совршен маж преставува пред се човек кој знае да го цени животот, потоа да има култура,почит кон секој човек, да знае да ја цени жената нејзиниот начин на живот и останаото гхо знаеме сите.
порано мислев маж ми,но ете бидејќи нема совршен еве да си го опишам кога би постоел каков треба да биде,самостоен да не зависи од никој до толку,разумен да не ми се однесува како да живееме во 13ти век,романтичен кој не се срами да биде тоа е сега не нон стоп но во моменти кога треба,значи само да му истекне не да го нудиш да е,ама кога ќе се најде ваков трампам маж за него
За мене не постои совршенство. Ниту спротивностите се привлекуваат,ниту едномислениците не си одговараат. Се зависи од тоа колку човек е спремен да се смени за другиот.Секако ако има што да менува. Сакам маж кој ќе знае што сака во животот,и кој ништо нема да го спречи да го оствари она што го сака.Решителен! Спојлер Како дечко ми ист
sovrsen maz e toj sto kje me saka i kje me po4ituva koj e neguvun vnimatelen ubav zgoden i da me ceni pred se
За мене совршен маж би бил оној кој ќе ме цени, кој е свесен што има покрај себе, и кој покрај мене ќе го цени и моето семејство. Изгледот е најмалку битен.
Совршен маж според мене: -внимателен -добар -културен -романтичен -ме прифаќа со сите доблести и маани -добар слушател -висок и слаб...но не премногу! -за образование..факултетската диплома не е индикатор на добрината на личноста..
Хм, имам видено еден совршен маж. Тој се бореше за животот на својата жена. Тој ги почитуваше сите кои и беа блиски на својата жена. Тој имаше блага искрена насмевка. И се однесуваше како господин.
Обичен, фер човек, правилно воспитан, кој те почитува и сака. Добар човек. ТОЛКУ МИ ТРЕБА И НИШТО ПОВЕЌЕ, НАВИСТИНА.
Секој на различен начин ја гледа "совршеноста" кај некоја личност... Па би требало да биде фин,полн со позитивна енергија,воспитан,културен,да знае да сака,да почитува,да знае да те ислуша кога ти е потребно,да има време за семејството,да биде самоуверен,спонтан и да размислува со своја глава пред се!
Според мене совршен маж е човек за кој што неговата жена или девојка е една и единствена незаменлива. Оној кој што секогаш е тука кога треба да ја утеши, прегрне, да ја подели со неа тагата, а и радоста, оној кој што ја брани својата жена ја сака и ја почитува.
Човек што знае како да се однесува,да биде културен со сите,да знае како да сака и не само да САКА него и да го покажува тоа на саканата секој ден,да ја брани и штити,да и биде рамо за плачење и слушање на проблеми без да се буни,да и дава совети за нејзино добро,да биде внимателен и искрено да ја сака,да не ја лаже ,да и верува,никогаш да не ја изневери(во никаков поглед)...
За мене совршен маж пред се е изградена и остварена личност на секое поле. Некој со цели во животот и идеали кои се стреми да ги оствари. Личност која има почит и обзири према останатите. Искрен и доблесен ,а не некоја ветрушка која како дувне ветер натаму се движи. Некој кој ме засмејува,се грижи за мене и ме почитува. Личност на која и е битно што ми се случува во животот и го интересира моето секојдневие. Личност која со најмали работи успева да измами насмевка на моето лице. Скромен и вреден. Личност која се грижи за сопствениот изглед и здравје. Некој кој нема пороци ,не се коцка не се пијандури и не се дрогира. Некој кој има основи фамилијарни вредности . Срека најголема на светот пронајдов таква личност.