Два големи постери, од Sin city и The walking dead, дрвена табла(?) на која имам закачено слики и извадоци од списанија и .. како контраст на постерите имам три огромни цвета што сама ги направив од стиропор - син, црвен и зелен цвет. И календар од 2012. А самиве ѕидови инаку ми се темно сина боја. Значи од крајност до крајност, од цветови, до хорор постери.. Нема што нема во собава.
Oгромен портрет од Роналдо нацртан бај ми Неколку постери од Реал и Роналдо,слика од мене :geek: и уште неколку ''уметнички дела'' од мене
Не, не сакам такви работи да лепам по зидови.Уште малку ќе си ја реновирам собата, и може само слики од мене да си ставам по зид,ништо повеќе
Во дневната имаме уметничка слика и слика од мене и маж ми од свадбата. Во другата соба имаме уметнички слики.
Имам две рамки. Едната е кога сум била јас во градинка а другата е сестра ми во градинка. И го имам знамето на Македонија ама мало е, околу 2 педи. И имам една огромна закачалка и таму ги имам сите ташни закачено и неколку кошули и блузи.
Додека собата ми беше со бела боја имав портрети кои сама ги цртав,цртеж со Исус Христос кој дечко ми ми го подари,на хамер цртан,рамка со Плаошник,рамка со коњче и часовник..Но откако ја бојадисавме собата со розева боја останаа само хамерот,часовникот и двете рамки
епа на мојот ѕид има постери од guns n roses, axl rose, ac-dc, bon jovi, metallica, slash, kiss, paramore, red hot chilli peppers ect..
Сестра ми ја преокупирала вратата со постери - ми иде сите до еден да ги симнам. Инаку на ѕидовите во мојата соба имам апликации на ѕид, огледало, над него пеперутка голема плишана, потоа саат, па на едно ступче едно срце со преубав натпис/порака што 2008 го добив од дечко ми, и под него ликот на Тоше Проевски, и неколку(немам место за сите) спортски сувенири награди/пехари/медали и сл. над мојот кревет.
Главно се празни, на едниот ѕид ми е тоалетното огледало за шминкање, а спроти него имам стикери - пепрутки . Баш вакви, само во 3 де се, повеќе летаат.