Чоколадни бисквити со кафе! Повеќе како колачиња му дојдоа, ама ако, многу се вкусни! Прва лично моја пекарска изработка
Браво бе девојки, ве читам и на секоја посебно се восхитувам. Јас се`уште што се вика не знам јајце да спржам, а не пак нешто повеќе. Дефинитивно не сум таков тип на човек што сака да се матка низ кујната и да испробува разно разни рецепти и истите да ги модифицира на свој начин. Е тогаш имам две леви раце и сум буквално неспособна. Сакам нови вкусови, нови работи од областа на храната, ама да не бидат приготвени од мене.Млада сум и се`уште невина, не би да ризикувам со нешто мое макар спржено било, којзнае што ќе ме трефне. Еве дури не ни се сеќавам што последно сум зготвила? Кафе можеби? Се рачуна нели?
Пицерони (ја така си ги викам),нешто слично како пица,само на леб,и во рерна Иначе добро е што е поладно па мама купува салами