Многу гласно пискам, доволно е тоа. Се шалам.Најчесто коа бегам сама сите сетила ми се вклучени, од секаква можност се чувам.Штом осетам дека нешто не е во ред или трчам колку што ме држат нозеве, или телефонот и звонам кај ќе стигнам. Парфем ми е втора опција.Ќе се потрудам редовно да го носам. Ама се молам само да не дојде до нешто вакво.Доволен е стравот што ќе ми го предизвика, за потаму не ни сакам да помислам.
јас имам црн појас 2 дан сум поминала таква ситуација, само што ептен откачив, па намето јас испадна тој жртва, ама судови и такви работи не беа влучени фала му на бога Сеа си ме поздравува ако ме сретне низ град
девојки ако ви е потребен совет за најлесна самоодбрана прашајте слободно ама во лп, пошто незнам дали е дозволено, ама и не би требало јавно да се кажува само нешто да ви кажам, забите нема да ве заштитат како што може ноктите или куч најобичен ( од врата)
Освен шлаканица и директен удар меѓу нозе друго ништо. Еднаш ми се случи така, ама среќа не беше нешто поозбилно. Сега се плаши да помине од кај мојата зграда.
Клуч имам секогаш иако не знам колку може да помогне. Имам дома солзавец ама мислам дека не смееш да го носиш со себе. Имам и џебно ноже ама треба да се расклопи прво, а не верувам дека ќе ме чека да го отворам
Мажите имаат слаба точка, а коленото тука секогаш може да помогне Па уште и штикли ако носам, леле подобро да бега.
Ништо при рака.А како читам повеќето коментари се со некој дезодоранс, тоа да може да помогне ама јас додека си ја откопчам ташната, па внатре еден куп работи,па додека да најдам... ептен долг процес ќе излезе тоа Spoiler Ми се има само еднаш досега случено,и верувале или не баш на гробишта.Не за друго, и денот го паметам недела беше,имаше ветер и замислете никој освен јас и овој манијакот.Не се испаничив,не реагирав бурно со оглед на тоа што беше далеку од мене ама сепак доволно ми беше помислата дека морам некако да излезам од таму.Не дека беше касно,значи некаде околу 2 часот попладне.Си вртев кругови (значи далеку бев од излезот), и се вртам гледам овој пак позади мене.Почнав да си пцујам во себе. Потоа забрзив и некако стигнав до излезот и замислете само да земам да излезам, овој пред мене се шокирав...помислив дека готово е,ама среќа господ ме чувал сето време си се молев,сите молитви си ги кажав Фала богу еден човек помина, и во последен миг се спасив, ама чекајте сега има уште Си одам, се оддалечив и слушам нешто крцка позади мене и ме прати 2 мин.ама ајде ништо не се ни завртев,ама се изнервирав (нормално почнав и да викам), се завртев и што да видам еден постар човек на велосипед.Овој кутриот се исплаши од мојот глас,уши му дупнав Сто пати ми се извини човекот,после сретнав едни наши роднини и ме испратија до дома. Spoiler И јас во оваа ситуација немав ништо освен една две свеќи, каков мирис,каков солзавец... Туку само подалеку од вакви манијаци, а за следен пат- ќе сум подготвена,какви мириси,палки... си тренирам по дома мавање боксови така да нека му ја мислат
Najdobar nacin na samoodbrana e silen udar vo megunozjeto Definitivno ke dobies na vreme dodeka gi prebroi site zvezdi
Ништо не носам со мене пошто сум во мирен град.. освен сега со бегалциве шо ги има насекаде.. Ајде и јас една случка да си кажам.. Бев во Скопје, требаше да се враќам во мојот град дома, и излегов од станот и тргнав на кај окта во карпош 3, за да преминам на другата страна.. Приметив еден манијак позади мене како оди, и се завртев. Беше пеколно, а јас со куфер во раката, почнав шо побрзо да одам, и овој по мене. За среќа сретнав на брат ми другар и со него отидов до автобуската.. Од тогаш, до сега кога и да одам за скопје секако носам парфем мал во џеб...
Пред скоро време си набавив едно вакво привезоче за клучеви . И убаво изгледа, а богами може и убаво да ме спаси во некоја таква ситуација . Да не правам муабет за гласов што може ненормална бучава да крене. Порано кога осеќав дека сум во опасност имав навика да си го ставам клучот меѓу прсти за секој случај.