совршен маж нема, сватете го тоа. тргнете од тоа дали вие сте совршени па да трагате по совршен маж. Сите си имаме недостатоци и предности.
Има една интересна совршеност во целата несовршеност, а тоа е моментот кога ќе почнат да ти стануваат слатки оние мали недостатоци што ги има избраникот
За мене еден совршен маж односно момче би изгледало вака: Барем 5до10 цм повисоко одмене ,да има убаво тело немора стомачни но сепак да биде прибран .Потемен тен и кафеава или смеѓа коса Да знае како да се однесува со девојче и да не биде премногу срамежлив.Не сакам љубоморен дечко и некој кој нема да ми дозволува да се дружам со машки или да бидам во близина на машко друштво .Да биде романитчен и да ме изненадува постојано. Не сакам некој глупав кој можам да си го вртам на малиот прст ,туку некој кој што ќе има свое јас и што ќе си стои на тоа што го има кажано.
На прв поглед, најмногу ми се свиѓаат оние со пресекси мускули..стомачни...ова-она...високи...Ама не се заљубувам секогаш во такви...Зошто љубовта нема врска со изгледот и никој не е совршен..
Паа за мене совршен дечко има плави очи и поразлична фризура од шишање на кец, немора да има стомачни ама да има тежина нормална за негова висина(да не е дебел), се облекува адекватно за пригодата,по возрас е година две поголем од мене,има завршено средно и сега студира на некој појак фах(иако го чека дебела штедна книшка од неговите),ја има прошетано цела европа и ги има прочитано барем делата од средно, има цврст карактер и пред се е џентлмен ,има ајфон и вози ауди ии е лудо вљубен во мене секој ден ми праќа по една ружа, а ме буди кажувајќи ми колку ме сака даа знам дека сум материјалист ама тој и таква ме сака е кога ќе си најдам ваков дечко тогаш ќе се заљубам вистински, се додека да се појави мојот принц во ауди ќе си бидам сингл или во open relationship
Совршен е оној кој во зборови не греши! А тие што гледаат на надворешните работи кај мажот многу се лажат, на почеток им е супер но тоа кратко трае, после се чудат како можеле да се омажат за таков човек, се каат што направиле погрешен избор. Грешката не во тоа што не знаат како да го одберат вистинскиот туку уште побитно е што ни самите не се усовршуваат. Најпрво секој да гледа да се усовршува самиот, па спрема грнето ке си дојде и капачето.
Не е тоа оној кој ќе ми спушта месечини, туку оној кој ќе ми чита од омилената поезија и ќе ми лупи портокали кога сум настината.И оној со кој единечниот кревет во кој сме стиснати ќе ми биде поубав од сите најубави места на планетава.Се надевам дека тој ќе биде Тој, таткото на моите деца.
Совршенство не постои,секој треба да си бара своја слика и прилика ,некогаш претеруваме со желбите и барањата важно е да те сака,да те почитува ,да има пари и добро де да не е ни грд
Ова совршен е малку тешко за дефинирање како и да е, не може да биде совршен во буквална смисла на зборот. Ама совршенство од маж е оној кој има ерупција од интелигенција, самодоверба, самоувереност во граница на нормала. Секое надминување на границата ја искривува сликата. Тој знае да разбуди во тебе не само пеперутки туку и други животинки, и не само во стомакот туку и во целото тело. Знае само со поглед да те соблече и да те гледа со дрзок поглед , и во исто време е и доминантен и нежен.
Совршен е ако сфаќа што е ПМС и ме почитува. Совршен е ако и после месеци, се возбудувам што ќе го видам. Совршен е ако неговиот мирис ми е мир на душата. Совршен е ако ме бакнува додека спие. Совршен е ако неговата прегратка ги решава сте проблеми на светов. Од ситниците, сакам да е писмен(да не ми пишува радос, сварно, сватка си и неможе), да не е алкос, да не пуши и дрогира и да не се коцка. Гајле ми е дали е нежен, груб, дали има зелени очи и е висок со црна коса, ич не ме боли што има завршено и дали вози ауди, дали има пари и колку, дали имал стомачни(жити мајка, не ми треба за дрва цепење), ич не ми е гајле ако му се плави очите, дали бил на јак факултет, и дали имал ајфон(дека со ајфонот може да е*е или што- ова никогаш нема да го сфатам), ако ми прати ружа од глава ќе му ја удрам(значи заебал нешто).
Темата малку неисправно ми звучи. Сите тие мажи кои ги наведивте, се исто толку несовршени колку што се совршени. Мажите (па и жените), кои евентуално би ги поседувале сите претходнонаведени позитивни особини, истовремено би поседувале скоро еднаков број на негативни особини. Маж (па и жена) кој изгледа идеално, е амбициозен и успешен, образован, џентлмен со манири, па уште на тоа додадете финансиски добро да стои (како што потајно сите милуваме) - најверојатно ќе има големо его, ќе биде исцрпен од заработувањето на таа успешност и кариера, прагот на толеранција најверојатно ќе му биде помал, ќе сака да доминира во вашиот однос и да има контрола, и пред се - едвај ќе успевам да го задржам покрај сите тие жени кои ќе го посакуваат еднакво многу колку и јас! А вие ќе бидете тука да ги трпите последиците од сите тие негови совршености, исто така како што би ги трпеле неговите несовршености. Во сето тоа, само пред вас како партнер ќе си дозволи да исплива на површина сета несовршеност која светот не успева да ја види. Само веројатно цената на трпењето “совршеност’’ е помала.
За мене таков маж би бил, да е маженствен, да се бори за тебе, а сепак да не е „над тебе“ (ги знаете оние кои сакаат да бидат „лидерите“ да бидат поавторитетни), да не е некој преромантичен, што јас таквите ги викам лигуши. Да биди образован и успешен и да има вкус во музика (кој ќе се кара и за то xD)
Според мене совршен маж не е оној со совршено тело и лице,туку оној со карактер кој знае да слуша и знае да те разбере,знае да постигне компромис за нешта а не се прави главен дека тој е маж и неговиот збор мора да е последен. Оној кој ќе ти помага колку што може во домашни обврски и со децата,а не да ти го остави само тебе и па ти како знаеш така снаоѓај се. Оној кој ќе ти го пружа истото внимание и истата љубов како и во текот на врската,ќе те бакнува за добро утро и добра ноќ,значи оној кој никогаш нема да олади према тебе. Оној кој го сака семејството,се грижи за него и не го запоставува.
Има една порака тој што го бара совршениот маж или пак жена нека си легне во кревет и комотно нека си го сонува зошто таков не постои Али еве дека темата е што преставува совршен маж за вас би го издвоила следново: Убав , со зелени очи ,црн , да ме сака , да е искрен, да ми верува, да е тука за мене кога ми е најпотребен, да ме подржи , да е друштвен и комуникативен .