе му испливаат мааните на површина и ете, не е совршен.
охохо... па висок, темен тен, темни очи, големи раменици , мускулест... пред се да биде човек. симобол за моќ и заштита... малку да биде мистериозен, да биде од оние што ги нарекуваат лоши дечки, може малце ко полат да биде со работичкка и што е најважно да има очи само за мене.
За волја на вистината таков не постои, а ниту пак ќе се роди таков, затоа што маж пред се е човек, а човекот не е совршен како суштество, но може да се најдат некои добри особини кои ќе ги поседува тој маж, за да биде на чекор од совршенство, но не и совршен.
Совршен е оној кој ќе ме прифати со сите мани и доблести. Оној кој се ќе направи да ме види среќна и задоволна. Оној кој ќе ми покаже дека му значам.
За мене најверојатно совршен маж претставува некој со кафеави очи. Не мора да има некое тело којзнае што, само да има кафеави очи
^^^ Ти лесно ќе си го најдеш Инаку за мене е совршен оној чии мани нема да ми пречат многу , и во чие друштво ќе се чувствувам убаво . Да биде природен , средно згоден, не преубав , не сакам да го урамам , ама да биде полн со самодоверба, несебичен, самостоен, да не потпаѓа под влијанија, да се грижи за блиските, позитивен, насмеан, зафркант, борец , смел , и страстен Е ако го сретнам нема да го испуштам
да се разбереме совршен маж НЕ ПОСТОИ физички -русокос со светли очи(сини, зелени) малку повисок од мене, убаво граден каракерно да биде академски граганин, со веке изградена кариера познавање на јазици, свој став мил, фин, внимателен, романтичен пред се разбирлив, толерантен, друштвен, комуникативен кога сум тажна да ме насмее кога сум срекна да се радуваме заедно со еден збор-да биде моја втора половина
Па мислам дека го имам На изглед доволно е да не е многу повисок од мене,коса,очи не ми се битни какви,да има убаво тело,не да е набилдан,туку да му е складно цело тело.На карактерот повеќе гледам.Треба да ме почитува,сака вистински,да има свое Јас,добар,фин, секогаш да е тука за мене,да ме толерира,разбира, секогаш кога сум тажна тој е тука за мене и прави да се смеам и тогаш сме двајцата среќни и насмеани,знае како да се однесува во друшѕво, доста е комуникативен, се изборе за својата кариера и заслужено ја работи,значи да е способен да заработи сам. Е па тоа за мене претставува совршен маж,ама и си го имам богами
Оној во кој можеш да имаш беспрекорна доверба, што во денешно време е многу ретко за жал да биде позитивен и оптимист а не од обична глупост да му се сруши светот и да се одрази на цела околината да биде забавен и да сака авантури како мене, да имаме многу разбирање и толеранција да не ми квакне на глава 24/7, да си има свој живот ама нашиот да му биде секогаш во прв план физички симпатичен солидно граден (треба еден ден деца да имаме нели ), и секако ситуиран доволно за нормален живот
Совршен маж за мене е маж кој би ме направил среќна. Некој кој едвај ќе чекам да го видам. Некој со кој времето ми пролетува без да го почуствувам.