Ако со нешто се согласувам со Ендру Тејт тоа е она што го кажа за готвењето дека е залудно изгубено време и ресурси.
Модрите патлиџани ги мијам па сечам на пола по должина. Со нож сецкам по краевите за да ми е полесно да го вадам внатрешниот дел со мала лажичка. Ама ќе внимаваш да не ги направиш пре тенки, зошто ќе испадне се од нив, баш треба да се како чамец. На страна го ставам тоа што сум го извадила од модрите, и после поситно го сецкам. Во тенџере запржувам кромид, па додавам мелено месо. Убаво пржам на потивко па додавам еден филџан салце. После во таа смеса ги додавам сецканите парченца од модриот. Си бара повеќе зејтин зошто модриот мн упива зејтин. Додавам сол, зачинал, црн бибер и мала лажичка до пола шеќер(совет од свекрвица, тоа е заради салцето). На страна ги редам модрите и почнувам со смесата да ги полнам. Одозгора редам компир исецкан на кругови за да ја покријам смесата. Ставам малку вода во тавчето, еден прст висина, за да омекнат убаво и ги покривам со хартија за печење. 20/30мин ги оставам така покриени на 190/200° и ја тргам за убаво да се испечат. Откако ќе ги извадам од рерна, рендам кашкавал или како парчиња им ставам додека се топли за да се стопи врз нив. Минатиов пат експериментирав, во тавчето ставив салце, како сос му дојде, пре вкусно излезе. Значи кога ставив вода малку, додадов и салце и ставив на печење.