Ууууу... Денес цел ден готвев... Пекарски компир и пржена риба, спанаќ со малку ориз посипано со павлака и јајца во тава, подварок за утрешниот ручек и на крај интегрални колачи со ореви и суво грозје... Браво за мене, цел ден го поминав во кујна!!!
Тестенини (шпагети) со 2 вида сосови: и двата се со пилешки стек убаво издинстан со малку сенф, рузмарин, кромид, мелен лук и малку магдонос, едниот е кремаст со хопла, а другиот сос е со пелати домати, босилек, копар, оригано, лукче и магдонос. ЛЕЛЕ МОРИ МАЈКО КОЛКУ БЕШЕ ВКУСНО!
Последно правев закуска.Тост лепчиња, интегрални ги исецкав дијагонално, ги намачкав со лут сос, одозгора кисели краставички, парчиња туна, исецкани маслинки, оригано и кругови кромид.Ги потпеков и ги сервирав.Преееевкусни се, ги смачкавме за секунда.