^^Не дај боже да му се случи на некој ова.. Посебно двајца ако се, јас мислам дека нема спас. Добро што си изреагирала така, несвесно ама си се спасила.. Инаку пред некој месец, на мојата уличка, тргнав накај град и ми текна дека заборавив нешто. Ко што се враќав, гледам некој оди позади мене цело време. И тоа подалеку беше па ме стигна и никако да ме помине. Долепен до мене, сенката му ја гледав. И не знам штп ми текна застанав, ко демек ај да ме помине и јас да си ги извадам клучевите, а овој ни два ни три бап, по гз! Почнав да го мавам додека беше кај мене, после тоа си продолжи мртов ладен. Сакав да го мавнам со камен, ама ми беше страв да не ми се врати па полошо да биде. Сега кога се движам навечер клучевите си ги местам помеѓу прстите да го избодам некој ако ми се приближи .. Баш мислев на солзавец ама не знам од каде може да се најде Ако некоја знае, молам нека пише. Алтернатива на солзавец ми е она спрејчето за здив, да му прснеш у очи мада тоа некако филмски ми е...
Долги цврсти нокти кои знаам да ги забодам онака длабоко машки по потреба. Две зајачки запчиња ,цврсти и свежо полирани. Здрави и цврсти коски (пијам 500 мл најмалку млеко на ден ). И имам голем бес во себе кој го чувам за вистинската личност (still waiting) ... Трауми од несреќното детство , психолошки проблем во семејството и слично,испод мира триста вира сум. Како да ми се брза да најдам некој врз кој ќе го истурам сиот бес од мене ,или мене така ми се чини?!
Читам постови и се смешкам, иако баш и темава не е за смешкање. Секогаш навечер кога одам сама накај дома го вадам клучот и го држам во рака за случајно некој ако ме нападне да го изгребам, ама јас си мислев дека некоја таква работа може само на мене да ми текне, дека на некој друг не би му текнала таква идеја. Ама не било така. Гледам дека тука на повеќето Феминки таа техника им е на прво место.
Не носам ништо посебно, бидејки не дај Боже да се најдам во таа ситуација не верувам дека ќе има време да извадам солзавец или нешто слично! Единствено кога си одам сама навечер си го држам клучот во рака! Па, ако нешто се случи можеби ќе успеам да го жграбнам! И секако, моите, веќе докажани во категоријата тепање, раце и нозе се тука!!
Уф ништо, секогаш кога гледам филмови си размислувам да имам спреј со мене, нели поттикната од американкине кои во секој втор филм вадат спреј и прскаат во очи на некој муж. Не сакам да имам ништо при рака, несакам да имам никаков контакт со тие идиоти. Лесно е да кажеш имам во ташна тоа и тоа, ама ситуацијата ако се случи тогаш не знаеш на што попрво да помислиш, дал да бегаш, дал да буричкаш во ташна, дал да му бапнеш бокс. Али отсекогаш сум почитувала жени кои знаат барем основи на некоја боречна вештина, секогаш се во мала предност
Не знам дали ги има овие ме мрзи да читам , ама еве што иамм прочитано ... Свирче не не е смешно всушност ова може да биде од огромна помош особено ако се наоѓате на непознато место или темница па немате ориентација цвирчето на уста и трчајте .... Сигурно ќе привлечете внимание Удар во вратот-Доста незгоден удар на кој никој не е имун .... Најчесто девојките се пониски од манијакот па ова е лесно и ефикасно , внимавајте ударот мора да биде СИЛЕН инаку ништо .Со ова му го прекинувате дишењето ќе мора да ве пушти а вие имате добри 5-6 минути за да избегате што е можно подалеку Ако ви пристапи од позади -Тогаш на помош нашите најмили пријателки -штиклите што повисоки со поголема штикла тоа подобро газете како по пат Удар во очи -Многу лесен и корисен совет значи не да му ги копате очите туку со прстињата вршете притисок колку што можете посилно и подолго на неколку минути ќе биде слеп. Спрејче , удар со штикла ако се најдете во борба , флаша , чаша се што ќе ви дојде при рака .... Сепак најдобро е да не ризикувате доколку не морате односно најдобро решение е да избегате да не се изложувате на ризик зошто манијакот е 2-3 пати посилен од вас не потценувајте го !!! Ако не дај Боже ми се случи слична работа нема да се двоумам да ги применам
девојки царици сте ме пресмеавте сум размислувала да ако ме нападне и ако сум со штикли дефинитивно го газам на нога со цела сила штиклата внога да му влези има светилки од очите да му излезат ако ме нападне дирекно од напред дефинитивно моите нокти ќе бидат закачени на него ќе биди удрен по мадиња(простете) без размислување или би мавала со чанта со било што ми е врака со оглед на тоа дека чантата секогаш ми е тешка како камења да носам порано верувале или не си носев ноже во чантата тато така ме учеше хихи одамна немам земено во мене добра идеа е ама додека го извадам од чанта би ги применила првите 2 методи секако спрејот за очи е најефикасен и би сакала да го имам во мојата чанта
Нога 41, накај 42 број, спремна да удри таму каде што најмногу боли... Па уште и штикли ако носам, слободно нека повели Значи на темава би одговорила со тоа што имам при нога ако ме нападне некој манијак
ха прво два бокса , виткам раце , додека не дојдам до тоа доле , кога ќе ми дојде на дланка јаоооооо кога ќе го грабанам , ќе изгуби личен опис... па една клоца , па бокс .... И вадам тука штикла мавам , мавам , и кога нема да може да стане . Потоа му ги земам парите и ќе му предложам ако сакаш пак ваков wild sex јави ми се .... mwa инаку вежбам аикидо и знам каде треба да го мавнам ако некој сака нека пише ќе ви кажам
неможе да ме нападне пошо и ја сум манијак(А) хахах. шала шала, па се знае машко кај најмногу го боли.. затоа таму се мава
дезодоранс, само не дај Боже да ме нападне, како што сум смотана нема ни да ми текне да го употребам.
Јас секаде ама бас секаде си носам солзавец со мене ако знаете тие мали спрејчиња,најпресна средба со манијак имав вчера ама фала богу мене нисто не ми направи,се возев со синобус и влезе тој ненормалниот се залепува за едно девојче и таа мислејќи дека нема место па човекот и се залепил гледам почнува тој глупакот да си брка у гаќите лелеееееее се згрозив наеднас ги соблече и почна да го мава накај девојчето грозноооо... имасе гузва и лугјето го избркаа дури застана и синобусот..ја немозев цела вечер да заспијам не дај бозе мене да ми се случи вакво несто..абе за такви кастрација никакви спрејови да мозам одма му го сечам ги мразаамм
Ау, ми текна еден момент ама морам да ви го кажам. Бев на роденден кај другарка во 69 мислам не знам и нема врска. Излегуваме да си одиме со другарка ми и кај фреш(старо) чекаме такси. Туку гледам еден старец оди околу нас напред назад и мрмори. Викам што е со човеков да не не е во ред ?? Уште го жалев ееееј, кога тој шлааап по гзот ме мавна, и избега понастрана, а јас со мобилен во раце немав ништо попаметно да кажам и му реков леле ако му се јавам на тато ќе видиш ти убаво старо аро едно Другарка ми патос, се цепаше од смеење 2 саати после тоа, ма какви саати денови бре. Што да правам бе па тоа ми дојде, да си биде мојата реченица последна
Не дај боже. http://www.facebook.com/pages/Nemoj-se- ... 2197763508 Незнам дали ќе имам нешто при рака, али тука е: клоцата, боксот.. и готово.
ништо не носам порано кога одев на училиште бидејки е пред излезот на градот и нема многу луѓе си носев мало ноже е сега најсмешно беше што едвај се отвараше така да ако ме нападнеше некој ке заглавев со него фала богу не се случило тоа ама може и дезодоранс да помогне секогаш го носам во ташната.
Па не носам ништо со мене ... не сум ни опседната со тоа ,,што ако ме нападне манијак,, али прво нешто што ми текна е прво да му ги забодам прстите во очите па после да удрам кај што уште најмногу би го болело.
Не носам ништо а би требало да носам. Ауу колку ми се гади од нив. Доколку не дај Боже ме нападне некој ваков прво што ќе направам е да го удрам таму каде што го боли најмногу.