До сега фала Богу не имам налетано на такво "суштество",али кога би се случило тоа (се надевам дека ќе ме удрат тие моите бубачиња) ќе му удрам неколку клоци и ќе бегам..али ако се збунам цела е тогаш..Господ на помош нека ми е ...
спреј - за штета на тој кој се одлучи да направи нешто со поминат рок и од пред 1 месец си купив Палка уште ништо не сум искористила но искрено сум ги купила со таа цел .. се надевам дека нема да имам потреба од нив!!
Spoiler Море има да му ја заштрафам една и кози ќе брои :roll: Или па со штиклата меѓу нозе.. Добро би му дошло, м ? А зошто да не и со ноктите да му го извадам окото, да види каква боја му е .. Има милиони работи со кои може да се одбраниме, ама немаме толкава сила како мажите.. Штета
Ништо, а никогаш не сум ни помислила да набавам такво нешто, ако решил некој да ме нападне не верувам дека во моментот ќе успеам да се одбранам на било каков начин
Ми имаат кажано дека парфемот може да помогне во таква несакана ситуација.Или дезадоранс. Така да си носам за секој случај. Иако не сум имала таква случка,да дојде некој нетокму и да ме пипка и штипка. И не сакам да имам,зошто од страв нема да ми текне на парфемот,и ќе почнам да се дерам како недоквакана.
А бре јас знам кунгфу,теквондо,џиуџицу,карате,џудо и уште 50 други опасни зборови Се зезам... ќе прснам со парфемот во очите малце да му замирисат така,а ако ме фати паника да заборавам на парфемчето-ќе се дерам ко некој косата да ми ја искубил
ами...така си мислиш...секој ден има силувани девојки во светот и тоа се само дел...другиот дел кјутат од срам и страв...Само да не дава Господ ваква несрека на никого...Кога бев помала и се вракав доста често сама од журка или кафе со друштво навечер доцна и само се молев на Господа овој што е замислил нешто лошо да мине по другиот пат, да не ме видат очите негови...
Па, мора да имам... парфем... За да му прснам во очите и веќе да не му текне да напаѓа Spoiler Хмм, да напаѓа...
Раце и нозе, ќе го истепам или ќе бегам. Зависи до ситуација. Ми се случено да се најдам во близина на манијак, и тоа последен пат беше претходниот Петок. Си фатив шпринт и правец дома. Ауу, да ме начекаше не знам што би било. А, знам. Би се развикала по тато и би дошол да ме спаси. Но, ако сум била скроз сама, ќе го тепав искрено.
Па немам ништо освен парфем, ама кога ќе ме фати паника ако ми се доближува некој таков, ни парфем ќе се види ни ништо. Дур го најдам низ ташна ееее... ќе ме киднапира ( скраја да е ) Не дај боже да се најдам во таква ситуација, а ако некогаш се деси ќе бегам, ќе викам, ќе мавам со што можам и неможам.
Ништо.... А немам ни сила, многу го мразам тоа кај мене. Така да (не дај боже) би можел да ме крене само со една рака и да неможам ништо да направам, освен да викам секако