Секој различно...Оние со уметнички дух сакаат на ѕид да имаат некој уметничка слика други пак (особено тинејџерите) обожаваат постери и слично. Кај мене со соба има 2постери, розев часовник и платно со Ајфеловата кула Што имаете вие на ѕидовите во вашата соба? ако е темата дупла слободно канта
неколку постери,слика од мене,тапет со цветови на еден ѕид и залепени големи цветови на спротивниот ѕид.
Имам четири полици и само тоа .. порано што немав по нив, но откако летово искречивме ги оставив само полиците и поубаво ми е вака
Имам две полици, една сложувалка урамена од 500 парчиња (како слика) и две мали А4 слики со детски мотиви витраж (на стакло, нели). Емотивно сум врзана за нив, од малечка ми се во соба Уште една наредена сложувалка од 3000 парчиња (80х120см) чека да се урами и закачи. Мрдната сум по сложувалки
Слики од мене во 6то, што обавезно треба да се тргнат, полици и постер што го украдов од еден клуб на одмор. И тоа
Полици,сега баш периодов сакам да ставам 2 убави слики,да најдам.Во боја е офарбано па досега немав некоја потреба,али морам да си ставам ќе изгледа далеку подобро со нив.