Дечко ми,не е ни прв пат ни последен да ме изнервира... Заради дружењето т.е пиењето вчера со другарите негови скапани си ја пропушти шансата денеска за да најди работа,што би го осигурала за цел живот.Затоа што е тврдоглав и еднаш не застанал цврсто на тоа што го рекол.А веке 20 години има и уште мамо дај тато дај....уффф како ме живцира И на крај мене ми се налути Глупчо
И мене дечко ми и тоа баш сега.. заради него неможам да доучам.. Ми се јави и ми рече да излеземе, реков да почека да доучам па ќе излеземе и се налути (се јас имам работа, за него никогаш сум немала време) И се изнервирав угасив мобилен и сега неможам да учам.. па реков ај малку на фемина да видам што има..
Форумџиките што се однесуваат како да на 5-ти јуни (или јули ќе да беше) да ќе имаме избори на форумов. Аман те бре девојки.
Дечко ми.....значи косава почна да ми побелува од него.Он на мене планови ќе ми праи ццц,нешто во последно време не е како што треба психата му е малце нарушена
За време на ручекот ме изнервира свеки, не со збор туку со однесување...сабајле исто така... а до вечер што ли ќе биде???
Дебилите што учат со мене у клас.. Ми ги избришаа сите слики од компијутер што ги имав со дечко ми..Најтрагично е тоа што тој што ми ги избриша сликите порано бевме како брат и сестра,и откако раскина со другарка ми све прави за да наштети на секој кој е во нејзино друштво ама ке му вратам за ова.Неможам да го поднесам повеке Дебил!!!
Ме изнервира татко ми! За првпат после 3 ипол години го прашав за да одам кај дечко ми, а тој ми вика: Како така, не е тоа в ред, како ќе одиш таму на гости, да не ти е братучед случајно ?!
ме нервират дволични луѓе коии ги има многу ии кога им треба нештоо те сакаат најмногу на свет а кога не им требаш те мразат,пред тебе НАЈДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ а зад грб гроб ти копаат .тоа ме нер секој ден
Ме нервираат себични дволични луѓе,луѓе кои ти се праваат пријатели, искористувачи . Ах светов е полн со такви луѓе Колку повеќе ги запознаваам луѓето толку повеќе ги засакуваам животните
Ме изнервира - т.е. ме извади од такт - една порака која ја добив од една ,,другарка,,. Знам дека нејзините дома се прилично симпатизери на една политичка партија, па веројатно и го перат мозокот дома дека ,, тие се најдобри ,, и слично. Како не и е срам да пишува такви пораки, јас стварно не знам. Во поракава, ми вика, провери си дали си на избирачки список, па некои фини фини најфини глупости, и види дали ќе можеш да гласаш. Чекај малку бе, си ми пратила ли порака да ме прашаш како сум, ми праќа порака дали можам да гласам. Па колку ми е мило што после изборите станувам полнолетна, кеиф ми е ептен. Само ладно и ,,одбрусив,, дека не можам да гласам. Добро стварно не ми е јасно, како е можно на 18 години да се замараш со политика, уште од сега да лижеш газови на фејсбук и да прибираш гласачи... Е од такви ни пропаѓа државичкава наша јадна, за греови. Наместо да земе да ужива, ми бистри политики тука. Жалниот дел е што не е единствена, речиси цела генерација ми е зачленета де кај едните, де кај другите. Епа ќе пукнам од мака, таквите потрчковци еден ден работното место ќе ми го земат. На крај ќе си останат само тие во државава. Па нека си организираат избори секоја недела, па една недела едните, друга недела другите. Кој ќе собере повеќе гласачи, кој ќе се излиже повеќе. Асалните одамна веќе се заминати што подалеку од тука. И после оти не сум била патриот. Којзнае... :geek: Лута сум му на штркот што ме оставил овде и што се нервирам за вакви глупости на неполни 18 години! Бјутифул Маседониа - уелком ту хевн.
Ме изнервира од сабајле еден мејл..вчера пуштив мејл на еден оглас за работа и сабајле викам да ги отворам очиве со кафе пред нет...кога оп мејл од непознат,отварам што да викам-почитувана повикани сте на разговор во 11 часот ,брз поглед на часовникот гледам 10 и 30 уфф,ме препоти моментално како ќе стигнам јас во Скопје за половина час..и гледам дека човекот оставил телефон,си мислам да се јавам можеби може да се одложи,а тој ми вика интервјуата за денес се завршени,како завршени кога е 10 10 и 30 а јас сум во 11 часот не разбирам навистина
Ме изнервира еден чичко италијано,кој не е многу ажурен и никако да ми испрати еден важен меил кој го чекам цело сабајле,а потребен ми е за попладне.
Денеска ме изнервираа едни три точки, да. Не е воопшто чудно, колку и да сум луда, не сосе сум се избудалела, има се уште здрав разум во главава. Појаснување: моево Ел хефе е директор, кој најдобро би директувал кога воопшто не би присуствувал во канцеларијата. Би одел само до најблискиот до него автомат да си ги прибере парите, а се’ друго поврзано со делот на мојата работа и хефувањето, ќе му биде спремено, стокмено, пратено до дома за потпис и печат, бидејќи и без тоа, времето не само што побрзо врви без него, но и работата врви како воз експрес. Но, за да не му е досадно човекот од време-на време по своја иницијатива оди на разно разни настани, за кои потоа се прават извештаи. Но, бидејќи тој е Ел хефе, извештаите негови, ги правам јас, пак освен овој, оној поврзани со уште два три други збора, во неговите прибелешки ќе најдете три точки после неколку неповрзани зборови... тоа бидејќи жабава клета има ум да знае што се зборело и кој збор на Ел хефе не му идел во главата за да го опише денот, кој очигледно напразно си го потрошил и тој самиот, пак и потрошил од времето на оние, што го организирале настанот. Е овие три точки денеска посебно ме извадија од кожа, бидејќи и не можев да им го најдам местото во мојов извештај. Така што не Ел хефе ме нервира, побогу, како би можел он, кога од неговата милост јас зависам, лебецот и солта ги џвакам благослувајќи го ко што вели баба ми „со златна лажица да јадеш“, а овие триве точки, што штркнале на изгужваново ливченце со округли отпечатоци од кафе. Сега ми е подобро да и ќе прославам со кафе, бидејќи нешто слабо ми се буди мозоков, инсомнија ме јава подолго време и слабо функционишем... аха, можно е и да не е до трите точки хм... што ли ќе е?!?