Последното нешто што го зготвив, беше печен компир со шунка и кашкавал. Ја видов сликата на интернет, па примамливо ми изгледаше. Значи се сече компирот на кругови, но не целосни, не се сече до крај, значи да остане цел, т.е деловите да се составени. Како објаснувам Измеѓу се става шунка и кашкавал, и врз него може путер или маргарин. Превкусен беше
Штотуку завршив со печење на солени кифлички и колачи со вишна и ореви!!! Спојлер Кифличките скоро ми ги изедоа, не чекаа ни да ги извадам од плекот за печење!!!
Пржени пилешки џигерчиња со печурки, кромидче, лукче и доматен сос. Но следно кога ќе правам нема да ставам доматен сос, не ме бендиса многу. Сега ќе направам печени пилешки копанчина со вегета од подравка, со сос од пилешка супа под алуминиумска фолија ќе ги оставам да си крчка, па ќе ги испечам. И некоја салатка доматче, кромид и сирење ќе оди, со печено лебче.