Обожавам кога готвам,и да се мешам низ куњата кога мама прави нешто... Конечно научив да ги правам кифличките на мама
^ Одлично ти излегле волфче, добивам желба по 2 пат да пробам да ги направам, морам и мора да ми излезат овојпат Инаку, последно завчера направив шпагети со сос од мелено месо, томатело, доматен сос, соја трошки, кари, босилок, сол, бибер, сув зачин (значи мих од зачини), и одличен вкус излезе накрај. Ама бидејки остана поголема количина, ги смешав сосот и шпагетите, и земав земени тавчиња мали, ги намачкав со кристал од страните и со рака ги наполнив со шпагетите, одгора им изрендав дебел слој кашкавал и еден потенок слој чаден кашкавал колку да пушти мирис, и ги испеков малку. Уште поодлично излегоа, ем поразлично и ем тазе.
И бело вино се додава обавезно. За да ја нема онаа специфичната миризба А последно готвев печено месо (уште го готвам )
Чоколадна торта. Колку е само голема, но треба да се зачува барем 2-3 дена за гости. Хахах, пак ќе се здебелам изгледа од толку јадење само на благо. Оставете се вкусна е и затоа ве честам сите по едно парче.
Дома сам си готвам за неколку дена, дали ке сварам 2-3 кило стек и 2 кила ориз за повеќе дена зошто неможе секој ден се едно исто да го правам