Дел од вчерашната вечера - шкампи со рижото. Инаку овие членконоги, колку и да грозно изгледаат живи, во тањир, добро зготвени, се вистински деликатес. Месото им е високо квалитетено, богато со протеини. Освен тоа се проверен афродизијак. А и самото конзумирање не е воопшто елегантно (јас ги готвам со черупката), многу шмукање, лижење прсти, што го прави целокупниот процес многу сексиии... Е сега цената. Не е јадење за секој ден, но за интимна вечера, да. 400-500 грама свежи шкампи од Веро (што е доволно за двајца) чинат помалку од две пици во ресторан.
Пред некој ден, инспирирана од роденденска закуска, изјавив желба да направам Таѕики салата, т.е грчка, онаа што некои ја користат како сос, но ипак е салата. Успешен беше експериментот и салатата беше ‘смачкана‘ за едно јадење. Павлака, мајонез, малку лук и кисели краставички. Евтино, вкусно, заразно... но и занимливо хуууух се добива после тоа. А како иде со пилешки прсти.... ммх мх