Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што или кој ве изнервира денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од koritsaki, 6 јануари 2011.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Другарките. |(

    Убаво им кажав дека не сакам да ме викаат „Викторија“ тие упорно луѓе.
    Мене цел живот никој ме нема така наречено освен професорите и наставници па овие ќе ми изиграваат нешто многу јаки . :swear:

    Си имам надимак, сите ме знаат така. Ако уште некој ме нарече Викторија ќе го убијам, и да знам дека тоа ми е името но си го мразам и тоа им е на сите јасно. Фала чао. :@
     
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми ме нервира од вчера. Просто незнае кога е вистинското време да замолчи. Таман седнав заинтересирано да гледам филм, ме деконцентрираше со прашања небитни колку буџетскиот дефицит на Никарагва. Како да корпнела слика и зошто младите ја бришеле од пријатели. Како ги направила тантулињата, колку време се вареле и зошто сирењето пуштило вода. Гаќите ги перела заедно со постелнината, купила нови перници. Нашла плисирани блузи од Америка кои и одговарале со новото сако. Ги печела копаните во фолија, не фрлила сол.
    Ме разбуди саба саба ќе доаѓала нејзина пријателка на гости, да сум седела со неа. Навистина немаме ниедна заедничка тема за разговор, незнам зошто ме викна. После запна да ја шета низ куќата, па добра тура низ собата кај што спиеме без моја дозвола. Имавме перверзна разуздана ноќ, цела среќа што собрав по мене инаку незнам на каков хаос ќе наидеше жената. А и да е хаос, мој приватен хаос е нема кому да го покажувам.
    Штом ќе почнам да работам по дома, веднаш и се излегува, или во најлош случај ми наоѓа нова работа. Па сум приморана да станувам пред неа, значи пред 6 за да ги завршам моите работи, оти инаку време не останува. Вчера и таа подрани, да со редовниот изговор дека нема потреба од чистење ( да сосема е во ред да се удавиме од прашината и пуфките од чорапите на маж ми да ги однесеме во кревет откако ќе ги собереме со стапалата од подот |( ). Да сме оделе да си прошетаме, убав бил денот. Убав е, ама за млад брачен пар а не за несреќна средовечна сопруга и нејзината курта снаа.

    п.с На дневен ред е сесија со убедувања за шпоретот а јас комплетно ја игнорирам.
     
  3. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.720
    Брат ми. Ќе ми се дере он мене и ќе ми кажува кај да сум спиела. Ко демек кај него дома сум отишла. Хах мн слободи почна да си дава нешто. Ама ќе видиме тоа :!:
     
  4. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Дедо ми, секој ден ме нервира со неговата себичност и идиотштина. Што му смета таа беспомошна мачка, која веќе 8 години ја чуваат, баш сега кога е стара, без заби, па и со болна нога тој се најде да ја гони. Постојано е по неа, а таа душичка толку е наплашена од него. Незнам веќе што да правам.
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Фактот што не можам на подобро да ги сменам работите и тоа што ме боли повредата. :@
     
  6. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Ме изнервира бесчувствителното однесување на една особа.
    Не заслужува ниту името да и го спомнам и затоа нема да го направам тоа.
    Тоа е нај себичното суштество што било кога сум го запознала.
    Само кога и е нејзе од корист тогаш е фина со тебе, а потоа е во состојба и подот да го брише со тебе како со стара крпа. А, додека има зорт ќе ти се умилкува како маченце.
     
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Професорката Мс.Зомби !

    Глупача, ми вели „_______ не се прави дека многу знаеш“ ШТОО!?!??!!?! Таа на мене тоа да го каже, поголема навреда не бев слушнала искрено.
    Ја мразам, сите ја мразат. :devil:
     
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.894
    Допаѓања:
    89.419
    Пол:
    Женски
    Не ми се јасни луѓето што сакаат се да биде во нивна сопственост ,па дури иовде на форумот сакаад да си присвојат пријател да биде само нивен :x
    Овде сме да се дружиме да се советуваме да си помагаме а не некој да ме задолжува што и како да функционирам ... смешно но вистинито :D
     
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Денес сум рамнодушна, не ме изнервирал никој. Нема ни да успеат. :!:
     
  10. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.172
    Допаѓања:
    102.172
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се жалам од системот во државава ама денес ужасно ме изнервира, пиштам од него :@
     
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
  13. Makeup

    Makeup Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    50
    Класната :@
     
  14. bemmy

    bemmy Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Дечко ми ме изнервирааааааааааа. :@
     
  15. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Времиштево ненормално.
     
  16. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Професорката информатика нејќеше час да ни замени -_-
     
  17. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Татко ми и мајка ми - Ми споменуваат селење :fubar:
     
  18. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Свекор ми :@
     
  19. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Candy Crush |(
     
  20. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    сите :@
     
    На Lovely.student.girl му/ѝ се допаѓа ова.