Си набавив пиштол и си го носам, само нека ми дојде некој. Шала на страна, во такви моменти настанува паника и било какво планирање однапред мислам дека е за џабе, човек треба да се снајде према настанатата ситуација. За среќа манијаци само онака ме имаат следено но не и нападнато. Прво што ми паѓа на памет е ако навреме го забележам да бегам со сета сила додека не наидам на луѓе. Мислам и дека гласно врескање може да го одврати од намерите. Не е исклучена можноста и да мавам кај стигнам за да се одбранам но имајќи во предвид дека тоа може да биде некој огомен тип кој нема да можам да го совладам, попрво би гледала да киднам. Во план ми е да набавам спреј или некој квалитетен џебен нож. Иако за да се употреби нешто такво, треба на време да го забележиш и припремиш во рака.
Силен глас за дерење. Брзи нозе за трчање. Добро колено за меѓу нозе. И лопата од рака за преку лице. тко воли нек изволи
Шала на страна, легално дозволен нож кога сум сам, или можеби некоја џиу џицу техника. Со друштво немам гајле, или кога сум во јавно место.
Јак глас,силни и тешки раце.Доцно ноќе не би шетала сама,туку или со мој близок или со моето најлошо куче.