1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што значи ист сон кој го сонувам повеќе пати?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од supergirl22, 15 јуни 2012.

  1. supergirl22

    supergirl22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    11
    Сонував дека на местото каде што се наоѓа мојата куќа имало колиба, а до неа стоеше мојот кум кој во тетратка пишуваше нешто, а пред нас имаше гаража, јас влегов во неа а таму имаше разни чудовишта :devil: , лигави итн...а до нив стоеше една баба како вештерка целата беше бела беше облечена во бело и имаше бела коса и јас почнав да бегам од чудовиштата, овој сон го сонував 2 пати и сум слушнала дека има нешто врска кога сонуваш сон повеќе пати па има ли некој што знае што значи ова... :call:
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Исто и јас имам сонувано неколку сонови по два пати, незнаев дека имало некако значење ако сонуваш ист сон повеќе пати.А незнам зошто така некои сонови се повторуваат, би сакала да знам :) Само претпоставувам дека чим се повторува, веројатно е како предзнак за истиот да се оствари побрзо, а малку и чудно е што може да се сонува еден сон повеќе пати, особено ако потсвеста нема никаква улога во истиот :?:
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    А мене двапати на сон некој ми збори : Си играше со мене ,сега јас ќе си играм со тебе ! (И ми се прикажуваа деформитети на моево сопствено тело )
     
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Ист сон значи имам сонето 3,4 пати и искрено ме плаши тоа
    Го сонував погребот на татко ми сум седела дома и ми се јавиле да ми кажат дека тој е починат, сум пуцала се што има пред мене, сум мавала со што ќе стигнам.
     
  5. ApoLLo

    ApoLLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    До сега никој не успеал да дешифрира сто е тоа сон!
     
  6. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Потсвеста се обидува да ти каже нешто
     
  7. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    http://dreams.blurtit.com/q721259.html

    провере те го линкчево, има повеќе објаснувања, ме мрзеше да читам надоле по коментари, али у главно, како што кажа цветнаградина, да сонуваш исти сон повеќе пати, значи дека потсвеста ти испраќа некоја порака, сугестија...сака нешто да ти каже, нешто на кое веројатно ти се противиш или несакаш да го прифатиш, да се помириш со тоа.
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    38
    Па да не те плашам сега, не мора да значи истово, но една моја другарка сонуваше 3 пати ист сон, и татко и во него, и тој наскоро умре :/ Така да , мислам дека не е нешто убаво, ама навистина не сум сигурна...да не те плашам вака сега
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Живи глупости како можете вакво нешто да ви падне на памет па згора на се и да го напишете???
    До кога со вакви сфаќања? Прочтајте малку барем по интернет што е сонот и зошто сонуваме па после пишувајте!
    http://www.zazdravje.com.mk/upload/content.php?1643-%D0%97%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC%D0%B5-%E2%80%93-%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80-%D0%B4%D0%B5%D0%BB

    http://www.dalisteznaele.com.mk/index.p ... 4-son.html

    http://www.psiha.com/psihagon/250-zosto-sonuvame
    Сите наши сништа се поврзани со нашите чувства, стравувања, желби, потреби и сеќавања. Доколку во сонот се откриеме, можеби ќе сонуваме дека сме на лед. Содржината на ноќниот сон често е поврзан со доживувањата од претходниот ден.

    Поради фактот дека сонот често е поврзан со моменталната состојба додека спиеме, или со доживувања од минатото, потребите и желбите, децата често сонуваат волшебници или самовили, а школските деца сонуваат испити и слично.
     
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Јас како мала сум сонувала повеќе од 5 пати еден ист сон.
    Јас како одам по некои тајни патеки што се наоѓаат во мојата куќа,ама никој не ги знае освен мене.
    Прво сум се протнувала под некои скали и кога ќе свртиш десно стигнуваш до замок. 8)
    Сега брзо пред 2/3 месеци, 2 пати сонував ист сон.
    Мојата куќа како гори. :^)
    Навистина е интересно...
    Сум сонувала и како го прередувам целиот плакар,ама во него има само тексас работи.Цел беше пол со фармерки,тексас елечиња. Ова го сонував 2 пати.
    Има и други сонови само моментално не ми текнуваат.Често ми се случува да сонувам еден ист сон неколку пати.
     
  11. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    Оди на соновник и провери што значи :)
    Сигурно е нешто важно штом го сонуваш два пати.
    Мене мајка ми ми кажа дека ако сонуваш човек или еве вештерка во бело тоа значи ѓавол :)
    А ако сонуваш некој во црно тоа е ангел :)
     
  12. buterfly.fly.away

    buterfly.fly.away Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    20
    Јас имам сонувано еден ист сон повеќе од два пати :envy: ....... Како некоја жена тропа на вратата на хотелската соба каде што престојувам со моите и со сестра ми . Јас отварам и ми вика : е овој пат нема да ми избегаш . Таа почна да ме брка а јас трчам најспоро што можам како некоја сила да ме влече наназад , а таа најбрзо . После ја викам мамоооо татоооо дадааа и сите спијат и ми се смешкаат . ;( . И потоа се будам...

    Мразам кога во сон барам помош , а сите ми се смеат :devil:
     
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Повеќе од 3 пати ја сонувам смртта на татко ми, искрено незнам што значи тоа али страв ми е
    ако тој умре и јас ќе умрам премногу сум поврзана со него, иако знае да се изнавика, да рече нешто што не треба...

    Освен што го сонувам тоа сонував како ми се крши и забот кецот и овој сон го имам 2 пати сонето
     
  14. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Јас и моите две тетки сонуваме во иста вечер како татко ми умира.Сите на различен начин,нормално.Бевме во еен хотел сместени за 1-ви мај а татко ми требаше сабајлето да дојде по нас.Незнам како,ама цела разбудена во солзи и кажувам на едната тетка што сонувам,таа зачудена вика и јас сонував како умира татко ти,и третата кога кажа тоа беше порака да не доаѓа да не собере со кола бидејќи тоа беше знак дека ќе му се случи сообраќајка ако дојде.На трите во иста ноќ,сон како умира татко ми..Твојот незнам што би значел,најчесто се вели му го продолжуваш животот,ама мојата случка и немаше баш да биде тоа,а за да ја сфатиме пораката да не доаѓа по нас,на трите ни се сони.
     
  15. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Значи дека треба да ја промените навлаката на јастукот и да ја исперете со ленор хахаха се зезам. Што значи? Значи дека се грижите нешто во реалноста и тоа не можете никако да го решите.
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Тоа е така, само ако потсвеста има улога во сонот, но ако потсвеста не е поврзана со соновите, а се повторуваат по два пати, тогаш причината е зошто се повторуваат.Мене ми е чудно како можам два пати ист сон да сонувам :^)
     
  17. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Moжеби бидејќи некој проблем упорно не ти е решен но ти сега не можеш да го видиш, зависи од сонот :!:
     
  18. supergirl22

    supergirl22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    11
    И мене ми се има случувано многу пати да барам помош а некој да ми се смешка а тој некој е често мајка ми :?:
    Кога сонуваш некој како ѕмира му го продолжуваш животот ;)
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Кога бев помала имаше два сона што ги сонував по неколку пати. Едниот како баба ми од страна на мајка ми доаѓала кај мене дома, и имаме како доизградено еден дел на куќата кај што живее другата баба, и над вратата имало како лифт, ама високо, неможеш како да се качиш. И сум ја молела баба ми да се качиме, и таа ми се насменувала и викала добро, добро и сме се качиле и сме се возеле горе-долу.

    Другиот сон како доаѓа кола накај мене, тоа на мојата улица а јас неможам да трчам, како во место, немам сила, и наеднаш ќе паднам/легнам доле и неможам да станам додека колата наближува. Или исто во мојата улица, ме бркале две девојчиња така злобни во фацата им се гледаше, и јас многу споро трчав и при крај на улицата ќе паднев и неможев да станам, а тие ќе застанеа над мене, ќе ме гледаа и злобно ќе ми се смееја.

    Ден денес незнам што значат соновиве, ама ептен ми беа морничави кога ги сонував..
     
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Јас овој сон го имам сонувано може 10 пати :

    Јас,како се враќам накај дома по темен пат и еден човек оди по мене.Јас влегувам во мојот влез и он влегува.Јас се качувам по скали,а и он се качува,ама едно 5,6 скали подоле од мене.И јас бегам и тргам да ја отворам вратата од дома,заклучено.И човеков ми се наближува со нож во раката и јас вриштам и пак пробувам да отворам,отклучено е.И влагам дома,се темно и палам светло и како ништо да не било.Е,тоа.Многу ми е морничаво кога го сонувам ...