Мислам дека нема ваква тема Јас последно зготвив т.е направив салата од цвекло варено, рендано, со сол лук и оцет Вие?
Соја шницли потпечени со компир и сиренце. Сега одам да го напишам истово во Што денес за ручек, Што направивте последно, СДК, Се од компир....
Вчера вечер за мезе ракчиња од тие готовите од веро во кесе што се.Ги ставив во вода да извријат и ги заборавив.После 20минути влегувам во кујна има што да видам тенџерето каклица црно а ракчињата подзагорени ама со лимон и сенф ги пројадовме малку горчеа ама лимонот ублажуваше.
Ако де, ако си ги направила топ, пофали се Јас направив ориз со помош на татко ми, зашто се уште не знам да го правам убаво
Се зезам, си викам каде да се пофалам ....а зошто да не секаде За да не бидам офтопик, одам сега да "зготвам" едно вкусно кафе
Ако се рачуна правењето колачи и торти, тогаш јас последно имам една утната кремпита Цело време одев по рецептот, но излезе пандишпањот да биде многу тенок ем мек, откако се испече немаше шанси да го извадам од плехот! Цел се растури! И ојде во ѓубре! Па матев ново тесто за пандишпањ Додека да го направам ова, кремот со пудинг веќе одамна беше направен и подизладен па се направија грутки И пак корите се испокршија. Кремпитата беше каша-попара! Лепено парче по парче, ко слагалица да си редам На крај само замаскирав одозгора со многу прав шеќер, и на мое изненаџење кремпитата сите ми ја пофалија!