Наместо мајка ми, влегов во кујна и за три ипол часа спремив колач со мак прелиен со чоколадо, месени благи кифли ( 1 кг доза), солени мафини и интегрални по на @eli25 рецептот ( дали требаше да стаса тестото или веднаш се ставаат на пржење?), и накрај средив и измив се. Само интегралниве на Ели мислам дека се неуспешни, воопшто не се нараснати како уштипци, а и прилично тенка кора исукав која ја сечев на коцки и одма на пржење... Личат како коцки лиснати пред печење, баш се со таква форма и дебелина.
Модри патлиџани со доматен сос и мелено месо. Пред тоа печени компири и пиперки. А пред тоа печени ребра со компири.