Џабе е се што и да викаме тука дека гребеме,маваме,тепаме итн. кога ќе се деси такво нешто нема да размислуваш од паника што ќе правиш. Само недај боже да се деси .
Ама, ми доаѓа мисла на ум...џабе тука се правиме силни ова она..тие ќе знаат дека ќе реагирате и ќе се подготват, да се случи навистина ова (не дај Боже), ќе видиме како ќе реагирате, дали карате, дали клучеви, нокти, спрееви.
И јас се согласувам со горниот коментар... што дека овде се силиме на форумот ова ке направиме она ке направиме , ако се случи (Не дај Боже!!!) тогаш ке бидеш потполно изгубен и во тој момент тешко ке ти текне што да направиш , ни на непријателот не посакувам вакво нешто
Јас обично не идам по теми улички ама и да одам одам брзо.За секој случај пред почетокот на улицата го вадам клучот и го држам во рака а и на секој 5 секунди се вртам позади да видам дали има некој сомнителен
Јас да ви кажам една супер одвратна манијачка ситуација пред 3 години јас средношколка и полн автобус девојчњја и туп внатре манијакот видел гужва му се посреќи и само се бута во мене и во останатите двојки ама ај си викаш гужва имаше ненормално и абе она бутање ѓубре едно манијачиште од позади бута девојки па и мене јас несреќница типот со диг*нат !!!! рацете горе и во филм леле јас додека се свртам леле додека се тргнам луѓе гад и тука тој висок блед гледа дека го приметија луѓево и ништо да напоменам немаше постари луѓе во автобусот да му покажеа убаво ! се девојчиња средношколски и додека направивме врева ние се исплашивме тој кога фати едно девојче за газ онака сочно и та му вика што ти е бе тој како изгубено манијачиште !! дома се бањав 1 саат и ми беше гад истите алишта да ги носам случката беше во број 8 накај чаир е сега девојки нон стоп стои на бит пазар чека полн автобус а против манијаци немам ништо искрено и се надевам дека нема пак да налетам
Неколку пати ме има нападнато манијак. И се имам снајдено.Или ќе избегам или ќе го средам.Најнов метод за средување ми е дезодоранс. Секогаш е на највисокото место во ташната. Кога сум во некое темно сокаче раката си ја држам во ташна.Си го држам дезодорансот де .Едно прскање во очи на дотичниот манијак и купуваш време за бегањеееее и за некој бокс додека е уште заслепен.Така можам секого да истепам
Немам ништо при рака. Ќе му удрам една клоца и ќе бегам. Друго решение нема. За среќа, не сум налетала на манијак до сега.
Тешко раче за кога ќе му ја бапнам една да се збуни малку, и долги и цврсти нокти за да му ја одерам кожата. За голема среќа не сум се сретнала со некој таков до сега, незнам како би изреагирала во моментот.
Досега фала Богу ми се нема случено ова. Ама за секој случај, еден удар во градниот кош, клоца во стомак ама една јака (до душе никогаш не мавам јас слабо, кога ќе удрам лепам за ѕид ), ако носам некој дезодоранс „шприц“ во очи.. Еве и еден совет од мене, никогаш да не го мавате со чанта ако имате многу важни работи внатре. Еве зошто: Вие го мавате со чантата на пр. по глава и таа со рачките може да се закачи/ заглави (ако му е главата ко телевизор ) и ќе немате време да ја извадите и навреме да избегате. Барем по мои замисли така некако би било.
Сите говорат за напаѓачи кои се просечни ниедна не кажа како самоодбрана против некој оваков ако нема каде да се бега..___???? http://very-bored.com/pics3/sumowrestle ... tler-1.jpg
При рака ништо.. само добри рефлекси. Коа ке ме удри адреналинот јас не сум јас. Во повеке наврати го имам забележано тоа. Пред некој месец јас и другарка излегуваме да пешачиме и поминуваме покрај група пубертетлии(ако можи така да се наречат). И едно време ги осекам дека се наговараат нешто да направат, а позади нас одеа. Таман се свртив и едниот ми се пушти за газ да ме фака. Коа го опалив меѓу нозе падна на земја, едвај си ги собра парталите.. ми се чини со раширени нозе трчкаше. А немам одено на часови за самооодбрана. Адреналинот чуда прави Spoiler На погрешна личност наишле. А и градов не е како што беше. Ке почнам со нож да се шетам мајке ми.
Штиклите... и онака побрзо ќе можам да избегам кога ќе ги соблечам, ако земам да му ги фрлам во глава нема да знае што го снашло
Единствено оружје кое што го поседувам е смиреноста во такви ситуации бидејки доколку паничите или направите некој непромислен чекор може сериозно да ве повреди или недај боже нешто полошо. Единствено што во такви момети ви останува барем според мене а, е рационално, е да бидете смирени и да се обидете да го убедите да не го прави тоа. Незнам навистина страв ме фаќа од самата помисла на таква некоја ситуација но доколку се деси подобро би му дала отколку тој насила да го прави тоа и недај боже да ме повреди во интимните делови па да ме осакати за цел живот. Знам дека сега ќе ме осудувате но премногу ми е мил животот и не би ризикувала да ми се случи нешто лошо. Значи би му дала би била мирна па ако треба би глумела дека и јас ужиам само за да завши што побргу и да ме пушти а потоа би го пријавила во полиција. Би се обидела да обезбедам негова ДНК од коса на пример што и довело до негово апење.
ако има оружје,тогаш ти нема спас. двапати се најдов во таква ситуација,само Gоспод ме спаси и имав среќа. во првиот случај,ноќе во 11 ипол одев кај другарка ми сама,за на излегување.не бев нешто провокативно облечена,фармерска сукња,блузиче на прерамки.и таман ја минував мојата улица има еден дел каде нема улично светло,а за беља кај едни соседи се вртат матни типови,крадачи и сл,ме забележа еден манијак и почна да се дере по мене како би ме превртел,добра пи*ка,дрн дрн ,моментално ми се потсекоа нозете .за моја голема среќа,не ме пипкаше само трчаше накај мене и беше видно доближен .баш тогаш забележав како идат жена и маж и јас со сиот глас се раздрав по нив :госпоѓоооо,господине чекајте ме еве идам,правејќи се дека ги познавам.се тутнав меѓу нив ,срцето ми чукаше 300 во секунда,и овие луѓе сватија зашто го видоа манијаков позади мене,и ме искараа зашто сама одам во ниедно време.во право беа,со кој памет стварно тргнав дури ме испратија до другарка ми,ако не беа тие готово-печена бев . вториот случај е пострашен.ме замоли една колешка од факс да и правам друштво со едни другари од скопје.таа не ми кажа дека се албанци.што ли не ме снајде.отидовме во пробиштип на ручек-беа пристојни.е веќе на враќање беше страшното.колешкава е од кочани,они запнаа таа да седи на задното седиште јас на предното,тогаш поврзав два и два колку е запнаа да ја остават неа прво во кочани,па мене во штип да ме вратат.јас и се раздрав да не смее да слегне ,и упатив старшни погледи,а она попат се потискаше со типот до неа. овој шоферот почна лека-полека да истражува терен.ме праша која сум,имам ли дечко ,па почна да расправа дека е оженет и има деца,и ме праша да му бидам љубовница ,јас бурно изреагирав а он ми покажа пиштол .ми рече да не се спротивставувам се ќе било по негова волја,ме праша за мобилен број морав да му кажам .за среќа ништо не ми направи.само ми се закани дека ќе ме бара и ако не одговарам на повик ќе ме најдел и тек тогаш ќе сум видела што ме чекало.колешкава не слушна ништо,се кикотеше отпозади,а јас умирав.и јас фино и културно одговарав се што ме прашуваше,а во себе го молев бога и сто пати си ја кажав во мислите оче наш.кога стигнавме во штип,дури и пари ни дадоа,демек за друштвото .во лице му ги фрлив на идиотот.и кажав на колешката се дури и лута и бев некое време.тој идиот ме бараше утредента ,идеше и пред факс да ме начека свашта ме снајде.,но најлошото не...да не даде Gоспод такво зло на најголемата душманка. само среќа имам во такви ситуации и не дај боже никогаш повеќе да не ми се случи слично нешто! ве читав сите,имате добри идеи за самоодбрана а некои од вас вешто се одбраниле. силни сте вие феминки мои