Денес не бев нешто расположена за готвење, така што скромен ручек имавме Колбасици и јајца, пропратени со краставички салата.
Макарони со брокула, шунка и павлака печени и одозога малку сирење и јајце. Не остана ништо да се слика oд што ми го изналапаа за 5 минути.
Нема рецепт класичен јас сама си го измислив. Ги сечкаш на ситни коцки шунката и брокулата и ги мешаш со павлаката(може и хопла да земеш за готвење, јас ја потрошив па ставив павлака). Ги редиш во тавче претходно потмачкако со маргарин или путер, прво еден ред макарони, па целава смеса ја ставаш па уште еден ред макарони и на крај сирењето со јајце исто измешано во хомогена сменса. Печеш во релна максимум 20-30 минути, ќе видиш кога ќе биде готово. Јас не ги варам макароните, наместо тоа ставам газирана вода низ дупките да се покрие цело. Во текот на печењето водата испарува а макароните се сварени, исто и брокулата.