Oсвен она пост ит паното за стики ноутс имам само една слика/фотографија од Њујорк одма над мојот кревет. Намерно немам многу работи, не сакам пренатрупани ѕидови,сликава е и повеќе од доволна за мене. На другиот ѕид имам само еден календар огромен, кој е се само календар не е, од фирмата во која работи мајка ми, и нешто изведувааат со дизајните, па повеќе личат на постери него на календар, но секоја година добива по еден и како традиција си го окачувам на истото место. На вратата ми стои повелбата за основните човекови права во ЕУ, огромен постер кој го добив на еден семинар, и си го ставив на најзабележливото место. Не дека некој се затрчал да ги прочита сите членови но пак нека стои, мене ми се допаѓа симболиката која ја претставува.
Во дневна ништо, а пукната сум за 2-3сталажи и 3-4 уметнички слики, но тоа ти е кога си со свекрва дома, зидовите само ќе сме ги дупчеле(Бог да чува) А во спална имаме една слика, која ми е поклон од маж ми за роденден, и која не потсеќа на многу убави моменти и сталажа за монитор(место тв), а и стикери покрај креветчето на ќерка ми.
Имаме повеќе уметнички слики.. во дневна се 7 на број од кои 3 поголеми и имаме и тапет на зидот позади тв уредот, во ходникот имаме 3, во другиот ходник уште една мала и во кујна имам една мала во контекст на просторијата . Сега сакам да дополнам во спалната соба ама уште размислувам во кој стил да биде. Во детската соба имаме полици и стикери но на есен ќе ја средуваме подетално и ќе видиме како ќе биде.
во дневната има 4 уметнички слики , во ходникот 1, а кај нас во собата 2 слики , една рамка со 4 слики во која има слики од мене и мм , икона од богородица , и над креветчето на ќерками има стикери
Бели ѕидови, стикери и еден украс сега планирам да најдам некоја голема слагалица со тема Париз и да си ја урамам
Бели ми се, имав порано постер од Хари Потер голем ама немам појма кај ми е сега.А сега до него од Аврил одма до шкафот е дека си одговара со бојата на шкафот затоа стој ,одма под незе има две мали стикерчиња меченца едно под друго се и прваголник зелен залепен ми е за кога немам што да правам да си цртам лепам како потсетник и си пишувам некои цитати..другите ѕидови ми се обично бели.
Ќе можеш ли те молам да ми кажеш од каде ги купи стикерите и по која цена ? И јас барам нешто такво, некои стикери за на ѕид, нештона кафено.. Фала однапред..
Календар и едни два три листа,на еден пишува best friends,на вториот ги пишува моето и името на другарка ми и на третиот пак нешто во врска со другарка ми и мене
Поголемиот дел се празни, во еден мал дел над плакарчето со шминки имам залепено неколку сликички со цитати, а над бирото имам онаква табла за закачување потсетници и полна е со битни белешки, некои интересни слики, билети од места кои сум ги посетила, некои ретро сликички и флаери од фризерско козметички салони како и флаери за достава на брза храна Во план сум да си ставам некои интересни стикери само уште неможам да се одлучам какви. Ми текнува кога бев мала сите плишани мечиња ми беа закачени на ѕид, специјално им шиев на сите врвки за закачување и цел ѕид ми беше полн. Аууф колку језиво тоа ми зигледа сега
На едниот ѕид имам ваков колаж од срце со исечени постери, само ликовите на другиот ѕид имам неколку големи постери, на третиот; над креветот имам цитат и на четвртиот две слики
Дури сега гледам Инаку купени се од грчкиот Џамбо , пред некој си 3-4 години, па не се сеќавам точно на цената, ама поскапи од 10тин евра не верувам дека беа. Инаку Џамбо и немаат некој којзнае какви новитети и не менуваат нешто посебно, па провери, може да ги има и кај нас. Знам дека ги имаше во 3д и обични стикери, моите се 3 д. Ги имаше и на други бои, моите се розе, бидејќи собата и ѕидовите ми се на таа боја. Другарка ми ги има на некоја зелоно-сива, исто преубава боја. Инаку мене ми помина меракот, па сега сакам да порачам од али некоја порака , евентуално некоја тапета.