Имам мнооооогу постери и си ги обожавам Календар со братучед ми, гоблен со Петре Клокајдрвецот, една слика од мене и сестра ми, уште од Нова 2008 Календар за 2012 со Шакира (затоа и не го тргам) и такви што се за ѕид лепење со Џив Џив и една сложувалка со Мики Маус што планирам да ја тргнам
Моментално ништо бидејќи уште ми е тазе дечијата.А планирам да ставам на едниот ѕид поголема постер-слика,и планирам да ставам полици(ова повеќе ми треба од било што во моментот)
Имам закачено Dreamcatchers на едниот имам поголем а на другиот помал,имам голема рамка со џив џив слика
Мојава соба е малку поголема па има повеќе место така да на едниот ѕид имам две поголеми полици со книги и украси, а на другиот ѕид полица на која што ги чувам чантите потака има уште една помала полица за парфеми и под неа имам ставено едно парче морска пена во разни бои на која ги закачив ушниците ... Друго имам ѕиден часовник, календар, и на едниот ѕид над креветот направено колаж од слики мои и на сестра ми... и ќе ја заборавев закачалката зад вратата каде ми стојат марамите
Црковен календар за да си ги гледам обележано поважните празници,и две мали икончиња,друго немам ништо,баш деновиве го извадов ѕидниот часовник и не планирам да ставам ништо друго повеќе
На едниот ѕид имам слика од Ајфеловата кула, а на другиот имам икона и веднаш до неа имам полици кои се дел од бирото. Толку...сега за сега.
Momentalno nisto, no vo sabota kje si stavam tapeti i konecno kje ja uramam i zakacam slozuvalkata.. Planiram da zakacam uste edna slozuvalka i edna golema ramka so sliki so najbliskite. Da si popolnam malku i da ja osvezam sobata. Vekje 7 godini mi se crvena.
Белината на ѕидовите ја краси само ѕиден часовник. Во иднина планирам да ставам и уметничка слика и тоа ќе биде доволно за едноставен декор во просторот. Не префирам многу шаренило и измешани стилови во вертикална линија кои ќе ми го прободуваат погледот со секое поминување во домот.