1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што значи називот на моето работно место?

Дискусија во 'На работното место' започната од ZvezdickaMala, 23 септември 2010.

  1. ZvezdickaMala

    ZvezdickaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Дали може некој да ми објасни што всушност е Бизнис асистент??? Кои се работните обвските на еден бизнис асистент и кои се одговорностите?
     
  2. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Мислам дека отприлика значи секретарка, ама со оглед на тоа што прашањево ти е од 23.09 веројатно до сега си дознала. Во секој случај се надевам дека ти се допаѓа раб. место. Поздрав :)
     
  3. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Не може да е секретарка, зашто офис асистент е секретарка, а не бизнис асистент.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    А што би значело поточно -стручен соработник :?:
     
  5. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Да бидеш нешто повеке од секретарка и да ги правеш работите што претпоставениот не може или нејки да ги праве со други зборорви да му бидеш десна рака или потрчко!!!!Зависис до тоа како ке те третира!!!Ама ова и не е баш лесно.
     
  6. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Може прашањето не ми е за ова тема но ќе ми простите.
    Гледам секој втор/трет оглас е за администратор. Која работа ја врши администраторот?

    Ви Благодарам
     
    На macencef му/ѝ се допаѓа ова.
  7. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Jas mislam deka toa e moderno za sekretarka, samo sto vo najnovo vreme i mazi ja rabotat taa rabota, taka da da mozi da se iskoristi za dvata pola :)
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.138
    Допаѓања:
    147.320
    Пол:
    Женски
    Администратор нема врска со секретарка. Огромна е разликата. Администратор ( човечки ресурси е најчесто односно бившо кадрово)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Извињавам се, како да кажам, моја грешка. Можи е така. Ама јас сепак мислам дека има посебни огласи за вработување во ХР - хумани ресурси. А администратор е друго.
     
  10. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.138
    Допаѓања:
    147.320
    Пол:
    Женски
    Имам факултет администрација и тоа работам 10 години по приватни фирми. Знам што е во државна фирма срцка, ама во приватна човечки се поистоветува со администратор бидејќи ние пријави одјави правиме на вработени, заверуваме документи, средуваме болнички отпусти, породилни и сл. Плус во приватна и фактури правиме, материјално водиме обавезно и сме дел финансии, дел администрација. Значи ако е огласот за приватна фирма дефинитивно не е секретарка. :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    кај мене во фирма администратор е секретарка. Работи по нешто од ова горе наведеното, ама сепак е секретарка.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.138
    Допаѓања:
    147.320
    Пол:
    Женски
    Епа видиш, зависи колку се и газдите упатени за називот на работното место. Мене еднаш ме викнаа на оглас администратор и ми рекоа да им возам низ Мк и да им продавам лекарски апарати. :rofl:
    Многу им се смеев, многу и тоа у фаца.
    Има секакви, не викам не. :)
    П. с. ако не сум знаела за то ми е работа немало ваљда да стигнам до менаџер во мојата фирма. :)
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Не работам за газда. интернационална компанија.

    Едит. и во претходната беше исто.
     
  14. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.138
    Допаѓања:
    147.320
    Пол:
    Женски
    Јас работам за холдинг. Пола газди ми се Бугари еден Македонец. Не има во Србија, Бугарија, Грција, Хрватска. Не е за потценување јас мислам.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Мене ме има секаде низ европа и америка ;)
    Не велам дека не си во право, само се уклучив во дискусијата дека разбирањето не е исто.
     
    На Dust и LadyC им се допаѓа ова.
  16. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.138
    Допаѓања:
    147.320
    Пол:
    Женски
    Епа сепак не сме за потценување. Фрката душо во Мк фирми е тоа што не се знае точно коjа работна позиција ја има и често имаме неписмени газди кои отвараат фирми и не знаат како да ја нагласат работната позиција која ја отвараат. Во Малта кога аплицирав дел од она што го напоменав и плус уште нешто беше за head of HR. Ние сакаме да копираме нешто од Европа, али не не бива. Секретарка не може да има толку големи обврски за 10000-15000 илјади просек ме сфаќаш? Само народ не знае и се нафаќа да ја работи цела фирма под назив "секретарка" за багатела.
    Тој што не знае и нема искуство. :)
     
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Администратор е лице што ги води административните работи, во малите фирми во Македонија најчесто е од кафекуварка до личен асистент (што купува цвеќе за жената на газдата) а меѓу другото обавува и секаква друга работа почнувајќи од одговатање на повици, пријава/одјава на работници, носење/праќање документи за тендери и сл.
    Ако веќе работиш Лејди во голема компанија, тогаш треба да знаеш дека називот администратор (особено во странските компании) не значи дека треба да го работиш баш она што го работиш, а ти ако сакаш имај 10 дипломи од факултет за администрација.
    Кадровско, како што го нарече, односно сегашниот сектор за човечки ресурси барем во компаниите со кои сум сорботувала бил составен од менаџар, заменик менаџер и асистенти/администратори кои патем ги има во сите останати области, не само во HR.
    А кога ќе одиш во САД и ќе аплицираш на оглас за администратор освен ако не си во ИТ индурстријата, ќе го работиш следново

    http://www.totaljobs.com/careers-advice/job-profile/admin-jobs/administrator-job-description
    http://www.irishjobs.ie/careeradvice/administrator-job-description/


    Во државна администрација никогаш не сум слушнала дека има позиција администратор, сум слушнала за референт, асистент, не знам што уште ама администратор баш не.
     
    На cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Се согласувам, ама обично административен работник е тоа што @Dust пишала, според моето досегашно искуство. ХР работник обично бара други квалификации и знаење.
     
    На Dust и Espadrila им се допаѓа ова.
  19. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.138
    Допаѓања:
    147.320
    Пол:
    Женски
    Пишав кај работам јас и немам намера да се објаснувам. Фала богу CV-то ми е одлично па сум имала понуди да работам и во странство. Америка не е мерило за паметни луѓе, впрочем дегенерација ми работи таму и ние како и да е сме далеку зад нив со плата за жал, а такви како нас ги бараат за да им ги бркаат прљавите работи. Немам потреба тука да се докажувам, мојата позиција и плата ми кажува на кој левел сум. Сепак, фала што се потруди да ми објасниш што за тебе е хр а што е администратор. Јас знам што е што и од средно тоа учам. Обично тие што ми кажувале во животот што и како е и се правеле паметни ме терале да им правам европско CV и не знаеле една молба или овластување да направат. А па да не коментирам па што истите тие порано кога сум била под некој не знаеле да атачираат еден фајл на маил. Збори ми за тоа која работна позиција што е молим те. Ме интересира инаку а што е администратор во мала фирма, т. е. кои се тие мали административни работи кои ги работи? :D@kukla21 ти си знаеш кого поддржуваш, јас не сум на темава за да убедувам некој што е комерција, што маркетинг, што е HR... А за ИТ администратори има мал милион работни позиции кои врска немаат со она кое ме убедувавте до сега. Јас им пишав на помалку искусните кои е убаво да чујат дека не треба да се нафаќаат да работат за мизерни плати работна позиција која налага многу обврски. А не кафекуварство и патни налози.
     
  20. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.138
    Допаѓања:
    147.320
    Пол:
    Женски
    бтв имам братучетка постара од мене која се радуваше во што и пишивало на визитката " Директор" пријавена беше така, а платата и беше 10000. Едвај ја разубедив да ги откачи зашто ако потпише нешто што не треба, пошо врска немаше тогаш, искуството и беше година дена секретарка во Бонум претходно, може со еден потпис да заврши во затвор. Има секакви работодавци, но најлоши се оние кои ги познаваш (ко во случајот на браучетка ми што и беа пријатели)