1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што значи називот на моето работно место?

Дискусија во 'На работното место' започната од ZvezdickaMala, 23 септември 2010.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Мислам дека премногу лично ги сфати работиве. Јас кажав дека искуството ми покажува дека кога се кажува администратор се мисли на друга позиција, не на ХР. Не велам дали е правилно или не. Кажав согласно моето искуство. Се извинувам доколку звучев дека те разубедувам или „бистрам политика“.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    147.388
    Пол:
    Женски
    Повеќе се однесуваше постот на другата девојка, не сфатив лично верувај и не се вознемирувам така лесно. :D
    Извини и ти ако се навреди, секој има различно искуство нормално, мене ми беше поентата да не се лажат кандидатите кога ќе се јават на оглас дека секретарка, ХР администратор, менаџер, директор или било која друга раб позиција треба да ја вреднуваат исто. Ми е жал што многу се искористени работните сили во Мк за багатела, работа over time и се е тоа за мизерна плата која дефинитивно не ја заслужуваме. Може сме назад за мн работи, ама сме страшно интелегентна нација. Имаме навистина квалитетен кадар кој бега од Мк зашто не е ценет. Тоа ми е поентата. Не ми се лути. :)
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Интелегентна, ама завидлива. Нема единство, затоа секој не вози како сака.
     
    Последна измена: 15 јули 2016
    На Espadrila и LadyC им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.561
    Пол:
    Женски
    @LadyC да не те цитирам со километри..

    Администратор во Македонија го работи тоа што @macencef @kukla21 и јас го пишавме, а за која, плата работи, извини, немаат сите можност во холдинзи и интернационални компании да работат. Некои мораат да работат и за обичните смртници за 10.000ден.
    Не дај Боже, утре ако изгубиш работа, ќе седиш дома затоа што испод чест ти е да работиш за 10.000 затоа што имаш набилдано CV? Продолжи да гледаш со розеви очила, еден ден кога ќе имаш фамилија, ако треба и физичка работа ќе работиш за да ти имаат децата храна, а не па да пребираш (освен ако не си од оние 2% богати македонци)
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.